Ме нервира лажењето,особено оние крупните лаги.
Ме нервира фактот што има многу луѓе кои едноставно те гледаат во очи и прават будала од тебе.
Лицемерие и дволичност.Ова многу мразам.Ако некој не поднесувам му давам на знаење дека не е пожелен во мое друштво и затоа многу се нервирам кога некој ќе ми каже :Злааато кај си ма ти?,а само кога ќе го свртам грбот превртува очи и тресе зелени.
Ме нервира постојана намуртеност и намќореност.Ај разбирам некогаш на човек да не му е денот или периодот,ама има луѓе кои постојано се намќори и намуртени и на ништо не се смеат и се им е досадно,ништо не им е интересно.
Има уште некои особини кои ме нервираат,ама не ми текнува баш во моментов.