Ништо,младите живеат во илузија и ја фураат капиталистичката измама дека имаат право на избор да бидат различни,а од друга страна впиваат се што ќе им сервира медимската пропагандна машина кој всушност е таа што ги одредува модерните текови,ставови и хипстерајски пориви.Нема простор да се говори за некаков си индивидуализам,едноставно колку и да мислиш дека си имун на сето ова во голема заблуда си,едноставно си програмиран,лоботомиран и однапред осакатен за било какво критичко мислење преку кое евентуално би можел да го надминеш колективизмот.Затоа не постои различност,бидејќи таа не подразбира ушите да ти се издупени различно од другар ти кој ти е конкуренција за женски или пак да имаш уникатна тетоважа каква што нема во маало.Различноста е во идеите,ставовите,бунтовноста па макар била и романтичарска и нереална.Ве уверувам,последниве 8 години секоја година сум во контакт со нова генерација,секоја за една година помлада од претходната и имам впечаток дека младите полека го губат епитетите кои треба да ја красат нивната младост,морално и интелектуално стануваат се поосиромашени,јас чувствувам празнина во нивните за мене безначајни животи кои се состојат од викендашки пијанчења,мувања,вртење џоинти..Ова се работите што ги знам,можам да замислам што не знам а што се случува всушност.Јас не сретнав дете за овие 8 години кое успеа барем малку да ме воодушеви пред се на интелектуално поле и ќе направи да се чувствувам среќен и спокоен со надеж дека ништо не е изгубено и дека има млади кои би можеле нешто да сменат.
И на ваков начин,со вакво однесување они мислат дека се посебни,различни од другите а сите се само клонови еден на друг.Ќе кажеш дека се вклопуваат,ама се вклопуваат во калта и пропаста на општеството и кога ќе видиш следат изгубени и пропаднати генерации кои еден ден ќе треба да бидат столбови на едно здраво општество.