Што се случи со средната класа во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата PIRATIC
  • Време на започнување Време на започнување
Oчигледно е дека никако да се решиш да ја прочиташ Универзалната декларација за правата на човекот.
Правото на работа, стан, храна, социјална сигурност, здравствена заштита, образование.... се човекови права:
Член 25 гласи:
„Секој има право на животен стандард што нему и на неговото семејство ќе им обезбеди здравје и добробит, вклучувајќи храна, облека, живеалиште и медицинска грижа и неопходни социјални услуги, и право на осигурување во случај на невработеност, болест, инвалидност, вдовство, старост или во друг случај на недостаточни средства за живот поради околности што се надвор од неговата контрола. “
Штета што одбиваш да ја прочиташ.
Таа Декларација е донесена по Втората Светска Војна. Верувам дека ти се познати причините за појавата на фашизмот и на нацизмот.
Во услови на економска криза, кога многумина беа сиромашни и во тешка материјална ситуација се појави водач ( führer ), кој за тешката економска и социјална положба на граѓаните ги обвини Евреите и Комунистите и ги излажа граѓаните дека тие, иако се во тешка ситуација, не се луѓе туку надлуѓе (Übermensch ) и дека со него ќе имаат подобар живот.
Во Преамбулата на Декларацијата меѓу другото стои: „ Бидејќи непочитувањето и омаловажувањето на човековите права резултираа со варварски постапки што претставуваат навреда на човековата совест ...“
Ти и Piratic, за ситуацијата во која се наоѓаат сиромашните, ги обвинувате самите нив, а тоа се теории кои се напуштени уште во првата половина на XIX век.

Затоа, прочитајте ја Декларацијата, не е голема има само 30 члена.
Мешаш право со обврска никој не е должен ништо да ти обезбеди. Ти имаш право да го имаш сето тоа никој не го негира. Но, никој не сноси обврска да ти го обезбеди тоа. Има многу луѓе кои ги немаат тие услови кој ги наброја. Најди ми член во кој се вели дека некоја друга личност сноси обврска да ти биде твој донатор и да се грижи за твојот квалитет на живот.
--- надополнето: 20 март 2012 во 10:16 ---
......toa bilo taka nekogas, sea samo se pripoveda. Denes parite se ..golemite pari........ se pretocuvaat vo dzebovi samo na berza so spekulacii, a toa nema ama bas nikakva vrska so "kopaci i motiki"..kade sakale , ne sakale da priznaeme, se pravat vistinskite pari, bidejki zemjodelieto i rudarstvoto se edinstvenite mesta kade se pravat NOVI PARI...:)
Очигледно не ја разбираш зошто служи берзата. Берзата е наменета за компании од сите видови да обезбедат средства за финансирање на нивните проекти. Секоја компанија има право да печати акции и да ги продава со што собира капитал. Ова важи и за Земјоделски претпријатија и за рудници. „нови пари“ се прават во банки (комерцијални и централни). Инвесторите се најбитен дел од економскиот систем тие одлучуваат каде ќе одат парите ако ја погодат правата компанија се наградени а компанијата успева со нивните пари да отвори работни места и да ја движи економијата. Значи парите доаѓаат од банките и после се дистрибуираат од страна на инвеститорите со цела најдобро можно да ги задоволат побарувањата на потрошувачите а во процесот на тоа отварат работни мести. На кратко така функционира системот.
 
Мешаш право со обврска никој не е должен ништо да ти обезбеди. Ти имаш право да го имаш сето тоа никој не го негира. Но, никој не сноси обврска да ти го обезбеди тоа. Има многу луѓе кои ги немаат тие услови кој ги наброја. Најди ми член во кој се вели дека некоја друга личност сноси обврска да ти биде твој донатор и да се грижи за твојот квалитет на живот.
--- надополнето: 20 март 2012 во 10:16 ---
Во Декларацијата во член 23 меѓу другото стои:
„ Секој кој работи има право на праведен и соодветен надоместок што нему и на неговото семејство ќе им обезбеди достоинствен живот, а кој надоместок ќе биде надополнет, до колку е неопходно, со други средства на социјална заштита. “
Те молам прочитај ја Декларацијата. Овака само водиме јалова дискусија и им го одземаме просторот на другите учесници. Ти се залагаш за работи што се далечно минато.
 
Очигледно не ја разбираш зошто служи берзата. Берзата е наменета за компании од сите видови да обезбедат средства за финансирање на нивните проекти. Секоја компанија има право да печати акции и да ги продава со што собира капитал. Ова важи и за Земјоделски претпријатија и за рудници. „нови пари“ се прават во банки (комерцијални и централни). Инвесторите се најбитен дел од економскиот систем тие одлучуваат каде ќе одат парите ако ја погодат правата компанија се наградени а компанијата успева со нивните пари да отвори работни места и да ја движи економијата. Значи парите доаѓаат од банките и после се дистрибуираат од страна на инвеститорите со цела најдобро можно да ги задоволат побарувањата на потрошувачите а во процесот на тоа отварат работни мести. На кратко така функционира системот.

...хмм.., така пишува у книгите..., денес капитализмот веќе одамна нема врска со нив. Берзите се само големи кладилници , а централните банки , посебно американската федерална, само фалсификатори на пари...:)
И на крај , како вистински нова ИНВЕСТИЦИЈА , ако под тоа го подразбираме новиот материјален импут во системот се само годишниот род на земјоделието и ископаната руда од рудниците..:)
 
Во Декларацијата во член 23 меѓу другото стои:
„ Секој кој работи има право на праведен и соодветен надоместок што нему и на неговото семејство ќе им обезбеди достоинствен живот, а кој надоместок ќе биде надополнет, до колку е неопходно, со други средства на социјална заштита. “
Те молам прочитај ја Декларацијата. Овака само водиме јалова дискусија и им го одземаме просторот на другите учесници. Ти се залагаш за работи што се далечно минато.
Се е тоа убаво. Мене поента ми беше како најбрзо и најодржливо се постигнува економска благосостојба за сите граѓани што е и суштината на декларација. Не сум против социјални трансери но треба да се на минимум поради што имаат лошо влијание на економскиот прогрес на заедницата. Форсирање на социјлани мерки во сиромашна земја се како сечење на гранката на која седиш и осуда на вечна стагнација.
--- надополнето: 20 март 2012 во 12:25 ---
И на крај , како вистински нова ИНВЕСТИЦИЈА , ако под тоа го подразбираме новиот материјален импут во системот се само годишниот род на земјоделието и ископаната руда од рудниците..:)
Финансискиот сектор е тој што ги насочува парите во реалниот сектор. Не се само основни суровини има и преработнки. Како и да е и рудници добиваат пари од печатење на акции. Инвестирори купуваат метал како инвестиција со што се крева цената на рудата и рудниците прават пари. Истото важи и за храна и земјоделско производство. Како и со секоја инвестиција има ризик но, ако го имаш правите информации и анализи и добро се менаџира ризикот не е никаков проблем. Ако беше се среќа никој немаше континуриано да прави пари.
 
Се е тоа убаво. Мене поента ми беше како најбрзо и најодржливо се постигнува економска благосостојба за сите граѓани што е и суштината на декларација. Не сум против социјални трансери но треба да се на минимум поради што имаат лошо влијание на економскиот прогрес на заедницата. Форсирање на социјлани мерки во сиромашна земја се како сечење на гранката на која седиш и осуда на вечна стагнација.
--- надополнето: 20 март 2012 во 12:25 ---

Финансискиот сектор е тој што ги насочува парите во реалниот сектор. Не се само основни суровини има и преработнки. Како и да е и рудници добиваат пари од печатење на акции. Инвестирори купуваат метал како инвестиција со што се крева цената на рудата и рудниците прават пари. Истото важи и за храна и земјоделско производство. Како и со секоја инвестиција има ризик но, ако го имаш правите информации и анализи и добро се менаџира ризикот не е никаков проблем. Ако беше се среќа никој немаше континуриано да прави пари.
..не сакам да спорам , ама и тебе како на многу загорени капиталисти кои од капитал виделе само виртуелни бројки на компјутер .., некако како да не ви е јасно што всушност е.... и што го задвижува светот....вистинските капиталисти тоа многу добро го знаат.и обично за себе викаат дека се социјалисти.:)
 
Темава се однесува за средната класа, а овдека гледам тотални забегувања и скршнувања од зададената тема !
Во постовиве читам препукувања на идеолошка, како и на системска база: Капитализам вс Социјализам !
Тоа е веќе друга тема за долга дискусија, која би требало веќе да постои на форумов или пак отворете ја самите и дискутирајте си, оваа тема не е за тие работи !
 
Ако мислиш за луѓе со плати меѓу 10-60000 сами себе се е.ат бараат од државата се и сешто а она ги е.е прописно со даноци и давачки. Сами си се криви. Најбоље е да си непродуктивен (социјалец, пензионер, административец) или манипулатор на капитал-богаташ.
A ima li plati pogolemi od 10 000den. vo Makedonija?
Ako e taka vednas se vrakjam od stranstvo.
 
Има друже но не ти препорачувам да се враќаш каде и да си, само не ги заборавај роднините, крвта не е вода па помагај колку можеш.

Знаете каде е средната, интелектуалната класа ? - Во странство :)
Кој паметен би останал да живее овде макотрпно кога има интелектуална моќ и капацитет да ужива луксузно во други држави.
 
средна класа нема, затоа подземјето се спои со елитата

Епа нормално: политичари, банкари, бизнисмени(крупни) и подземје увек идат заедно во секоја држава, барем овдека на Балканот за жал е така !
Инаку во средна класа(според мое лично мислење) спаѓаат граѓаните со повисоки плати од утврдениот државен просек, на пр. доктори, хирурзи, судии, адвокати, економисти/менаџери, инженери, архитекти и.т.н. како и ситните бизнисмени, лицата повратници од странство и сл. Сепак постојат големи социо-економски разлики помеѓу овие лица, со на пр. понискиот или среден кадар од работната сила !
 
јас на пример би работел 15 години колку ми е пензија и после би чувал овци некаде во хрватска по цел ден а би пиел кравјо млеко како ганди и кога ќе наполнам 64 ќе се вратам тука да си барам пензија и така ќе си го ладам надвор од мачедонија
 
Што е средна класа? Како ја дефинираш? Имаш ли бројки? Или се е од ракав?
Еве,логички размислувајќи и правејќи една груба анализа на реалниот стандард во нашава држава,би рекол дека во средна класа спаѓаат сите оние кои што имаат "стабилни" месечни примања во износ од минимум 45.000 ден.па се до кај 70.000 ден.Овде зборам за една нормална фамилија со 2 мали деца,кадешто еве на пр. таткото зема плата од 23.000 а мајката 22.000 ден.Овде на пр.таткото би работел во Скопска пивара,а мајката во Гранит,значи зборам за постабилни работни позиции.Тоа е за мене средна-класа денес во Македонија,мада како рипаат цениве,прашање на време е и дали ваков пример би можел да се сврста во средна класа.Бројките погоре ги земав раководејќи се од реперот на "реалниот" просечен личен-доход во Р.Македонија а кој според мене е од 12.000 до 15.000 ден.
 
Сакам кажам незнам речам. Што има врска стандардот со средна класа?
 
А по кое мерило се гледа дали некој припаѓа на средната класа ако не по примањата,или можеби некој припаѓа во средната класа ако знае да свири на клавир и јава на коњ? Абе дај не зезај,висината на личните месечни примања и приливот на свежи пари во една фамилија во текот на еден месец се главен фактор за одредување кој на која класа припаѓа,барем во овој див-либерален капитализам,каков што сите ние го знаеме и му припаѓаме,ако знаеш некој др.критериум кажи,а не да ми тролираш тука со рекла-казала.....поздрав :)
 
Примања како апсолутна вредност може ни животен стандарт е жива глупост да го земаш како основа за класна припадност.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom