Што ви е најважно во излегувањето

  • Креатор на темата Креатор на темата Zemzela
  • Време на започнување Време на започнување

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Возраст
42
Насловот доволно кажува...дали е тоа музиката,местото каде одите,кругот на луѓе со кои одите...
Да почнам,за мене најбитно е друштвото зашто сум бил на многу тапа места со добро друштво и супер сум си поминувал,забораваш на сите тиња фаци околу тебе кои само пушат,пијат и зјапаат наоколу...после следи музиката па дури на крај местото каде одам..
Што мислите вие...
 
Па се согласувам со тебе...Сум бил и јас на тапа место,али друштвото беше топ,па супер поминавме! Исто на второ место ми е музиката...Па на крај местото:toe:
 
па да се согласувам дека друштвото е најважно...ама сакам и кога музиката е добра,затоа што се нервирам кога сум на пример во дискотека а музиката не ми е погодена па дремам и ги бројам минутите додека не си одам...
 
1. Друштвото - ние си создаваме сопствена атмосфера, а и другите ако се вклопуваат со нас, супер

2. Музиката - Цеца, Меца и слично јок... Значи добра хаус музика, ретро, рап итн(во зависност од типот на журката)

3. Местото - Во принцип секое место е добро само треба да се погодат луѓето во него(не мислам само на моето друштво) На пр. може местото да е тип топ средено, ама ако одат само уфурани фаци и воопшто луѓе што не се мој тип, тогаш тапа е.
 
Друштвото , друштвото и друштвото .
 
1. drustvoto.
2. muzikata.
3. pienjeto (alkoholot)
e sea najprvo drustvoto da mi e pogodeno, mislam so drugarite koa izleguvam retko ima krs ve4ar. za muzikata ako ima narodno ili srpsko, a moze i metal da se stavi tuka, e togas i pienjeto odi ..... a posle pienje se znae sto sleduva :zlo:
 
Jukka напиша:
3. pienjeto (alkoholot)
Никогаш не сум можела да разберам како може расположението за време на провод да зависи од алкохолот. Демек ако не се напијам било што, нема добро да си поминам.
Твојот пост ми е само пример, не се лути.:)

Инаку мене пресудно ми е друштвото. Позитивни, насмеани и расположени личности и ништо други не ми е битно. Ако имам погодено друштво, подеднакво супер ќе си поминам ако џаболебарам во парк или ако се журкам во диско.
 
Друштвото,друштвото и само друштвото!!
ако ми се погодени,каква и да е музиката (само да не е некоја од коа ми се превртуваат цревата) ќе си поминам супер..шо рече Скул,без разлика дали сум во дискотека или во парк...
Е сеа индивидуално,повеќе сакам дружба во парк,отколку во кафич,со сета таа гужва и гласна музика,затоа и ретко одам во таканареченото диско наше тука..Најчесто ме среќава човек по свирки :) :) Тоа друштво ми одговара бе,шо си можеш.. :)
 
Како и на повеќето верувам,најважно ми е друштвото.Ама сепак важно ми е и местото зашто не сакам "дупки".А музиката може да се истрпи обично иако и таа е важна за атмосферата.Сепак со добро друштво се друго може да се занемари.
 
Па прво најбитно ми е друштвото, после ми е битно шо луѓе има околу мене пошто не можам да поднесам кога некои кретени се дерат и се понашаат ретардирано. И секако музиката ми е битна... Местото, може да допринесе убаво да си пројдам, али не е пресудно :)
 
Музиката ако се погоди може излегувањето да го направи многу добро, ама ако се има со кого да сподели убавата музика тогаш е уште подобро, исто и на други места каде што се излегува не ради музика секогаш друштвото е на прво место. Алкохолот според мене е да се ужива во мали количини, а тие што го конзумираат во големи количини со цел да ги фатисамо укажуваат на тоа дејка неможат само да се вклопат во една опуштена атмосфера во која би се забавувале себе си и другите.
 
друштвото и музиката нормално :) местото и не е толку битно
 
1. друштвото
2. друштвото
3. друштвото + алхохол + смеа + ремет + заебанции = ТоБ излагање
 
Друштвото е пресудно за добра журка. После тоа музиката и местото. И дома да седам со добро друштво пак супер си поминувам:vozbud:
 
Јако друштво и Бог да чува од турбофолк музика.:vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom