Интересно е како со еден контрадикторен и небулозен поим, концептот за верба, се осмелуваат да ги објаснат сите физички и метафизички мистерии и појави, како да е тоа наједноставното нешто што постои. Како да ѕирнале отаде стварноста и сега ќе не просветлат.
Ако имаш верба во нешто, не значи дека поседуваш некаква способност за да се влијае на исходот од некоја ситуација, а токму тоа го прават верниците. Како да варијаблите кои се вклучени во веројатноста нешто да се случи,
можат да бидат манипулирани со мисла, да не верувате и во телекинеза?
Одговорот за што се случува после смртта лежи во смртта, а можеби и тогаш не може да биде одгатнат.