Што уште е потребно?

  • Креатор на темата Креатор на темата MIKI1
  • Време на започнување Време на започнување
Сакаш да кажеш дека во 17 век имало повеќе развиени духовно - морални - етички врдности него сега? ццц

многу погрешна констатација МНОГУ

Препрочитај си го болтуваното неколку стотици пати-немаш поим колку си во право.

П.С. Светот постои уште пред ти да влезеш во пубертетот. Прашај ги твоите баби и дедовци и тие ќе ти потврдат дека Сонцето изгреваше на Исток уште пред ти да се родиш.
 
Да ама за некои сонцето на пладне е на север...:vozbud:
 
ке ми објаснат ли нуклеарна фисија:vozbud:

или како да го користам Office na MICROSOFT:vozbud:
 
Човек, инквизицијата одамна не постои, така да модерните научници и уметници не мораат да се плашат од кладите на плоштад! Јас не зборувам за времињата од пред 500 год, туку за последниве неколку децении, во кои морално-етичко-духовниот пад кај човековиот род е токлу силен, што од тој пад, не можат да се изродат имиња, како на пример генијалците од 17-от век: Њутон, Кеплер, Брахе, Хајгенс и др. Затоа и реков дека тековно, НЕМА имиња кои можата да им парираат на оние од 17-от век, кога инквизицијата не ни постоеше!

Црквата ги прифаќа ИСТИТЕ факти кои ги прифаќа и еволуцијата, но проблемот е во ТОЛКУВАЊЕТО на тие факти! Цркавата, бидејќи е Божја, НЕМА да се сруши, независно од тоа какви се факти ќе се изродат и изнајдат во иднина!

Тие што ги наброја и многу други оставиле толкав впечаток зашто на некој начин биле пионери во тоа што го прават. Биле меѓу првите во тој период и нивните дела се сметаат за толку значајни затоа што биле први сваќаш? Духовната преродба на луѓето почнала откако влијанието на црквата се намалило т.е и самиот викаш дека горенаведените твореле во 17 век кога инквизицијата веќе не постоела значи немало од што да се плашат, немало кој да ги прогонува и слободоумноста веќе била честа појава за разлика од периодот на владеење на црквата. И што сакаш да кажеш дека веќе нема луѓе кои можат да им парираат на Бајрон, Њутн итн? Пример што се Сергеј Брин и Лери Пејџ? Го зближија светот со Google. Дали сакаш да кажеш дека тоа не е ништо? Стивен Хокинг, Алберт Ајнштајн се се тоа имиња кои значат многу а се родени и живееле/живеат во нашата ера. Поздрав
 
1. Апсолутно е небитно дали се пионери или продолжувачи/надградувачи на тие пионерски почетоци-едносатвно, ги има или ги нема!
2. Духовната преродба на луѓето настанува со нивното ПРЕУМУВАЊЕ и ВЕРА во Бога а не со лабораториските експерименти-очигледно е дека не разликуваш диховно од душевно и матријално/телесно.
3. Да, НЕМА луѓе кои можат да им парираат на наведените, освен ако сметаш дека Сидни Шелдон и нејзините „бестселери„ можат да им парираат на на класиките од Толстој или Горки.
4. Велиш, „Гугл„ ги зближил луѓето? Јас го велам спротивното, а тековните социлошки истражувања и нивните заклучоци се на моја страна-„Гугл„ и сличниот шит, ги РАЗДВОЈУВААТ луѓето и ги прават луѓето несоцијабилни! Далеку е тоа од зближување! Таму каде НЕМА непосреден контакт помеѓу луѓето, таму НЕМА ни зближување!
 
Како бе ги нема, ако Михаил Калашников и Вернер фон Браун не оставиле белег во 20 век не знам кој друг.:vozbud:
Аууууу..... абе Никола Тесла го заборавив.:helou:

Понатаму, и ние имаме со што да се пофалиме, Војо е на „добар’’ пат да го препороди човештвото:vozbud:

итн..итн..итн....:helou:
 
1. Апсолутно е небитно дали се пионери или продолжувачи/надградувачи на тие пионерски почетоци-едносатвно, ги има или ги нема!
2. Духовната преродба на луѓето настанува со нивното ПРЕУМУВАЊЕ и ВЕРА во Бога а не со лабораториските експерименти-очигледно е дека не разликуваш диховно од душевно и матријално/телесно.
3. Да, НЕМА луѓе кои можат да им парираат на наведените, освен ако сметаш дека Сидни Шелдон и нејзините „бестселери„ можат да им парираат на на класиките од Толстој или Горки.
4. Велиш, „Гугл„ ги зближил луѓето? Јас го велам спротивното, а тековните социлошки истражувања и нивните заклучоци се на моја страна-„Гугл„ и сличниот шит, ги РАЗДВОЈУВААТ луѓето и ги прават луѓето несоцијабилни! Далеку е тоа од зближување! Таму каде НЕМА непосреден контакт помеѓу луѓето, таму НЕМА ни зближување!
МИКИ, мислев дека си член нафорумот со кој може да се води нормална дискусија, но во последно време, дали од недостиг на аргументи или иритираност што и самиот сфаќаш дека не си во право, тропаш глупости.
Зборуваш за класиците на Горки и Толстој и уметниците од нивното време. Па добро, дали ти воопшто си ги прочитал нивните книги и дали знаеш на какво движење тие припаѓаат?
Толстој, Достоевски, Горки и Гогољ припаѓаат на Реализмот, на едно движење кое се стреми да го прикаже Вистинскиот (тежок во тоа време) живот (за разлика од романтизмот), и неретко тоа значеше критизирање на црквата (кај исламот никогаш не сме виделе и нема да видиме критизирање бидејќи тие сеуште не научиле некои работи како правото на слободно мислење и изразување).
На врв на јазикот ми е, но не ми текнува името на книгата во кое еден свештеник се преселува во една куќа и преку верба и благослов успева да го придобие власникот на куќата и да го натера да му го припише имотот и да ја земе раката на неговата ќерка, па на крај целото семејство да го избрка од дома.
Многу убава книга (од тоа време) која симболични и прецизно ни ја опишува целата фикција наречена религија.
Што се однесува до останатите научници кои ти викаш дека ги нема, прочитај малку за Никола Тесла, Томас Едисон, Алберт Ајнштајн, Александар Грахам Бел, Бирд (прв срцев трансплант), потоа автори како Иво Андриќ, Ернест Хемингвеј па дури и Кочо Рацин.....
Ако тебе ти е единствената книга што си ја прочитал Библија, тогаш вакви дискусии не се за тебе.
 
1. Да, јас сфаќам дека сум во право и не ми недостасуваат аргументи-во своите 4 000 постови, имам наведено подоста аргументи.
2. Апсолутно е небитно што наведените ликови НЕ доаѓаат од ИСТО време, туку битно е дали можат да парираат едни на други во своите дела.
3. „Школската„ класификација на пистаелите нема да потврди дека си во право: тоа што овој или оној автор му припаѓа на овој или оној литератирно-уметнички правец, не го чини авторот помалку или повеќе вреден. Патем кажано, наведените руски автори не само што се класици на пишаниот збор, туку своевремено биле и православни верници со опасно познавање на својата вера и токму преку верата ги пишуваат човечките судбини во своите дела, а не дали биле дел од реализмот, роматнизмот или класицизмот или модернизмот.
4. Сметај дека имам прочитано многу повеќе од самата Библија и токму на таа моја начитаност ги пишувам своите постови. Мојот коментар беше јасен: кои се тие јаки и славни фаци од ПОСЛЕДНИВЕ 3-4 децении, кои можат да се споредат со генијалците од 17-от век (или оние од раниот 20-ти век), а не кои се СИТЕ познати фаци од било кој период од 20-от век.
 
1. Да, јас сфаќам дека сум во право и не ми недостасуваат аргументи-во своите 4 000 постови, имам наведено подоста аргументи..

Не секоја напишана глупост се нарекува..аргумент:pos2::pos2:
 
Така, твојата „цифра„ од 5 824 постови, значи и исто толку глупости. Се прашувам, зашто барем една не понуди „контра„ на моите постови, освен ако сметаш дека исмејувањето кон секој мој пост е твој врвен домет, но не домет на умот, разбира се...
 
1. Да, јас сфаќам дека сум во право и не ми недостасуваат аргументи-во своите 4 000 постови, имам наведено подоста аргументи.
2. Апсолутно е небитно што наведените ликови НЕ доаѓаат од ИСТО време, туку битно е дали можат да парираат едни на други во своите дела.
3. „Школската„ класификација на пистаелите нема да потврди дека си во право: тоа што овој или оној автор му припаѓа на овој или оној литератирно-уметнички правец, не го чини авторот помалку или повеќе вреден. Патем кажано, наведените руски автори не само што се класици на пишаниот збор, туку своевремено биле и православни верници со опасно познавање на својата вера и токму преку верата ги пишуваат човечките судбини во своите дела, а не дали биле дел од реализмот, роматнизмот или класицизмот или модернизмот.
4. Сметај дека имам прочитано многу повеќе од самата Библија и токму на таа моја начитаност ги пишувам своите постови. Мојот коментар беше јасен: кои се тие јаки и славни фаци од ПОСЛЕДНИВЕ 3-4 децении, кои можат да се споредат со генијалците од 17-от век (или оние од раниот 20-ти век), а не кои се СИТЕ познати фаци од било кој период од 20-от век.
Судејќи според твоите последни 3-4 поста, ти кажуваш дека најдобрите генијалци се христијани и да не беа христијани можеби ќе беа тешки пропалици кои силуваат жени и убиваат бебиња.
Да те потсетам на античките грчки филозофи од доменот на Аристотел, Платон, Сократ и други, кои биле мноооогу пред своето време и ги поставиле Основите на многу работи како Државата и општествениот поредок, демократијата, моралот и слично....
Но, тие не биле христијани. Биле нешто за кое и самиот Исус проповедал дека е најлошото нешто. Биле пагани, многубошци. Верувале во Зевс и компанија, жртвувале девици за да имаат поплодна година и се шетале голи по улици. А да не правиме муабет за генијалните арапски математичари (800-1100 година) кои оставиле огромен печат зад себе.
Според твојата филозофија, ако некој или група на луѓе се генијалци, тогаш јас треба да станам многубожец затоа што сепак Аристотел бил еден од најголемите генијалци на своето време.
3. Коментар на твојата трета точка
Школската класификација е според нивните дела и нивниот живот, а не обратно, па тоа што јас го кажав беше сосема точно.
Тие живееле во време на промени. Големи општествени промени во кои религијата (најмногу црквата) го губеше својот авторитет и луѓето се освртија на многу поважни работи во животот.
Навистина не ми текнува името накнигата со калуѓерот, многу е добра, би требало да ја прочиташ, а напичана е од христијанин кој страшно ја познава својата вера.
 
Теорија:
1.Претпоставка или систем од идеи што објаснува нешто, најчесто заснована на општи принципи независни од нештата што треба да се објаснат.
2.(објаснување на) принципите врз кои е заснована некоја наука.
3.Теориски дел од наука.
4.Мислење или претпоставка.

Пракса:
Практично искуство во определена област или професија.

Дефинициите се од Толковниот речник на Зозе Мургоски.
Супер теорија невидено нешто, ама има мал проблем практично не е докажана барем до сега. Се додека не се докажи измери, премери со единица мерка Биг Бенг е за мене лично мит и добра приказна :toe:.
Исто теорија на еволуција практично недокажлива.
Не ми одговори со која единица мерка ќе ми докажиш дека не постои Бог. Со метри, ампери, фаради, литри, паскали итн?
А да, и која е единица мерка за Би Бенг и од кои други единици е произлезена таа?

принципите се независни од нештата кои треба да се објаснат....

кај религијата нем апринципии независност...напротив зависност(како дрога пијанчење шо вика мики1)

а единица мерка Буда на куб исус на крст пделен на 2 милиграма!!!
 
1. Апсолутно е небитно дали се пионери или продолжувачи/надградувачи на тие пионерски почетоци-едносатвно, ги има или ги нема!
2. Духовната преродба на луѓето настанува со нивното ПРЕУМУВАЊЕ и ВЕРА во Бога а не со лабораториските експерименти-очигледно е дека не разликуваш диховно од душевно и матријално/телесно.
3. Да, НЕМА луѓе кои можат да им парираат на наведените, освен ако сметаш дека Сидни Шелдон и нејзините „бестселери„ можат да им парираат на на класиките од Толстој или Горки.
4. Велиш, „Гугл„ ги зближил луѓето? Јас го велам спротивното, а тековните социлошки истражувања и нивните заклучоци се на моја страна-„Гугл„ и сличниот шит, ги РАЗДВОЈУВААТ луѓето и ги прават луѓето несоцијабилни! Далеку е тоа од зближување! Таму каде НЕМА непосреден контакт помеѓу луѓето, таму НЕМА ни зближување!

