Што ве расположува?

  • Креатор на темата Креатор на темата Dark Angel
  • Време на започнување Време на започнување
Шопска салата ручав тоа ме расположи во моментов. Желудникот позитивно ми одговори на свежиот зеленчук, од месо и од конзервирана храна ми прекурче зимава.
 
Летно сабајле у 4 саат кога уште не е изгреено сонцето.Е само заради тоа дремев до сабајле,да можам у да излезам на балкон и да уживам у тишината и ладното,и некогаш да свртам по некој муабет со кучето ако е разбудено :)Дефинитивно најубав дел од денот.И дефинитвно денеска,поточно утре,тоа ќе чекам,ќе дремам ќе се скубам да не спијам,ама барем ќе се релаксирам и ќе наполнам батерии:)
 
Насмевка на лицето на оние кои ми значат :)
Сончево утро секогаш ми примамува насмевка и одма пријатно расположение...
 
Нозе во леген ладна вода на тераса во прикверчерина на жежок летен ден....
 
Голем успех и возбуда,плажа,Возење во авион.
 
Сонце, сонце, многу сонце, Добра музика,Друштво од добри женски, Играње фудбал (тогаш се забораваат сите проблеми),
Исто така и ако тепа вечер Јувентус ке бидам вери хепи:cheeky1:
 
Денес онака сум башка добро расположен. Но може повеќе работи ептен да ме расположат и да ми биде цела вечер ТОП.
Да победи Јувентус.
Да бидам во игра на спортска.
Да сме вечер цело друштво заедно ...
Вечер да биде добро време

И што друго ??? :)
 
Другари,седење летно време до 2 сабаље со друштво,секоја победа на Милан,добро филмче,добра музика,Добра Вода :pos: и други работи кои што не ми текнува да ги набројам сега :smir:
 
Денеска можи само сонцено да ме расположи, ама никаде го нема :(
 
Нешто што секогаш може да ме расположи е музиката... особено реге.. ме опушта и расположува максимално... нормално некогаш и пријателите можат да ме расположат, но не секогаш, во моменти кога тие неможат тука е музиката...
 
Во последно само другарките и ништо друго.
На другото потешко му оди да ме „крени’’, ама луѓето се дефинитивно нешто покрај кое успеваш да заборавиш се, да ти скренат внимание.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom