Што ви е најчудно во сонот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин$
  • Време на започнување Време на започнување
Кога ме брка нешто,кога пробувам да избегам наеднаш како да ја губам силата и почнувам да шлајфувам во место.Тогаш стварно се чувствувам немоќна и ми се појавува огромен страв се додека не си објаснам и не сфатам дека тоа е уште еден глупав сон.
Инаку како и повеќето,ретко кога ги памтам своите сонови.
 
Најчесто сонувам дека паѓам од некаде од високо и таман да паднам долу се разбудам :)
 
Јас у сон коа паднам од некаде и после си станам и си одам како ништо да не било!!!:toe:
 
Најчудно ми е што многу често ги сонувам новозапознаените личности на кајгана, фејсбук, мсн итн. Ако почнам да праам муабет со некој и одма следниот ден го сонувам, итоа не еднаш него ме прогонуваат тие личности со денови:vozbud:
 
Ај вака, ако може некој што се разбира во овие работи да ми одгатне што ми значи сонов што го сонував ноќеска.

Сонував дека се наоѓам на некој мост високо во некој огромен магацин и плачев толку силно, што почнав да се гушам од плачење. Долу имаше некои луѓе кои стоеја покрај патот, а најдолу го видов Тоше Проески каде што се поздравува со луѓето, им се смешка и трча надолу по патот (под мостот каде што се наоѓав јас). А јас пак, како во сонот да го гледав дека е жив, но знаев дека нешто ќе му се случи, па сум пробвел да ја прескокнам оградата на мостот, да паднам долу и да го предупредам, ама безуспешно. А цело време сум плачел толку силно што досега немам плачено толку интензивно.

И после тоа се разбудив.

АЈ КОЈ МОЖЕ ВЕДНАШ ДА МИ ГО ОДГАТНЕ СОНОВ, МНОГУ САКАМ ДА ЗНАМ ШТО ЗНАЧИ.
 
Мене најчудно во сонот ми е зашто уствари секогаш мора да биде некој настан генериран од повеке настани во alterReality и да биде толку смотано склопено за коа ке се разбудиш и да го памтиш сонот уствари сфаќаш дека едно со друго нема врска. Језда сонот трае 3 секунди пред да се активира твојата свест, ама пак некако многу е непотребно, се додека нема некоја логика, или да биде од тие мрсните па да ти биде мерак дека си сонуел:)
 
што некои се многу тесно поврзани со реалноста
некои сонови ми се случило да бидат дежа ву
 
Јас ретко се секавам на сонот .. така да се секавам на 3 - 4..Инаку во еден сон бегам од нуклеарна експлозиј а во другиот бегам од снајпер :toe:..Е сега што значаат појма немам..:smir:
 
најчудно е шо не знам шо сум сонувала уствари..можда не ни сонувам :toe: =)
 
И јас имам слушнато дека кратко трае сонот , и дека сонуваме многу сонови во текот на ноќта , ама само на еден - два се сеќаваме ..
 
Шо во некои сонови можам да правам шо сакам!
 
Леле многу се нервирам кога станам од спиење и не го памтам сонот.
инаку многу ретко сонувам.
unique girl слични сме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom