- Член од
- 11 август 2011
- Мислења
- 266
- Поени од реакции
- 169
Како тоа да се распредели богатството .............
Секој си го брани своето, па макар да е и една педа земја, кој е тој што ќе даде на друг што го нема ни тоа ?!
На пр. јас имам доволно т.е. онолку колку што ми е потребно за нормален живот, не сум ниту богаташ, ниту пак сиромав и зашто и тоа просечно што го имам да го давам на некој што го нема ни тоа, стварно ти се без врска работиве што ги пишуваш
И баш дека од една страна има такви што спијат на пари, а од друга страна има и такви кои немаат ни скршен денар, затоа треба да постои средина/баланс т.е. нешто помеѓу !
Пак ќе повторам по стоти пат:
Општество без средна класа е мртво општество,
оди разговарај со стручни лица од оваа област и ќе ти го објаснат поопширно ова што е болдирано !
Б.Т.В. револуциите ги прават средните класи, а не сиромасите, сиромасите се борат да преживеат, додека целите на средната класа се сосема поинакви, средната класа е таа која треба во иднина да го сруши Корпоративниот и бесмислен Капитализам !
Јас сум за Капитализам, но не за ваков имагинарен Капитализам како што е денешниов Корпоративен Капитализам !
А Социјализмот/Комунизмот ти е срање прва лига, ко што кажа еден член претходно.
Иднината е во либерал-десничарската идеологија.... !
Го бранеле своето. Кое „свое“ бе? Сакаш да кажеш дека акционерите и големите газди имаат нешто свое? Не бе батенце, се е тоа крадено од џебовите на твојата замислена средна и од ниската класа. И да имаш милијарди во џебот зашто да даваш на оние што немат? Бетер од машини станавме.
Значи според тебе мора да постојат 3 класи. Зошто? За да може високата класа да продолжи да си цица крв, а ниската само да работи и да не дига глава, оти нели они се ниска класа луѓе, прости и глупи, а твојата средна класа да се радува дека е побогата од ниската и да сонува дека ке влезе во високата? Чекај и јас ке ти болдирам нешто.
Општество со класи е мртво општество.
Нема светла иднина за него.
Капитализмот е помало срање од комунизмот, но сепак е срање.
--- надополнето: 16 март 2012 во 23:57 ---
Никако!!! Капиталот не смее да се прераспределува има причина зошто е кај едни а не кај други. Тие што знаат добро да ракводат со него го имаат и тие треба сите да ги влечат нанапред а не обратно. Социјални мерки само ја уништуваат економијата и водат до стагнација.
Де објасни ми како оние што имаат капитал добро раководат со него? Дали знаеш на какви се глупости се трошат пари? Тие одамнаа го имаат пресечено јажето и сами си одат напред (или у пропаст?), ич не ги боли за другите.