Мислам дека еден член на подфорумот исзкажа зборови(ги напиша де) кои за мене се доволен доказ што уште бараат..
Мислам дека само се плашат од можноста да не се во право..
Маркус не ме вади од контекст не е убаво, еве го доле целиот текст за да на луѓево им стане јасно. Логички според изгледот на универзумот и случувањата во него доле дадов опис како би изгледал тој „ГОСПОД„.
Стварно со вас муабет не може човек да направи...
Види дека постои гравитација има докази, насекаде околу нас, меѓутоа тоа на страна.
Најголемиот аргумент на креашионистите како тебе е поставеноста на параметрите во универзумот, т.е. точно за све ова што го гледаме денеска во универзумот, ние, планетите, ѕвездите, галаксиите, за да постојат константите во универзумот морале да бидат како што се сега нормално, а гравитацијата е помала за еден илијадити дел немало да има ѕвезди и стварно е така..
Ако соодносот на масата на протони електрони а малце поинаква немало да има молекули итн.итн..
Тоа е све точно!
И сега од оваа претпоставка морало да има дизајнер..
Тука и мене малце ме пука скептицизам ама сепак не толку....
За тоа ќе се наречам анти-деист
Видите и да има создавател тој би го опишал како еден исврустриран лудак, перверзен манијак, најголем масовен убица, најстрашен диктатор итн..
Работата е што пак и оваа претпоставка се базира врз наука а не догма, значи религијата нема никакво значење во оваа теза за мене. Религијата е створена од човекот..
Видете логично е да се претпостави дека не сме ништо посебно во овој универзум, дека сме случајност, ако замислите дека еве во нашата галаксија сме само ние, толку знаеме сега за сега, меѓутоа ако земем дека има 100 милијарди галаксии повеќето од тие поголеми од нашата, логично е да се претпостави дека не сме единствената планета со живот на неа, а воедно и со интелигентен живот.
Има една равенка математичка Дрејкова која вика дека во нашата галаскија има бар 100.000 планети со живот на нив...
Пак останува дека религиите своите претпоставки не ги влечат од наука туку од митови, легенди глупости, зашто човекот не можел на друг начин да даде одговор на основни прашања, тоа е најдобрата причина зошто е створена религијата.
А тоа за вода во вино, одење по вода, сведоштва, воскреснување, чуда и други такви тракатанци ПА ВИ СЕ МОЛАМ.
И ако се докаже научно дека има дизајнер тоа е страшно според мене