city
Модератор - технократ!
- Член од
- 1 март 2005
- Мислења
- 2.780
- Поени од реакции
- 277
- Возраст
- 38
Што со луѓето од улица?
Да, што мислите дека треба да се преземе за луѓето од улица, за бездомниците, за луѓето што просат?
Кој е најдобриот начин за решавање на нивниот проблем, но во наши рамки?
Кој е вистинскиот механизам за нивно згрижување?
Пред некое време почна проект за згрижување на оваа категорија луѓе, ама во после одредено време најверојатно поради финансиски средства проектот замре и децата повторно се на улица.
Медимите велат дека Центрите работат:
Што треба да се преземе за нив?
Како да се натераат децата повторно да се вратат во училиште?
Како повторно да станат дел од оној воспоставен образовен систем како и од нормалниот систем на едукација и социјализација?
Мислите ли дека тоа е реален проблем или само навидум изгледа како таков?
Мислите ли дека им треба заштита на оваа категорија граѓани?
Што со бездомниците?
Нивниот број е голем, а средства за згрижување очигледно нема. Како да се реши нивниот статус?
Имаме ли реално показатели колкава е бројката на вакви луѓе?
Луѓе кои се оставени буквално сами на себе или па на нас и нашето расположение во одреден момент-во оној момент кога треба да ја ставиме раката на џеб и да фрлиме еден денар.
Државата очигледно кренала раце од нив, можеме ние нешто да направиме?
НВО секторот испра неколку пати пари за нив.
Сега да се запрашаме дали како индивидуи можеме да влијаеме на нивниот живот?
Еве каква е нивната субдина:

А децата се повторно на улица.Шпиц напиша:Центрите ги згрижуваат премрзнатите деца-бездомници Со вцрвенети уши, со премрзнати раце и стапала и со растечен нос, со валкана облека и седнат на едно парче картон седи осумгодишниот Емин. Надвор температурата е поларна, а тој целиот ден го поминува покрај кејот на Вардар. Како Емин во центарот на Скопје има уште најмалку 50 деца, сите излезени на улица да заработуваат за леб со просење.
Овие деца во текот на денот одат да се прехранат во дневните центри направени како оној што се наоѓа во скопската населба Кисела Вода.
Од невладината организација, првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ информираат дека во главниот град работат уште три вакви центри.
Како и овој центар, уште еден е државен, а другите два се дел од невладини организации, објаснуваат од „Меѓаши“. Во центарот на невладината организација што се наоѓа во населбата Аеродром се евидентирани 35 деца, од кои за 20 редовно се згрижуваат.
- Во центарот децата добиваат храна, се капат и добиваат чиста облека. За да се тргнат од улица потребна е согласност од родителите. Тие не ги испраќаат секогаш сите деца, зашто некои ги користат за да им помагаат во работата, бидејќи им се извор на егзистенција - вели Воскре Наумоска од „Меѓаши“.
Таа не се согласува со тоа што го прават родителите и смета дека дневните центри не се решение, но засега на децата им ја овозможува потребната топлина. Во центарот има и едукативни работилници, кои помагаат за образување на децата, за тие да можат понатаму да се вклучат во општеството.
Што треба да се преземе за нив?
Како да се натераат децата повторно да се вратат во училиште?
Како повторно да станат дел од оној воспоставен образовен систем како и од нормалниот систем на едукација и социјализација?
Мислите ли дека тоа е реален проблем или само навидум изгледа како таков?
Мислите ли дека им треба заштита на оваа категорија граѓани?
Што со бездомниците?
Нивниот број е голем, а средства за згрижување очигледно нема. Како да се реши нивниот статус?
Имаме ли реално показатели колкава е бројката на вакви луѓе?
Луѓе кои се оставени буквално сами на себе или па на нас и нашето расположение во одреден момент-во оној момент кога треба да ја ставиме раката на џеб и да фрлиме еден денар.
Државата очигледно кренала раце од нив, можеме ние нешто да направиме?
НВО секторот испра неколку пати пари за нив.
Сега да се запрашаме дали како индивидуи можеме да влијаеме на нивниот живот?
Еве каква е нивната субдина:
Дневник напиша:Бездомникот Ариф Бајрамовски-Клеј (43) бил пронајден мртов во просториите на напуштениот дом „Мирка Гинова“ на улицата Едвард Кардељ, кај месноста Бела чешма во центарот на Битола. Бездомникот Бајрамовски бил убиен завчера попладнето во напуштениот објект што порано бил женски средношколски интернат. Во саботата околу 15 часот полицијата на првиот кат од објектот го пронашла безживотното тело на бездомникот облеано во крв, а главата му била столчена. Околу телото биле пронајдени неколку тули. Според истрагата, бездомникот бил убиен од се' уште непознат сторител на возраст од околу 30 години. Насилникот со тула од разрушениот ѕид го удрил неколкупати по главата Бајрамовски и го усмртил. Полицијата утврдила дека истиот ден Бајрамовски бил забележан во објектот дека се тепа со уште едно лице.