Што правите кога се чувствувате осамени?

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
Играм игри, местам слики и музика во компјутер, гледам некое филмче и пишам кратки љубовни романчиња.
 
Ја прочитав темава и оддеднаш се осетив осамен (n) а нема потреба. Веројатно психа, ебаго.:unsure:

Барам начин што побрзо да ги тргнам од ум тие мисли, барам некој за надвор да излезам, барам некој со кој што ќе се напијам пиФце во маало, барам некој на форумов еве во поново време, да сврзам некој небитен муабет.

Мора да се снаоѓаме, осаменост е лоша работа, лоша.
 
Ке отворам некоја флаша вино од залихите шо ги имаат моите дома и цугам,послем тоа станувам креативан шо као да праам да не бидам осамен толку.
 
Ретко се осеќам осамено а речеси секогаш сум сама значи удобно ми е скроз . Секогаш наоѓам некоја занимација низ дома било книга , филм музика , зјапање во таванот ,нездрава храна .....се е подобро од лажно смеење и празни муабети :)
 
ретардирано детенце со бујна фантазија ко мене скоро никогаш не се чуствува осамено :vozbud: , дури поубо ми е ко че сум сама , можам шо сакам да си прам без никој да ми замерува , обожавам да си пеам и да си денсам а никој да не ме гледа отколку во кафич ....во последно време а и не сакам да гледам многу лујџе , сама ..сегде сум сама ...дури и ми се чуда ....си седам нон стоп дома..не излегувам...не ми се разговара во четири очи со никого и за ништо , поубо ми е да си седам дома на нет разни глупости да читам и да гледам отколку шо , излезена секој викенд пицната со другарки за да фатам некој дечко (пуфла стил )во некое место така наречено кафич (биди видена )каде шо една чаша сок ја наплајчаш колку две кила портокали во провод ебати проводо ко да немаш дома музика во винампо туку шо че си прајш во понеделник муабет ко че појш на школо за то кај си била како менаџеро ти чувал маса па ти ја зафатиле , па овие свиреле па преубо било ..бла бла ...еднаш братучеда ми дојде да ме види ме начека цртани кај шо си гледам во петок навечер и ми рече ко че си фатиш дечко со него че си гледаш цртани:facepalm:(како да си фатам бе, јас дечко ):facepalm: ...не,не сум осамена ..само обожавам да си бидам сама со себе ...и да се дружам имагинарно :pos: осаменоста е одлука , шо знам дали иам друг избор...имам и плетено калчуни од досада ...али обично учам кога сум осамена..се думам шо иам за учење..:свиркам:
 
Во последно време сум многу осамена, поосамена не сум била никогаш.. Овие денови друштво ми прави Раде Шербеџија со Инес. Некогаш ниеден човек на светот не може да ја убие осаменоста, освен можеби оној што го сакаш..
Пуштам епизода од Монк, гледам, ќе се насмеам малку.. И тоа е се. Потоа ќе читам до доцна во ноќта, ќе решам да спијам, па се превртувам в кревет размислувајќи дали нешто некаде сум згрешила, па сега овие дена го планирам роденденот пред да заспијам..
Ништо не ја лекува осаменоста, освен самите ние.. Таа е повеќе од немање што да се прaви и немање луѓе околу себе.
 
Музика .. некоја добра uplifting trance трака или некоја од омилените progressive house песни со препознатлива мелодија :D
 
Камо да се почувствував осамена во студентскиов дом. :(
 
Зборам со поблиските луѓе за тоа како се осеќам, среќа скоро секогаш некој од нив ме дига пак горе на тоа сејф плејс :)
Друга опција: Отварам флашата, цигарите и зјапам низ прозор гледајќи го Скопје
Освен кога сум премногу задлабочена.. е тогаш и Св.Петар да се симне не би му праела муабет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom