Што ви недостига од детството?

  • Креатор на темата Креатор на темата Buci
  • Време на започнување Време на започнување
ми фалат сите маалски игри и дременки заедно со крадените порно списанија, нинтендото уште го чувам али да ме види некој што работев пред извесно време можи и на ТВ да ме има, сум го врзал нинтендото на 40ка LCD и играв супер марио, можам да кажам дека ми се наполни душата.
 
Се ми недостига, ама баш се... нема ништо поубаво од тоа да си дете.
 
Најмногу не замарањето за ништо. Си се будиш сабајле, пиеш чаша млеко со несквик, си гледаш цртани... Ни да се нервираш за факултет, ни за пари од кај да најдеш за презапишување предмети, ни за жени...
 
Ми недостига Дајте Музика,Во Светот на Бајките,Наше Маало,детските песнички.Ех Сидо Фестивал вратете се се...
Ми недостига играњето на жмурка низ улиците,ми недостига трчањето по удолницата и угорницата кај комшиите.
И качувањето на неизградените куки.
И крадењето на црници и вишни откај тетка Загорка (:
И одењето кај Иван Црни,моето другарче од детството,ама сега се пресели...ах тугината пуста да остане : (
И собирањето на другарчињата во мојот двор и си играње ученици и учители.
И играње ластик.
И ми недостигаат моментите кога мајка ми ми ја средуваше косата за на училиште...
И смеите во училишниот двор.

И така натака :pipi:

Да се надополнам на мојот претходен пост :)
Ми фали и нинтендото и 40те дискети кои ги имав,ми фалат џамлиите,исто така ми фалат и куклите на кои им ги вадев главите,јебеш га психо бев.
Ми фали и невестинскиот фустан на мајка ми кој го искинав со братучетка ми...Исто и местата на кои се качував високо и се дерев ко небаре Тарзан сум.
Ми недостига и времето кога звонев на звончето на непознати луге и бегав,и моментите кога шутирав топки во прозорците или вратите на наставниците : )
 
Мене ми недостига куче

Дефинитивно тоа ми беше ускратено од моите бидејќи тешко било за чување и ќе валкало по дома


Ете , и ден денес тоа ми фали во животот, едно куче покрај мене :(:(:(
 
Мирисот на тревата...... ништо друго (свежо искосена трева ииии ПУКНИ ФУДБАЛ !!!! ) :)
 
Најмногу - безгрижноста! Покрај тоа, исто така ми недостигаат деновите исполнети со детски игри и искреното другарство. :)
 
Дружењето...шетањето...релаксираноста за летниот распуст.

А сега ми недостигаат и студентските денови!
 
Пријатели. Кај кои можев да одам и тоа да биде нормално. Луѓе со кои можев да разговарам, пред кои можев да бидам тоа што сум и да не ми судат ниту да ме судат поради тоа и според тоа.

Тоа ми недостига од детството, т.е. го немав ниту тогаш.
 
Прво што помислувам - баба ми ... а потоа дедо со чајчето од нане и леп путер и сирење за појадок

Второ - безгрижноста

Трето - венчињата од цвеќиња, берењето шумски јаготки, правењето бункери, играњето ластик, санкањето на Планица

Мама и тато - среќни и заљубени
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom