Што се случи со средната класа во Македонија?

Член од
11 август 2011
Мислења
266
Поени од реакции
169
Како тоа да се распредели богатството ............. :facepalm:
Секој си го брани своето, па макар да е и една педа земја, кој е тој што ќе даде на друг што го нема ни тоа ?!
На пр. јас имам доволно т.е. онолку колку што ми е потребно за нормален живот, не сум ниту богаташ, ниту пак сиромав и зашто и тоа просечно што го имам да го давам на некој што го нема ни тоа, стварно ти се без врска работиве што ги пишуваш :facepalm:
И баш дека од една страна има такви што спијат на пари, а од друга страна има и такви кои немаат ни скршен денар, затоа треба да постои средина/баланс т.е. нешто помеѓу !
Пак ќе повторам по стоти пат:
Општество без средна класа е мртво општество,
оди разговарај со стручни лица од оваа област и ќе ти го објаснат поопширно ова што е болдирано !
Б.Т.В. револуциите ги прават средните класи, а не сиромасите, сиромасите се борат да преживеат, додека целите на средната класа се сосема поинакви, средната класа е таа која треба во иднина да го сруши Корпоративниот и бесмислен Капитализам !
Јас сум за Капитализам, но не за ваков имагинарен Капитализам како што е денешниов Корпоративен Капитализам !
А Социјализмот/Комунизмот ти е срање прва лига, ко што кажа еден член претходно.
Иднината е во либерал-десничарската идеологија.... !
:)

Го бранеле своето. Кое „свое“ бе? Сакаш да кажеш дека акционерите и големите газди имаат нешто свое? Не бе батенце, се е тоа крадено од џебовите на твојата замислена средна и од ниската класа. И да имаш милијарди во џебот зашто да даваш на оние што немат? Бетер од машини станавме.
Значи според тебе мора да постојат 3 класи. Зошто? За да може високата класа да продолжи да си цица крв, а ниската само да работи и да не дига глава, оти нели они се ниска класа луѓе, прости и глупи, а твојата средна класа да се радува дека е побогата од ниската и да сонува дека ке влезе во високата? Чекај и јас ке ти болдирам нешто.
Општество со класи е мртво општество.
Нема светла иднина за него.
Капитализмот е помало срање од комунизмот, но сепак е срање.
--- надополнето: 16 март 2012 во 23:57 ---
Никако!!! Капиталот не смее да се прераспределува има причина зошто е кај едни а не кај други. Тие што знаат добро да ракводат со него го имаат и тие треба сите да ги влечат нанапред а не обратно. Социјални мерки само ја уништуваат економијата и водат до стагнација.
:unsure:

Де објасни ми како оние што имаат капитал добро раководат со него? Дали знаеш на какви се глупости се трошат пари? Тие одамнаа го имаат пресечено јажето и сами си одат напред (или у пропаст?), ич не ги боли за другите.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210

Богатство се стекнува со правење пари од пари т.е. инвестирање. Тоа е најбитното нешто во економијата. Такви луѓе ја водат економијата напред. Пари не се прават со трошење. Средна и ниска класа само троши. Висока класа е најбитна тие одлучуваат што ќе биде со сите нас.
 
А во Македонија високата класа се уби инвестирајќи, абе инвестира кај ке стигне не се сопира.
Сега уште да кажеш што ли ќе правевме ако немаше висока класа.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
:)

