Што знаеме за Ѓoрѓија Кастриот од Кроја?

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Gjogrgji, Gjergj, George...koj narod, kako si go koristi. Osven toj podatok, shto asocira na Skenderbeg kako makedonec?
 
Spored shto? Nikade ne se posoci zashto. Tuku samo taka. "Mijaci se"

Akademik od MANU taka reche vo Dnevnik i taka e? :)
 
Skenderbeg kako makedonec?

Потеклото.
Регионот со кој владеел.
Титулата која ја имал.
Религијата.
Искендер - Турски = Александар, наречен по никој друг, ами по Александар Македонски.

Неможе да биде БЕГ оној кој се борел против Турската хегемонија и исламската религија.
 
Potekloto, albanec
Region so koj vladeel, Albanija, na negovo mesto doagja Lek Dugagjini, a ne makedonec.
Titula, Mbret, Kral. Albanija bila do skoro kraljevina, i ushte si go ima carot.
Religijata, katolicka. Albancite se katolici, makedoncite pravoslavni.
Iskender, Ime koe go dobil koga bil zemen od doma kako dete za da se bori vo turskite redovi na armijata. Narechen po nikoj drug, tocno, po Aleksandar Makedonski, no toa e samo sporedba.
 
Мијак. Докажано.
Region so koj vladeel, Albanija
Јо.
Регион Матија, област која културолошки се нарекува Мијачија, баш поради Македонското племе Мијаци кои го населуват и ден денешнина овој простор, денеска дел од нив, асимилирани како Албанци.

Тогаш „Албанија“ немало.
Titula, Mbret, Kral. Albanija bila do skoro kraljevina, i ushte si go ima carot.
Чив крал? Во ниеден документ од тоа време не сретнуваме „Крал на Албанија“ бидејќи таква држава/земја/провинција со тоа име воопшто и немало.

Напротив, дури и кај самиот Барлети ќе најдеш дека бил бранител на православјето во Епир и Македонија.

Во Ватиканските записи децидно стои дека е: REX MACEDONIAE et EPIRVS во превод Крал/Водач/Лидер на Македонија и Епир

Знамето на Мијаците

Religijata, katolicka. Albancite se katolici, makedoncite pravoslavni.
Кај се видело католик да биде погребан во православен манастир???

Православен е.
Iskender, Ime koe go dobil koga bil zemen od doma kako dete za da se bori vo turskite redovi na armijata. Narechen po nikoj drug, tocno, po Aleksandar Makedonski, no toa e samo sporedba.
Аха.

А зошто не одбрале некој Илир за да го споредуваат со него?
 
Prashaj gi turcite zashto go odbrale Aleksandar. Prasha gi i zashto vo nivnite zapisi stoi deka od albansko semejstvo go zemale.

I daj dokaz deka e mijak, deka tvrdish, "dokazhano"
 
Еве друже и докази, чим бараш:

Ретко за кој воин, витез, војсководец или крал од Средниот век, Македонците испеале толку многу епски народни песни, како за Георгија Кастриот - Искендер.

Кнез на Мијаците, кнез на Епиротите, Крал на Македонија и Епир, втор Александар Македонски“, се некои од титулите со кои ликот на кралот Георгија се среќава низ македонските народни песни.

Во нив е компонирана големата творечка способност и мудрост на македонскиот народен гениј, кој умеел историските настани да ги изрази преку впечатлива народна поезија. Во книгата се наведува дека во тие песни зрачи непроценлива убавина на македонското народно творештво и неговото неизмерно богатство во кое на специфичен пластичен и сликовит начин се одразуваат блескавите борби и победи на Георгија Кастриот против Турците.

има многу причини зошто македонските народни поети пееле толку многу јуначки песни за овој прославен средновековен витез, бестрашен борец и крал. Прва причина била зашто тој бил „Македонец, Мијак од Река, од мијачката племенска гранка Кастрати“, но и зашто во неговото семејство се зборувало на чист македонски јазик, на мијачко наречје“.

Подоцна во вековите, во 19 век, посебноста на македонскиот народ и името Македонија, кај Мијаците се изразува и во песните на галичанецот Ѓорѓија Пулевски.

Најпасиониран собирач на народните песни за Кастриот бил учителот Аврам Жунгулоски од селото Лазарополе, кој во неговото обемно научно дело користел многу материјали од необјавените Спомените на Жунгулоски.

Овој напреден лазарополски интелектуалец, својата збирка народни песни, испеани за одделни личности од династијата на Кастриотите, посебно за кралот Георгија Кастриот, не успеал да ја обнароди, зашто бил одбиван од издавачите во Солун и Софија. Имено, ним им пречело зошто во песните биле пренагласени имињата, Епир, Матија (Ематија), Македонија и Александрија, а не Бугарија.

Главен извор од каде учителот Аврам Жунгулоски ги собирал песните биле неколку грамотни жени, сопруги на видни народни првенци од Малореканскиот крај. Меѓу интерпретаторките на тие епови биле: Риста Жунгулоска (1798-1905), која била ќерка на познатиот лазарополски ќеаја Ѓурчин Кокалески, потоа, Темјана Куноска (1803-1887), Викторија Ѓиноска (1799-1881), Елена Чоланческа (1807-1892) и од Софија Брадиноска (1789-1891), сопруга на првенецот на селото Тресонче, Саржо Брадина.

Додека овие жени му ги рецитирале песните на учителот Аврам, тие едновремено и му појаснувале кога и каде се случиле некои од опеаните настани и под како услови и околности. Тоа упатува на податокот дека собитијата од времето на Георгија Кастриот кај Мијаците оставиле трајни и неизбришливи траги, кои се пренесувале од поколение на поколение.

Георгија Кастриот е едно од осумте деца на Иван Кастриот и Воислава. Кон средината на 14 век, со Горна Малесија и Ополе завладеал родот Кастриот.
Иако живеел во понеповолни општествено-политички услови одошто татко му Павле, Иван Кастриот, таткото на Георгија, видно ја проширил својата територија на владеење. Таа се простирала од горниот тек на реката Дрим и Матка на север, до под реката Шкумба во Средна Арванија.
Иван Кастриот имал двајца браќа - Константин и Никола, првиот управувал со областа Мизија, во Горна, а вториот во областа Мартинеш, во Средна Арванија. Нивните сопруги биле ќерки на истакнати владетели, кои оставиле силен печат на времето во кое живееле. Константин бил женет за Елена, ќерка на Карло Топија, а Никола за Стојка, ќерка на црногорскиот властелин Балши Трети Страшимирович. Семејството Кастриот било во сродство како со стариот црногорски род Балши, така и со српскиот род Черноевичи.

Во нивниот дом отсекогаш се зборувало на словенски, мијачки говорен јазик. Во нивно време „на историската сцена во Арванија на големо дејствувале моќни словенски државни творби...“. Несомнено, податок со кој се посведочува македонскиот словенски карактер на Матија (Араванија) во минатото.
Во бракот со Воислава, родена, исто така, во македонско властелинско семејство, во селото Градец, Тетовско, Иван Кастриот имал осум деца, од кои четворица синови - Репош, Станислав, Константин и Георгија и четири ќерки: Марија (Мара), Елена, Ангелина и Мамица.
Сите носеле традиционални старомакедонски родовски имиња.
По смртта на Иван властелинскиот посед еднакво го поделиле сите негови синови, од кои најуспешен бил најмладиот - Георгија Кастриот.
 
За словенското, македонско-мијачко потекло на лозата на Кастриотите, околу кое се плетат разни приказни, меѓу другото, сведочат многу пишани документи, меѓу кои и две повелби на Иван Кастриот од 1426 година. Имено, со првата Повелба кнезот Иван на манастирот „Хилендар“, на Света Гора, со кој одржувал многу тесни врски, му го завештува селото Ростуша со манастирот „Св. Богородица“ и со метохот во селото Требиште, Дебарско, а со втората ја купува црквата „Св. Ѓорѓи во Хилендар“, со целиот имот, за 60 форинти, во историските извори познат како „Арабаџиски пирг“. И двете повелби, чии оригинали денес се чуваат во ракописната ризница на манастирот „Хилендар“, на Света Гора, се напишани од раката на кнезот Иван, со кирилско писмо и на македонски говорен јазик, мијачко наречје. Со исто писмо и на ист јазик манастирското братство на Хилендар ја потврдува купопродажбата, нагласувајќи дека Иван Кастриот со своите синови го купува пиргот „Св. Ѓорѓи“ со целиот имот, со забелешка дека по смртта на неговите синови, повторно ќе му биде вратен во сопственост на манастирот „Хилендар“.

Од кореспонденцијата на Иван Кастриот со Дубровничката Република, со која одржувал политички, воени и трговски врски, се зачувани уште три писма, исто така, напишани со кирилско писмо. Во нив јасно се гледаат неговиот словенско-христијански дух и карактер. Тој дух најсилно е изразен во писмото од 25 февруари 1420 година, испратено до властелинот Петар во Дубровник, со кого одржувал многу блиски врски. Тука тој својата властелинска територија ја нарекува „Ѓорѓева земја“, веројатно, по името на неговиот прадедо Георгија, додека во турските хроники од тој период ја среќаваме под името „Иванова“, односно како „Јованова земја“, но и како „Александрија“. Овие податоци ги демантираат сите тези, измислици и шпекулации за, наводниот т.н. „албански“ карактер на лозата на Кастриотите.

Султанот Мурат Втори кога во една пригода изјавил: „... Да имав само двајца стратези како Георгија Кастриот, за три и пол месеци ќе ја прегазев цела Европа и ќе дојдев до брегот на Атлантски Океан“. Тој и неговиот наследник, син му Мухамед Втори, се одушевуваа од неговите подвизи. Со мудрост и со вешти стратегиски маневри, Кастриот ги надитруваше турските генерали и огромната турска армија. Не случајно на битката кај Дебарско поле, на 26 јуни 1444 година, на крвавото боиште останаа да лежат повеќе од 30 илјади мртви турски војници наспроти 300 војници од страната на Георгија. Тогаш, наспроти катастрофалниот пораз, наспроти огромните човечки загуби, наспроти срамот што му го навлече, изложувајќи го на потсмев кај цивилизираниот европски свет, султанот Мурат Втори го нарече Кастриот Искендер, втор Александар Македонски, а неговото кралство Искендерија(Александрија).
 
Izvor? Makedonski avtor od deneshno vreme?

A Naim Frasheri? od postaro vreme, toa pu-pu ne vazi? :)
 
Daj tie povelbi da gi vidime javno, pa da zavrshime so diskusijava :D
 
Песни за Кастриот од 18ти и 19ти век, собрани од Мијачијата:

Сон сонила кралица Воислава

Сон сонила Воислава кралица
сон сонила од сон се исплашила
Ми родила бела лута змија
Со крилјата Епир покривала
Со главата Цариград допирала
Како змија глава му вртела
Таке живи Турци ми г`лтала

Се чудеје Епирски војводи
шо је ова чудо невидено
Мало кралче, с круна на челото
Се радвеше Иванова рода
Браќа, сестри и братучеди
Шо се роди дете ѕвездалија...

Му кладоја име Господово
Георгија, име христијанско
Македонско, славно библијанско

Мал дел од песната „Лична Марија Андроника“:

Ушче зора не зорила
Стана Иван на пот да ми одит
Ми разбуди сина Георгија
Си јафнале свои брзи коњи
Отидоје во града Канина

Здраво живо тије си сториле
И на диван скришно беседеје
Да се кренат против Османлии
Да си вратит земји поробени
Ји служеше млада Андроника
С црно кафе и лута ракија
Фрли око Георги на девојка
Лична мома како самовила....

Daj tie povelbi da gi vidime javno, pa da zavrshime so diskusijava :D

Епа ти пишува бе друже каде се...знаеш дека јас никогаш не зборувам неаргументирано...Ако сакаш, пошто и јас сакам да ги опулам, а и плус да се подружиме, пошто многу ретко се гледаме, патот под нас, и ќе одиме. :smir:
 
Ajde be. Deka jas iskreno, im veruvam na turskite zapisi, tamu si stoi albanski jenicher bil. Aj put pod nozhe, i pravec po povelbi, i kljuc na temava.
 
Religijata, katolicka. Albancite se katolici, makedoncite pravoslavni.

Не се расправам за Скендербег, зашто стварно до сега не видов никаков документ, од кој и да било страна.

Дека Мијаците живееле на тие простори е факт.

Е сега интересно е ова со религијата Римз што вика. Јас мислам и дека има православни шкиптари, ако грешам, тогаш би требало лесно да се заврши работата со Искендер, нека се донесе еден документ од православен манастир или дека бил православен и крај.

А најверојатно бил православен, мегутоа не викам ништо, ќе почекам некој да покаже некоја копија од оригинал, како оние за Македонскиот Цар Душан.

Еве доле текст во кој пишува за борби со Турците, спомнат е Урош, и последните неколку збора се како Кралот ги избил Турките. Занчи ваков текст ни треба за Искендер, без разлика од чива страна ќе биде, да го видиме.

natpisgorgijanagoricanezt7.jpg

А двоглавиот орел кои го ставивте на Искендер еве го во манастирот Јован Бигорски кој е во Мијачијата. Нека покажат шкиптарите симбол од територија на шкиптарија во период од 1300 -1850 г. Се се православни.
bigorskidvoglavorelrm2.jpg

За крај, многу добро што го покренавте тоа, православен/католик.
 
Еве двајца кои може да се од лозата на Ѓоргија Кастриот.Ама како се нашле во Русија е повеќе од интересно:

“КАСТРИОТ-ДРЕКАЛОВИЧ-СКАНДЕРБЕК Григориј Васильевич – полковник кнјазь, 01.06.1815–24.01.1818 – командир Ахтырского гусарского полка“

http://www.museum.ru/1812/Library/Podmazo/alfshcom_k.html

“Кастриото-Скандербек кнјазь Владимир Георгиевич

— композитор; род. в 1820 в СПб., ум. 13 февралја 1879; служил в лејб-гвардии, но в 40-х годах вышел в отставку. С јуных лет занималсја музыкој и позже брал уроки теории; один из пријателеј Даргомыжского и постојанных посетителеј его музык. вечеров. Написал около 20 романсов длја пенија и других камерных произведениј; из них струн. квартет получил в 1861 вторују премију на конкурсе И. Р. М. О. (В.). {Риман}

http://www.biografija.ru/show_bio.aspx?id=58400
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom