Текстот на песнава и после 8 години слушање, пак не го знам како што треба......... Мариа хи, Мариа хо, Мариа хо хо... влејза влејза, нома нома ле, нома нома ле, нома нома нома ле......
Тие расплаканите високотонски виолини од турските серии ми ги силуваат ушите! Ако одвреме-навреме не послушам вакви аранжмани за гудачки оркестри ќе замразам се` што има префикс виол.
Каде отидоа овие денови? Кое клише од прашање, тешка мистерија е животиштево. Се почнува фино и весело и во боја, а како приказната се расплетува сфаќаш дека единствено само времето ти одминува а ти се посилно преташ за да побегнеш од крајот незадоволен од времетраењето на приказната што си ја добил за твојот филм. Ако веќе добиваш приказна за филм не е фер да не можеш да му напраш бар еден flash backwards на плеерот, не секој од прва може да си го сфати дури и сопствениот филм. Или можеби нема ништо врска со редоследот на нештата туку можеби нештата се ко што ги опишал Тесла во последните свои денови - Кога е универзумот среќен и луѓето се среќни, кога тој е тажен и тие се тажни. Кој курац мораше во поголемиов дел од животот универзумот на антидепресиви да е?
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.