Го бранеле своето. Кое „свое“ бе? Сакаш да кажеш дека акционерите и големите газди имаат нешто свое? Не бе батенце, се е тоа крадено од џебовите на твојата замислена средна и од ниската класа. И да имаш милијарди во џебот зашто да даваш на оние што немат? Бетер од машини станавме.
Значи според тебе мора да постојат 3 класи. Зошто? За да може високата класа да продолжи да си цица крв, а ниската само да работи и да не дига глава, оти нели они се ниска класа луѓе, прости и глупи, а твојата средна класа да се радува дека е побогата од ниската и да сонува дека ке влезе во високата? Чекај и јас ке ти болдирам нешто.
Општество со класи е мртво општество.
Нема светла иднина за него.
Капитализмот е помало срање од комунизмот, но сепак е срање.
Класи друже постоеле одсекогаш, уште од најстари времиња па се до денес, а така ќе биде и во иднина се додека постојат живи луѓе на планетава !
Мене друже не ми е гајле за тие погоре што си ги спомнал милионери, милијардери, тајкуни, олигарси, банкари, бизнисмени, акционери и.т.н. јас си зборам лично за мене и за мојата фамилија која половина век наназад работела макотрпно за да стигне/ме до овој денешен просечен степен што сме, а тој/тие што се сиромави(ниска класа) тоа си е нивен проблем не е мој, јас си работам за мене и си живеам за себеси и секако за мојата фамилија(куќа) !
Еве еден друг пр. ќе ти кажам, јас на пр. секој ден станувам во 6ч и одам на работа, истото го прават и мајка ми и татко ми, комшијата на пр. во тој период или уште си спие или пак си пие кафе на тераса, ниту работи, ниту му се работи, ниту пак има пари .......... и спрема тебе дали некој друг треба да му даде пари за да живее ! НЕ
Во Капитализмот ако не пливаш со и како другите риби ќе се удавиш и никој нема и неможе да те спаси, ако сам не си обезбедиш приходи за тебе и за твоето семејство, ни ѓавол не те спасува, мора да се работи и да се заработи за живеачка, неможе државата или пак некој друг да ти дава ако немаш !
Државата е должна да створи поволни услови за живот, работа, успех, односно да постојат закони, демократија, човекови права, безбедност, сигурност, инфраструктура и.т.н. но државата неможе да издржува никого ......... тоа не е дел од Капиталистичката доктрина.
Како што кажа Рефус погоре, успех може да се постигне само со помал буџет, пониски даноци и несоцијални политики, бидејќи социјалните политики сериозно ја гризат економијата и дополнително ја зголемуваат сиромаштијата.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
А во Македонија високата класа се уби инвестирајќи, абе инвестира кај ке стигне не се сопира.
Сега уште да кажеш што ли ќе правевме ако немаше висока класа.
Се работи за чиста логика. Некој има месечни приходи од 400евра 200 евра храна 200 евра сметки и ништо не му останува. Некој има месечни приходи од 4000 евра 300 храна, 200 сметки, 1000 евра луксузи (кола, одмор, респорани) и му остнауваат 2500 евра и што ќе има прави на парите ако не ги инвестира во акции, дуќани станови бизниси итн. Се зависи од тоа колку и како се инвестирани парите со тоа отвара работни места и ја движи економијата напред. Така богатите кој ги бива за инвестирање стануваат побогати а со своите бизнис ги влечат и сите напред. Колку работни места се отворени од луѓе од средна класа? Многу малку. Сега има и луѓе од средна класа кој инвестираат и ако им тргне на нив и тие богати ќе станат. Но, треба да ти сече да имаш знаење и осет за бизнис. Дури и вештачки преку даноци и други закон се префрлат пари од висока на средна и ниска класа најголем дел од парите ќе завршат во трошење и консумеризам мал дел ќе оди во инвестирање. Проблемот е што средна класа во главно (има и искулчоци) немаат осет и знаење за инвестирање. Така да пари ќе излезат од МК како увозни производи и сите ќе бидат посиромашни.
Сосема е природно да се има класа на инвестиритори и работници. Ова не се касти како во Индија секој може да премине од една во друга доста лесно. Во прав капитализам класи се неминовност.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Проблемот е што средна класа во главно (има и искулчоци) немаат осет и знаење за инвестирање. Така да пари ќе излезат од МК како увозни производи и сите ќе бидат посиромашни.
Сосема е природно да се има класа на инвестиритори и работници. Ова не се касти како во Индија секој може да премине од една во друга доста лесно. Во прав капитализам класи се неминовност.
Не се согласувам. Природно е да луѓето бидат рамноправни.
Ти го ставаш интересот на поединецот, да се тој богати, да остварува профит по секоја цена, пред интересот на сите други луѓе и на природата. Ако така гледаш, сигурно ги оправдуваш тие што ја загадуваат природата, за да остварат што поголем профит. Или тие што започнуваат војни само за да се збогатат. Или тие што убиваат слонови, за да ја продаваат слоновата коска и со тоа да остваруваат профит.
Профитот не е на „ прво место “. На прво место е општото добро. И во нашиот Устав стои:
Член 30 Се гарантира правото на сопственост и правото на наследување. Сопственоста создава права и обврски и треба да служи за добро на поединецот и на заедницата.
--- надополнето: 19 март 2012 во 13:16 ---
Еве еден друг пр. ќе ти кажам, јас на пр. секој ден станувам во 6ч и одам на работа, истото го прават и мајка ми и татко ми, комшијата на пр. во тој период или уште си спие или пак си пие кафе на тераса, ниту работи, ниту му се работи, ниту пак има пари .......... и спрема тебе дали некој друг треба да му даде пари за да живее ! НЕ
Зарем ова не можат да го кажат за себе и зонашите, рампаџиите и тие што управуваат со пајак-возила?
Тие постојано тврдат дека „ стопанисуваат и поштено заработуваат “
Дали и тие треба да го имаат твоето мислење?
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Не се согласувам. Природно е да луѓето бидат рамноправни.
Ти го ставаш интересот на поединецот, да се тој богати, да остварува профит по секоја цена, пред интересот на сите други луѓе и на природата. Ако така гледаш, сигурно ги оправдуваш тие што ја загадуваат природата, за да остварат што поголем профит. Или тие што започнуваат војни само за да се збогатат. Или тие што убиваат слонови, за да ја продаваат слоновата коска и со тоа да остваруваат профит.
Профитот не е на „ прво место “. На прво место е општото добро. И во нашиот Устав стои:
Член 30 Се гарантира правото на сопственост и правото на наследување. Сопственоста создава права и обврски и треба да служи за добро на поединецот и на заедницата.
Луѓето треба да се еднакви и рамноправни пред законите. Но сите луѓе не се исти имаат различни способности и среќа. Луѓето не се направени на фабичка лента и сите да се исти како јајце на јајце. Луѓето се различни некој се поспособни од другите и нормално е да се издвојуваат одредени групи на луѓе.
Не би ширел многу за екологија но, на кратко профитот подобро ги заштитиува природните богатсва од државата. Никој ако би поседувал слонови не би ги убил за да им ја земе слоновата коска бидејќи носта повеќе пари како туристичка атракција. Се гледа колку е успешна државата во зачувавање на природни богатсва хаос е.
Тоа што е добро за поединецот е добро за заедницата. Заедницата е создадена од поединци и нетреба да има групи права само индивидувални. Се виде каде оди Македонија со групни права.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Луѓето треба да се еднакви и рамноправни пред законите.
Луѓето - не треба, туку се еднакви пред законите многу одамна во историјата.
Уште на Leges Duodecim Tabularum пишуваше: За слугите и робовите, за угледните и заштитените, нека важи исто право - nex . . . forti sanati . . .
Инаку, сите луѓе се еднакви. Јас никогаш не сум сретнал, ниту слушнал за човек кој е различен од мене.
За да ме демантираш, наведи пример на некој кој е различен од тебе на пример попаметен или поглуп.
Мислам дека го преценуваш значењето на профитот. Постои љубов, постојат и многу други нешта....
 
I

Iblis

Гостин

А јас пак, никогаш не сум сретнал човек ист како мене, ова еднаквоста меѓу луѓето е доста нова појава и како таква нецелосна, недоизградена и прашање колку е применлива. Во секој случај интересна идеја.
Во право си дека Стефан му дава нешто поголемо значење на профитот во животот, ама дали е во право или не за тоа, хммммм,.....
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Луѓето - не треба, туку се еднакви пред законите многу одамна во историјата.
Уште на Leges Duodecim Tabularum пишуваше: За слугите и робовите, за угледните и заштитените, нека важи исто право - nex . . . forti sanati . . .
Инаку, сите луѓе се еднакви. Јас никогаш не сум сретнал, ниту слушнал за човек кој е различен од мене.
За да ме демантираш, наведи пример на некој кој е различен од тебе на пример попаметен или поглуп.
Мислам дека го преценуваш значењето на профитот. Постои љубов, постојат и многу други нешта....
Ајде сега...ни еднојајчани близнаци не се исти. А тек ние двајца :). Во светот постојата многу работи кај се побитни од профитот. Но, од аспект на општесвено уредување во ова кое живееме нема ништо побитно од профитот за постигнување долгорочна и одржлива благосостојба. Секој кој сака да го негира и мисли дека може да го заобиколи тоа е казнет од системот. Таков е капиталистичкиот систем. За животот и лична филозофија има многу да се зборува ама не би тупел сега.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ајде сега...ни еднојајчани близнаци не се исти. А тек ние двајца :). Во светот постојата многу работи кај се побитни од профитот. Но, од аспект на општесвено уредување во ова кое живееме нема ништо побитно од профитот за постигнување долгорочна и одржлива благосостојба. Секој кој сака да го негира и мисли дека може да го заобиколи тоа е казнет од системот. Таков е капиталистичкиот систем. За животот и лична филозофија има многу да се зборува ама не би тупел сега.
Член 1
Сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права. Тие се обдарени со разум и совест и треба да се однесуваат еден кон друг во духот на општо човечката припадност.
Ова е само првиот член на Универзалната декларација за правата на човекот. Остатанатите прочитај ги овде:
http://unicode.org/udhr/d/udhr_mkd.xml
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Член 1
Сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права. Тие се обдарени со разум и совест и треба да се однесуваат еден кон друг во духот на општо човечката припадност.
Ова е само првиот член на Универзалната декларација за правата на човекот. Остатанатите прочитај ги овде:
http://unicode.org/udhr/d/udhr_mkd.xml
Исти и еднакви се два различни поими. Не гледам никаде дека исто треба да се наградуваат за различен труд. И да не забегувам од тема човекови права и класно општество си немаат благе везе.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Ајде сега...ни еднојајчани близнаци не се исти. А тек ние двајца :). Во светот постојата многу работи кај се побитни од профитот. Но, од аспект на општесвено уредување во ова кое живееме нема ништо побитно од профитот за постигнување долгорочна и одржлива благосостојба. Секој кој сака да го негира и мисли дека може да го заобиколи тоа е казнет од системот. Таков е капиталистичкиот систем. За животот и лична филозофија има многу да се зборува ама не би тупел сега.
Ако не пливаш со и како другите риби ќе се удавиш и никој нема и неможе да те спаси, таков е Капитализмот, во Капитализмот нема колективизам, туку само индивидуализам.
Едноставно ние тука што се расправаме на темава не сме моќни да ги промениме тие работи, тоа е светски/глобален процес, а наше е или да пливаме или ќе се удавиме, трето нема.
Инаку демократски и човекови права е сосема друга работа исто така и правната еднаквост(национална, верска, политичка, расна, полова, возрасна и.т.н.) ......... т.е. сите имаме право на живот и секој си има право да си се движи по сопствениот пат кој си го одбрал и да си ја бара среќата и успехот, но класната припадност си е сосема друга работа, можеш да се родиш богат(во богато семејство), а во тек на животот да паднеш надоле, исто така можеш да се родиш сиромав(во сиромашно семејство) но подоцна во тек на животот да се качиш скалило две погоре, се во зависност од твојата психо-физичка способност, или ќе те биде или не.
Финансиската еднаквост е чиста утопија, некој природно е повреден, а некој е природно помрзлив, некој е повеќе физички надарен, некој пак психички/интелектуално, некој е поштедлив, а некој е потрошајлија, некој е домаќин, некој не, некој има едно дете, некој има 5 или 10 деца и ред други работи со кои сакам да докажам дека 100%финансиска/економска еднаквост не е возможна и е чиста имагинарна идеја и празна невозможна утопија.
Класите постоеле уште од древни времиња, постојат и ќе постојат во иднина се додека има живи луѓе на планетава. 100% финансиска еднаквост немало досега во ниту едно општество/систем, а нема ни да има, поготово пак во Капитализмот нема шанси за такво нешто.
Секој човек(или семејство) сам си ја гради својата лична финансиска/економска состојба, во зависност од ХХХ погоре наведени фактори.
Демократијата, човековите права и правната еднаквост, сигурноста/безбедноста и.т.н. си се сосема други работи, а финансиската положба(социо-економ. класа) на поединецот(или на семејството) си е сосема друга работа во која улога играат повеќе гореспоменати фактори...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Исти и еднакви се два различни поими. Не гледам никаде дека исто треба да се наградуваат за различен труд. И да не забегувам од тема човекови права и класно општество си немаат благе везе.
Oчигледно е дека никако да се решиш да ја прочиташ Универзалната декларација за правата на човекот.
Правото на работа, стан, храна, социјална сигурност, здравствена заштита, образование.... се човекови права:
Член 25 гласи:
„Секој има право на животен стандард што нему и на неговото семејство ќе им обезбеди здравје и добробит, вклучувајќи храна, облека, живеалиште и медицинска грижа и неопходни социјални услуги, и право на осигурување во случај на невработеност, болест, инвалидност, вдовство, старост или во друг случај на недостаточни средства за живот поради околности што се надвор од неговата контрола. “
Штета што одбиваш да ја прочиташ.
Таа Декларација е донесена по Втората Светска Војна. Верувам дека ти се познати причините за појавата на фашизмот и на нацизмот.
Во услови на економска криза, кога многумина беа сиромашни и во тешка материјална ситуација се појави водач ( führer ), кој за тешката економска и социјална положба на граѓаните ги обвини Евреите и Комунистите и ги излажа граѓаните дека тие, иако се во тешка ситуација, не се луѓе туку надлуѓе (Übermensch ) и дека со него ќе имаат подобар живот.
Во Преамбулата на Декларацијата меѓу другото стои: „ Бидејќи непочитувањето и омаловажувањето на човековите права резултираа со варварски постапки што претставуваат навреда на човековата совест ...“
Ти и Piratic, за ситуацијата во која се наоѓаат сиромашните, ги обвинувате самите нив, а тоа се теории кои се напуштени уште во првата половина на XIX век.

Затоа, прочитајте ја Декларацијата, не е голема има само 30 члена.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Богатство се стекнува со правење пари од пари т.е. инвестирање. Тоа е најбитното нешто во економијата. Такви луѓе ја водат економијата напред. Пари не се прават со трошење. Средна и ниска класа само троши. Висока класа е најбитна тие одлучуваат што ќе биде со сите нас.
......toa bilo taka nekogas, sea samo se pripoveda. Denes parite se ..golemite pari........ se pretocuvaat vo dzebovi samo na berza so spekulacii, a toa nema ama bas nikakva vrska so "kopaci i motiki"..kade sakale , ne sakale da priznaeme, se pravat vistinskite pari, bidejki zemjodelieto i rudarstvoto se edinstvenite mesta kade se pravat NOVI PARI...:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom