Што одлучуваат младите ?!

  • Креатор на темата Креатор на темата UrbanSamurai
  • Време на започнување Време на започнување

Што одлучуваат младите ?!

  • Се трудат да се вклопат

    Гласови: 29 61,7%
  • Се трудат да бидат различни

    Гласови: 18 38,3%

  • Вкупно гласачи
    47
Член од
19 јуни 2012
Мислења
404
Поени од реакции
417
Здраво...

Прашањето ми е, дали почесто, младите (тинејџерите) одлучуваат да се вклопат во средината и оние околу нив, односно да бидат слични на своите другари, пријатели и сл.
Или од друга страна се обидуваат да бидат различни од околината и Mainstream-от
Значи зборуваме генерално за младите.

Што мислите вие ?!
 
Финансиски поткованите имаат можност да експериментираат со новитети. А и да не го прават тоа, тие пак можат да се адаптираат кон секоја опшествена мода. Другите се само следбеници.
Затоа во поразвиените опшества мејнстримот има краток рок на траење. А кај нас ем касни по 10 години, ем го фураме ко нов да е.. (не сите нормално)
 
Под влијание на општото мислење дека луѓето треба да се истакнат, пробуваат да бидат различни. Повеќе мислат дека е битно тоа дали ќе бидеш ист или различен во споредба со некој, кога уствари целата поента е да правиш правилни избори за себе, независно од тоа другите што ќе мислат. Сосема непотребно е било какво размислување на било кој млад човек дали треба да се вклопи или да се разликува, треба само да си мисли и да го прави за себе тоа што е најдобро за него.

Али да, повеќето сакаат да се вклопат иако не го признаваат тоа, сепак голем е процентот на хипстерите што се прават различни со сила.
 
Се трудат да бидат различни, па после ‘ќе ги вклопат‘ со почнување на работа или при крај на факултет кога од сите страни ќе е крената рачна ако нејќат да се вклопат.
Мал дел ќе останат различни и ќе бидат ‘проблематичните‘ на факултет, работа, околина ама недоволно гласни за да се вклопат другите со нив.Па пак добар дел од нив кога ќе видат дека поддршката од другите е декларативна - ќе се вклопат.Другиот дел од различните ќе одат во странство.
 
Мојот одговор е се трудат да бидат различни, односно, се мајмунираат до одреден степен додека не испаднат мајмуни, тоа го прават со разни мерки. Мал дел од нив по пат на среќа или на ќоро, никогаш намерно, испаѓаат позитивно различни и остануваат такви цел живот и многу ги почитувам тие таквите што ги знам тоа го викаат другите талент за нешто индивидуално.
Поголемиот дел во добри сеќавања им остануваат мајмунлаците.
 
Барем да одлучуваа нешто,кој ги пита
 
Младите кај нас

-Го сакаат Лешоски
-Прикачуваат слики од јадења на инстаграм
-Слушаат иста глупа музика

-Ги боли к... за некоја посериозна работа. Моментално задоволство, по веќе поставена шема на живеење.
 
Под влијание на општото мислење дека луѓето треба да се истакнат, пробуваат да бидат различни. Повеќе мислат дека е битно тоа дали ќе бидеш ист или различен во споредба со некој, кога уствари целата поента е да правиш правилни избори за себе, независно од тоа другите што ќе мислат. Сосема непотребно е било какво размислување на било кој млад човек дали треба да се вклопи или да се разликува, треба само да си мисли и да го прави за себе тоа што е најдобро за него.

Али да, повеќето сакаат да се вклопат иако не го признаваат тоа, сепак голем е процентот на хипстерите што се прават различни со сила.

Now you got a point. :) :coffee:
 
Младите у Македонија (научени да не преземаат одговорност и иницијатива) повеќето се во фазон: "Нека иде живот, денес ја частам, легна и на баба ми пензијата!"

 
109755367.jQlIApfA.TodaysYoungsters.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom