Што ве расположува?

  • Креатор на темата Креатор на темата Dark Angel
  • Време на започнување Време на започнување
Музика и и играње едноставно многу ме исполнува и расположува
Преубав муабет со мојата best friend за било која тема..едноставно самата нејзина појава зрачи со позитивна енергија
Добра книга
Љубовта:pipi:
и секако шопинг:wink:
 
Некој добар филм со кафе и разговор со другарките и прошетка во овој момент тоа најдобро би ме расположило!
 
За денеска кога би зборвела ме расположи само сонцено и прошетката покрај кејон на езероно.
 
друштвото...
среќните лица....
пролета...
топлото време...
музиката....
скејтот...
смеата....
 
Добро време, друштво, песна, виц и ......
 
МУЗИКА, СОНЦЕ, ДЕТСКА ИГРА И СМЕА, ПРОШЕТКА СО КУЧЕТО :)
 
Исполнето време со обврски кои не вклучуваат учење :) , спортување, и околина околу мене која е расположена.
 
Спорт,сеир и најмногу Музика
 
свирење и шетање преку ден на сонце низ парк вамо тамо :)
 
:)Човек може да го распложи се убаво околу него,само од него зависи.Приодата и природни појави секој ден.Кога врне дожд се чубствувам многу убаво,смирено и опуштено,како да имам чувство на хармонија.Повторно преродување,а дождот ги мие сите лоши работи кои биле пред него.Сонцето не го сакам,но ај поминува.Дури и тоа ме расположува наутро кога се будам и прво што гледам се сончеви зраци право накај мене.И снегот расположува,сите сме надвор кога врне снег,се радуваме...Ветероот!Најубавото нешто,кога ќе задува еднаш убавво тоа е најубавото чувство кое човек може да го почувствува.Прекрасно е!
И природата како растенија.Многу сакам жални врби,прекрасни се.Некои убави светови,ме расположуваат такви работи,а и некои миризби расположуваат.
Спортот и тоа како расположува.Најмногу и можеби.Кога ќе победи нашиот тим(за кој што навиваме)на среќата и нема крај.Не исполнува таа победа,одреден гол,движење на некој играч,одбрана,резултат...спортот е една од причините за која вреди да живеш!
Музиката!Оние интересни прекрасни песни,кои секој ден ги слушае сигурно сите не расположуваат,како чудесно музиката создава сосема ново чувство кај луѓето...многу убави работи се овие брее.
А смешни работи:)Еее тоа многу многу расположува.Виц некој,некоја зезанција,слика,игра...нешто смешно едноставно те смее и расположува.
Хранатаа!Јадам колку што сакам,што сакам и не се дебелеам па затоа обожавам храна,храната ме распложува.Кога ќе видиме некое убаво јадење само се расположуваме,а камоли па кога го јадеме:)Особено нешто благо:)
Но сепак,најмногу не расположуваат луѓето.Тие знаат да ти кажат некој убав збор,да направат некој убав потег,да ти бидат пријатели,да те сакаат.Најмногу можеби луѓето ме расположуваат и мене.Па зошто сум а Кајгана?За дружење и разменување ставови,за забава,за расположување
 
Тоа што изборите поминаа во фер и демократска, мирна атмосфера :pos::pos::pos:. Се зезам.
Тоа што си седнавме надвор во дворчето со пивце и кикиритчиња, уживавме во времето, природата и опуштениот муабет на доброто друштво. Чудна работа тоа пивото како не зближи нас луѓево кои иако живееме во ист град скоро сите прв пат се дружевме (секој со секого не се познаваше).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom