Што пиете рано наутро?

  • Креатор на темата Креатор на темата _c|eLo_
  • Време на започнување Време на започнување
Ако има густи сок во фрижидер, ќе се напијам тоа. Ако нема ладна вода и тоа многу ладна, зошто често кога ќе се разбудам грлово ми е запечено и сум жедна. Особено па ако сум јадела вечерта нешто солено, како на пример пица.
Млеко исто така пијам, ама тоа во тек на училишна година и ако не се брзам.
 
Млеко, и пред спиење и откако ќе се разбудам сабајле, затоа пораснав голем, како вол :)
 
Ладна вода или пак ако одма појадувам Јогурт.
 
Рано наутро? Тој дел од денот одамна го немам видено.
Затоа, после спиење пијам веднаш кафе, јако, турско. Тоа е единственото кое може да ме расони.
 
Чаша ладно млеко. Обожавам наутро одма до фрижидер и да се изнапијам млеко :smir: Евентуално можам и сок, ама кафе никако. Мада и преретко пијам кафе, скоро ич.
 
Млеко,Млеко,Млеко,било благо било кисело,солено газирано млеко да е.
Ако нема млеко идеме на Џус од портокали,ако нема ни тоа викам МАМО ДАЈ ПАРИ,ако нема пари идам на чешма и пијам вода јеботе...
 
Па немам баш некој ритуал, зависи што доручкувам. Најчесто пијам ладно млеко, ама може да се случи да се напијам и јогурт или сок, а некогаш па и ништо да не пијам.
 
Па пошто прво мијам заби, ус пут и од вц се изнапивам вода, пошто од вц најубава ми е ладна. А после кока - кола. Реееетко пијам кафе, ако другарки спиеле кај мене и имаат навика сабајле да пијат кафе им правам друштво, инаку премногу сум мрза да станата од спиење пијам нешто за што е потребно повеќе од отварање шише, сипање, затварање шише.:nesum:
 
Прво нешто кога станувам правец фриждерот и терам сок ако нема не пијам ништо...може и млеко ама ретко се случува,вода или кафе у никој случај скоро ич.
 
Најчесто кафе .. Или Несквик , зависи од расположение :)

Ама почесто се случува Кафе... Иако на празен стомак сепак нема споредни ефекти :)...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom