Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.

... А потоа, токму онаа личност која ќе го освои ќе биде парчето кое недостасувало за повторно да биде целосно. А луѓето кои искрено сакале и биле повредени, умеат повторно да сакаат, и тоа повеќе од претходниот пат. И нормално дека постојат моменти кога мислиме дека веќе не постои едно нешто на овој свет кое го сакаме, тоа е нормален стадиум во периодот на закрепнување. За мене побанално би делувало ако некоја личност е повредена после долго време, а не чувствува никакви последици од тоа, би ми делувала како бесчувствителна.:smir:
Просто и едноставно прашање:
-Дали скршеното срце знае да сака?
О даааа, и тоа како знае да сака. Многу поискрено и подлабоко.
А ти на која основа го кажуваш ова?
Океј, може ти си сакала подлабоко и поискрено.
Но, не сите се доволно силни да се помират со својата судбина дека веќе не се со личноста која ја сакале долго време, да продолжат понатака, па дури и да засакаат многу други личности.
Знам особи кои се` уште не се доволно излечени од тој синдром наречен „скршено срце“.
И според мене, се сака само еднаш, и после ништо не може да надокнади за таа љубов која била изгубена, скршена.
Не знам, сметам дека кога нечие срце е скршено, таа личност понатака е попретпазлива, порезервирана, не се отвара толку лесно како претходно, од самиот страв дека некој повторно може да ја повреди.
But ahwell, that's just me.