1. Е па ги има бе ги има ама не ми ја свати поентата нема веза не ни очекував дека ќе сватиш/
2. Духовната преродба доживува револуција со Хуманизамот и Ренесансата, кога луѓето ја почнале да ја отфрлаат глупоста наречена Бог.
3. Како прво Сидни Шелдон е машко не е женско значи следниот пат кога ќе бараш на Google или Wikipedia обрни малце повеќе внимание. И да може да им парираат ликови како Франц Кафка, Ернест Хемингвеј и Вирџинија Вулф кои живееле твореле и умреле во текот на 20 век. Ама тука не ти ја гледам поентата.
4.Дај искрено кажи колку пати во денот го посетуваш Гугл и ако сакаш може да направиме анкета па да видиме дали е или не е генијален софтверски пронајдок. А тој податок што си го нашол за то дека Гугл десоцијализира сигурно го имаш пронајдено преку Гугл.

Поздрав
 
Така, твојата „цифра„ од 5 824 постови, значи и исто толку глупости. Се прашувам, зашто барем една не понуди „контра„ на моите постови, освен ако сметаш дека исмејувањето кон секој мој пост е твој врвен домет, но не домет на умот, разбира се...

Контра.....абе кој може да му контрира на Мики а да не почне на слепо да „набада’’ (гледаш и во наводници пишувам):pos2:

п.с. Сега Маркус ко ќе ни сржи:vozbud:
 
Судејќи според твоите последни 3-4 поста, ти кажуваш дека најдобрите генијалци се христијани и да не беа христијани можеби ќе беа тешки пропалици кои силуваат жени и убиваат бебиња.
Да те потсетам на античките грчки филозофи од доменот на Аристотел, Платон, Сократ и други, кои биле мноооогу пред своето време и ги поставиле Основите на многу работи како Државата и општествениот поредок, демократијата, моралот и слично....
Но, тие не биле христијани. Биле нешто за кое и самиот Исус проповедал дека е најлошото нешто. Биле пагани, многубошци. Верувале во Зевс и компанија, жртвувале девици за да имаат поплодна година и се шетале голи по улици. А да не правиме муабет за генијалните арапски математичари (800-1100 година) кои оставиле огромен печат зад себе.
Според твојата филозофија, ако некој или група на луѓе се генијалци, тогаш јас треба да станам многубожец затоа што сепак Аристотел бил еден од најголемите генијалци на своето време.
3. Коментар на твојата трета точка
Школската класификација е според нивните дела и нивниот живот, а не обратно, па тоа што јас го кажав беше сосема точно.
Тие живееле во време на промени. Големи општествени промени во кои религијата (најмногу црквата) го губеше својот авторитет и луѓето се освртија на многу поважни работи во животот.
Навистина не ми текнува името накнигата со калуѓерот, многу е добра, би требало да ја прочиташ, а напичана е од христијанин кој страшно ја познава својата вера.

Не ќе баш така:
1. Најдобрите генијалци, кои се досега познати, СЕ христијани.
2. Сократ, Платон, Протагора, Анаксагора, Емпедокле, Конфуцие, Лао Це и сличните философи (мудрољупци) се само ПРЕТХОДНИЦИ Христови! Наведениве „фаци„ сами по себе се доказ дека етиката Исусова е вградена во луѓето. Тоа што не биле христијани, не им било проблем да ги постават и етичките норми, кои Исус само ги потврди. Или, како што вели еден од богословите: „...Секоја душа (човекова) е христијанка...„
3. Кои се тие арапски математичари? И дали „арапските„ броеви навистина се арапски? А да не се феникиски?
4. Црквата го губи својот авторитет не затоа што имало „промени„, туку затоа што тој губиток е најавен уште од АП. Павле, кој веќе наведе дека во последните времиња „...љубовта кај многумина ќе олади...„ а не затоа што имало „...промени...„
5. НЕМА поважна работа во животот освен личната намера за спасение на својата душа. Тоа што велиш дека луѓето се свртеле „..кон поважни работи..„ е само паушален став. Уште од Ренесансот, луѓето почнаа да го губат својот интерес кон Бога, па така наместо со STUDIO DIVINA, почнаа да се занимаваат со STUDIO HUMANA. Замената на еден интерес со друг не значи дека верата, како духовна потреба и категорија, ќе исчезне.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom