Што со предните заби?

Член од
6 мај 2006
Мислења
611
Поени од реакции
50
Разгледав во темата за Здравје и забележав дека има повеке теми но ниедна не ми беше соодветна за ова мене што ми се случи.
Одев на забар на клиника уште како помала.. и бидејки искрено имам фобија од забар немав многу желба да го сменам. Пред некое време дојде момент да си ги сменам пломбите бидејки ги носев веке некоја година и почнаа да менуваат боја односно да се познаваат. Си отидов на клиника фино лепо (во детското нели) и прашав дали можам сеуште да се лечам таму бидејки не сум веке малолетна и ми кажаа дека ако докторот кој ми е матичен прифати зашто да не.. Сменив две пломби на катниците и дојде ред за пломба што ја имам на предно запче од внатрешна страна.
Да објаснам за да бидам поубаво сфатена. Пломбата ми е на горната вилица на преден заб од внатрешна страна но измеѓу забите почна да се познава дека таму има пломба бидејки почна да губи боја.. односно да се разликува од самиот заб измеѓу забчињата како сенка. Не дека нешто многу се забележуваше но пак зашто воопшто нели.
Забарот ми рече дека пломбата не е оштетена и да не ја менува цела ке ја потстругне малку чисто за естетски да делува поубаво и да не се познава и дека ке го пополни тоа со некоја што одговара. Јас бидеки му верував му дозволив место од внатрешна страна да ми ја извади и замени цела пломба само малку да ја потстругне од предната.... Тоа малку беше малку повеке..... новата пломба се познава далеку многу повеке од тоа претходно... воопшто не е иста боја.. и формата на забот не е иста ко тој од другата страна...... кога се видов малку фалеше да почнам да вриштам.. а забарот уште ме убедуваше дека е се супер.. со Дојди на ова светло не гледам чекај тука кај прозор чекај наочарите неможам да видам. Си заминав накај дома збесната.. и кога мијам заби ми иде да си мавнам шамар што воопшто појдов на забар тој ден....
И сега очигледно не планирам да се вратам таму никогаш повеке. и ме интересира дали некој имал вакво истуство со пломба на преден заб и како го решил. Препорака за некој забар од кој сте задоволни.. ?? несакам да сменам забар и на крај откога ке платам пак да не биде резултатот кој сум го очекувала. Hits self.................
 
Ах, тие забари..

Како мал одев секоја недела на преглед на забар, немав ич страв.. Се додека не ми го поткачија јазикот со машинката за бушење.. Од тогаш имам уплав од нив..

Пред година дена заприметив дека една од 6-ките ми се расипува, и не обрнав многу внимание на тоа, не посетив забар.. После некој месец забот ми се скрши на средината и настанаа 300 компликации.. Едвај се решив да идам на забар, се консултирав со роднини, пријатели за некој добар забар што го познаваат и ми препорачаа еден тука кај мене у населба.. Отидов кај тој, влагам у ординација, се фино лепо уредено, фин чоек, фино почна да работи.. И ми вика „ќе ти ставам лек да ти го умртви живецот, така да ќе осеќаш болка 3 саати“.. Се согласив на тоа, ми стаи лек, чекав 3 саати ама болката не прекина.. Накај 3 сабајле (после 9 саати) уште осеќав неподнослива болка и отидов на дежурен доктор.. Ми го извадија „лекот“ и ми рекоа дека ако сум го остаел уште најмногу 3 саати ќе требало да ме оперираат. И од тогаш ко ќе поминев од забна ординација, ко да сум поминал покрај пеколот..

Пред месец дена отидов на друг забар (кај пријателка на мајка ми), и на почетокот, нормално, коа седнав на столот се усрав од страв.. Почна докторката да работи, ја се потам ко свиња на стол, докторкава си работи.. После некое време ми вика „Готово.“.. Не осетив ни болка ни нишо.. Ја посетив уште едно 3-4 пати, ми го среди забот ко нов, ни болка, ни утнат заб, ништо..

Така да, со глава ти гарантирам нема да зажалиш од забаркава ако отидеш кај неа. :smir:
 
Имам фобија од се што е или некогаш било во државна сопственост.
Ако ме послушаш мене никогаш повеќе не оди во било која болница што е државна...
Тоа не се лекари, тоа се трошачи на буџетот кои не им е гајле за тебе и твоето здравје или изглед.
Доколку парите не се голем проблем, оди на некој приватен.
На пример Др.Јанев во Лептокарија. Проверено и професионално.
Не се секирај па и ти, заб е тоа ке се среди. Гледај да си жива и здрава, а за забите во денешно време се е можно.:smir: Поздрав.
 
Да прашам ако има некој соодветен одговор-
Денес вадев заб 6-ка кој ми бил поврзан со синус, и сеа мозам преку заб да дишам со затворени уста. :pos2: Добро не баш толку , ама можам да влечам малку воздух низ забната шуплина. Да не е опасно тоа за некоја инфекција???
 
Дејана, ако не чувствуваш болка во забот не е ништо страшно, слободно иди си кај друг стоматолог, само ќе ти ја смени пломбата, може нема да има ни потреба од анестезија со оглед на тоа што е се надворешно, плус и преден заб, идеш повеќе од естетски причини :)

И сега очигледно не планирам да се вратам таму никогаш повеке. и ме интересира дали некој имал вакво истуство со пломба на преден заб и како го решил. Препорака за некој забар од кој сте задоволни.. ?? несакам да сменам забар и на крај откога ке платам пак да не биде резултатот кој сум го очекувала. Hits self.................

За препорака, не сум од Скопје така да везе неам, а за болдираното уште кога ќе седнеш на столица ќе си кажеш што точно сакаш, јасно и гласно.
 
Да прашам ако има некој соодветен одговор-
Денес вадев заб 6-ка кој ми бил поврзан со синус, и сеа мозам преку заб да дишам со затворени уста. :pos2: Добро не баш толку , ама можам да влечам малку воздух низ забната шуплина. Да не е опасно тоа за некоја инфекција???

Чек, чек... му кажа на забарот дека синусот ти е отворен? Треба веднаш да ти направи синус пластика, не знам како не те проверил по вадењето на забот. Дали е опасно? Па синусот ти е отворен, како не е? :)

Земај јакната и одма на забар ајде :)
 
Фала Џену. Има само еден проблем. Два пати од сабајле бев на шиење, и пак има проток на воздух, сега и вртам затворила. Дали е касно утре да го направам тоа пак? Има ли шанси до утре некое запаление или инфекција да закачам???? Иначе пијам Макропен. Сега и глава поцна да ме боли-излеа сугестија ме мава.
 
Чим пиеш антибиотици немаш гајле :) Осигуран си, ама утре најдобро да се видиш пак со неа :)
 
Така да, со глава ти гарантирам нема да зажалиш од забаркава ако отидеш кај неа. :smir:

сега уште да ми кажеш каде и која? :) :) :)

Имам фобија од се што е или некогаш било во државна сопственост.
Ако ме послушаш мене никогаш повеќе не оди во било која болница што е државна...
Тоа не се лекари, тоа се трошачи на буџетот кои не им е гајле за тебе и твоето здравје или изглед.
Доколку парите не се голем проблем, оди на некој приватен.
На пример Др.Јанев во Лептокарија. Проверено и професионално.
Не се секирај па и ти, заб е тоа ке се среди. Гледај да си жива и здрава, а за забите во денешно време се е можно.:smir: Поздрав.

се сложувам но ете забаров ми беше од малечка.. и иако околу мене имаше мали дечиња што пиштат тоа беше подобро отколку да сменам па се од поново... или барем така тогаш мислев:nesum:

фала за препораката:pipi:

уште кога ќе седнеш на столица ќе си кажеш што точно сакаш, јасно и гласно.

јас тоа секогаш го правам.. но ете гледаш....
 
и ја иам исти проблем... предните заби ми беа расипани ТОЧНО во средината и беа опфатени 2та... секако мала црна точка беше измегу 2та заба... бев ги напрајв ми стави пломба од внатрешна страна и не се познаваше ништо... здрави заби.... но после месец дена пак како црно ми се познава.. ( дали од кафе и цигари ... пошто коската на забот е многу истенчена одпозади е пломба ... моја претпоставка.. незнам ) и пак ми се познава црнко малце , не е мн приметливо... али ипак зашто кога немора ? и пломбата од едниот заб ми одпадна пред едно добри 3 месеци и све си викам денес утре денес утре ке идам да стаам и никако да стаам.... ( иако пломбата падна неам дупка од напред да се разбереме :D ) и... се надевам не сум си напрајл проблем што 3 месеци шетам без пломба....
 
odi sredi si go zasto jas od padnata plomba i malo otvorce na zabot dobiv vospalen nerv a veruvaj so toa ne sakas da se maftas zaebana rabota i bolna
 
Pred dva den vadev zab gorna 6, i imase otvor kon sinus pa mi go sosija pa pak otvor i istitot den sam se zatvori. Sega posle 3 dena otkako mi e izvaden goren 6-ka me bolat zabi od dolna vilica, uvo i glava pozadi. Znae li nekoj so ke bese ova<< Ispiv od sabajle 6 analgina.
 
Друже, гледај под хитно да одиш на забар па од таму на орален хирург оти ситуацијата не ти е баш добра... :uvo:

Еве да објаснам што се случува при оваа постапка на вадење на заб.

Значи поголемите заби, шестките или седмиците горни имаат по 3 корена, доста масивни кои во носната празнина (позади) се како мали испакнувања. Е сега доколку при вадење на заб (катник) може да се направи отвор и да има комуникација меѓу двете празнини. Обично секој стоматолог става прсти на нос и го тера пациентот да дувне и доколку има отвор ќе има и шуштење. Доколку е мало дупчето тогаш ништо важно може само да се затвори за брзо. Сепак најчесто се оди кај орален хирург кој отсекува дел од гингивата и го покрива дупката, со цел да нема поќе комуникација меѓу празнините... Доколку не се изврши оваа постапка тогаш можи да настани инфекција на синусот шо е доста гадна работа :jaj:
 
Да ама инфекција на синус што има врска со уво и долна вилица. Ја викам да не ми е ввоспален некој нерв.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom