Не ме интересираат во случајов други пораки, муабетот е за конкретна порака - на зло не возвраќај со зло, ако некој те удри по едниот, сврти го и другиот образ! Никаде нема во пораката услов од типот - стори го тоа само ако го одобруваш, ако не немораш! Одобрувал, не одобрувал, пораката е да не возвраќаш! Е сега, тој стих - Јован 18:23, во никој случај не ја менува пораката од Матеј 5:39! Бидејќи како што реков, никаде не нагласува дека треба да одобруваш или неодобруваш за да не возвраќаш! Од друга страна имаме луѓе, што упорно го прават спротивното занемарувајќи го овој принцип, порака, заповед! Тоа не е ништо друго освен лицемерие, а оној што брани лицемери и самиот е лицемер!