- Член од
- 29 јануари 2012
- Мислења
- 2.174
- Поени од реакции
- 3.729
Поранешниот извршен директор на Death Row Records и човекот кој беше во автомобилот, ноќта кога беше застрелан Тупак, смета дека е возможно Тупак Шакур уште да биде жив. И, секако, ова не се однесува на неговото холограмско појавување на сцената.
Шуг Најт кој беше на возачкото седиште во автомобилот во кој Тупак беше застрелан на 13-ти септември 1996 година, во радио интервју изјави дека тој не е убеден дека раперот навистина умрел, пренесува TMZ.
По појавувањето на холограмот на Тупак Шакур на настапот на Доктор Дре и Снуп Дог, минатиот викенд на Коачела фестивалот, Најт беше повикан на интервју во едно радио во Лос Анџелес, и на прашањето како се чувстува околу обвинувањата дека тој е замешан во убиството на Тупак, тој изјави: „Можеби прашањето е, Тупак не е навистина мртов. Тој е некаде на друго место. Никој не го видел Тупак мртов“.
Како поткрепа на ова тврдење, Шуг Најт наведе дека тој лично му платил 3 милиони долари во готово на човекот што требало да го кремира 25-годишниот починат рапер, и никогаш повеќе не слушнал ништо од него, додавајќи дека Тупак ја лажирал својата смрт.
Најт, заедно со Пи Диди, минатата година беа обвинети од еден поранешен детектив во лосанџелеската полиција дека издале наредба да се убијат Шакур и Биги Смолс. Тие ги нарекоа тврдењата „смешни“ и „чиста фикција“.
Искрено и јас верувам дека е жив незнам по која теорија но имам другар кој е луд по рапот има многу пријатели надвор од земјава и таму се зборувало дека е жив може некој да ми каже нешто повеќе?