Ми фали старото маало, зашто таму ги имав најубавите моменти од детството,ми фали да ги играм игрите што ги играв како дете, ми фали безгрижноста.
Сега се би дал да се вратат тие години, но животот иде даље.
Ми недостига игнорантноста, ми недостига цврстата убеденост дека можам да летам(среќа што не се обидов хахаха), ми недостига симпатијата која ги будеше пролетните пеперуги во стомаков, ми недостига безгрижноста, ми недостига појадокот од баба ми, ми недостига снегот и снежните лудории, смрзнатите прсти, влажната облека...ми недостига мирниот сон, невиноста, насмевката...искрената насмевка, невината насмевка, ах таа најмногу ми недостига...
Мислам дека единствено ми недостига безгрижноста. Сега има толку многу работи што ми го оттргнуваат вниманието, а тогаш, ќе си станеш наутро, цел ден си правиш што сакаш, воопшто не ти е гајле што се случува, како се случува, не пратиш вести...ама воопшто ништо не те интересира...
еххх, тоа беа денови...
Играње игри по цееееел дееееен. Од каубојци индијанци, до кошарка по дожд, џамлии, пинг понг на табла што ја мафнавме од во војска (леле каква беше никаква ко ке ми текнит ама за тогаш беше најуба :nesvest: )
Од тв: опстанок со волчко
Ахх.. I miss my childhood sooo much!
Можам да кажам дека целото детство ми недостига. Секој изминат ден ми беше поубав од сега. Најубавото е тоа што тогаш за ништо не му се секирав како сега. Главната преокупација ми беше побрзо да излезам да си играм, да уживам. Ми недостига тоа дружење, тој детски џагор.. ми недостигаат сите поминати детски денови. Таа насмевка на лицето што ми се чини дека не се тргаше. :icon_bigg
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.