Што правите кога се чувствувате осамени?

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
Го зимам стафордот и скитам...Арон како што може да ме орасположи и да ме ИЗНЕРВИА никој не може ! АЛАЛ МУ ВЕРА...
 
неам време да бидам осамен....јбг.....женска+работа+спиење+форум (форум+друштвени мрежи) :) нема време :LOL:
 
легнувам на кревет, гасам светла гасам се и потонувам во тишината.. ова кога ја посакувам и стварам осаменоста, инаку пешачам низ станот ми, читам книги, шетам ...
 
Понекогаш уживам во осаменоста, ми годи, потребна ми е. Тогаш буквално кажано го пуштам мозокот на пасење, си слушам музика и не се замарам со ништо.
Но некогаш ми смета, ужасно ми смета, ме полудува како на пример сега.
 
Само музика на слушалки и нешто на интернет да ми го одзема вниманието.
 
Пушти си стари народни изворски македонски песни, напрај си шопска и напиј се 2 -3 ракии.
 
зошто мислам дека повеќето не ја разбраа смислата?
 
Едноставна сум, осамена сум само кога сум сама, не преферирам да трошам време со луѓе во чија близина би се чувствувала осамено.Непродуктивно е и комплетно деградирачки кон себе и кон нив.
Така што единственото кое што можам да го правам во осаменост е да се одморам или да бидам со моите луѓе, зависи од тоа колку ќе ми се допадне во моментот емоцијата.Не дискриминирам.
 
Превземам мерки екстремни за да не се чувствувам осамено :icon_lol:.
 
Некогаш годи.Едноставно има такви моменти кога сакам да сум сама и да уживам во истите.Е кога сум осамена а сакам да престане тоа чувство на осаменост,најчесто легнувам и спијам.
 
Ретко се чувствувам осамена, а кога се чувствувам обично читам книга или ке си пуштам добра песна па ако ме погоди може да си пуштам и солзички за самосожалување за моменталната ситуација... :giggle:
 
Обично вежбам а некогаш знам да се уклучам на omegle и да тролам
192955.png
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom