Што ни е поважно: Цената или квалитетот?

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување

Што ви е поважно: Ниската цената или квалитетот?

  • Ниската цена

    Гласови: 23 20,4%
  • Квалитетот

    Гласови: 90 79,6%

  • Вкупно гласачи
    113
А шо да прает оние шо морет да купет баш такво нешто за „глупи цени“ за да преживеет? Квалитет сакет и стечајците, невработените, сиромашните, тие не купвет евтина и неквалитетна роба зш така сакет или зш се стегнати, туку зш не может поинаку. Ќе купет и „виршли од кванташки“ и смрдено месо и ќе се молет само да не им се разболет. Ќе купет и адибас и рибцк од 300 денари, иако знает дека се кинески и евентуално озрачени (радиактивни) зш не может да ги гледет нивните дечиња голи и боси по студојве.
Е тоа е прашањето кое што треба да не' води кон создавање на подобро општество, ама некако слабо иде тоа.
 
Наместо бифтек, купуваме месо со коска, пршутата или печеницата ја заменуваме со салама, а овошјето и зеленчукот ги купуваме на парче.

Жив пример ми е следново со воз патувам од Прилеп кон Скопје во воз сретнувам 2 лица помлади речиси некои 18-19 год. ме прашаа следново каде можеме во Скопје да купиме ефтини патики и парче облека следното кои и го кажав беше имате ефитни работи на бит пазар, шутка,зелен пазар, и тек тук по некоја продавница ефитна ако барате квалитет нормално за патики и самите знаете кои се тие продавници и дечките ми одговорија дај кажи кај да најдеме ефитини патики кој е*е квалитет е сега вие што повеќе практикувате ниска цена или квалитет?

Леле брао за темава.
 
Кој има, ке плати за квалитет, кој не, ке земе нешто колку да носи или да не биде гладен.
 
Најчесто кај мене се работи за комбинација на прифатлива цена и солиден квалитет. Ако нешто не ми е толку неопходно не се залетувам. На пример, не сум премногу внимателен со мобилни телефони или со рачни часовници, па оттаму многу брзо и уште полесно може да се случи истите да ги упропастам. Во вакви случаи бирам производи чија загуба не би ме чинела премногу.
Квалитетот секогаш ми бил важен, но конкретно кај нас, дискутабилно е што е квалитетно, а што не. Не е реткост исто парче облека или обувка што во дуќан чиј газда плаќа 2000 евра кирија да чини 5000-6000 денари, на тезга да го најдете за илјадарка (бројките ги лупнав онака, но ова кај нас секако се случува).
Но ако нешто ми е навистина потребно, неопходно, квалитетот има предност. Ќе почекам, ако треба, ќе заштедам, ќе се информирам подетално и ќе го купам.
За храна сум пребирлив и манџија, па оттаму испаѓа дека соодносот цена-квалитет секогаш оди во прилог на квалитетот.
 
Прво зависи колку е длабок џебот па после ќе бираме. Иако кога купувам гледам да го извадам максималното за тие пари. :)
 
Гласав за квалитет, но би рекол и двете, посебно ако се работи за парче технологија, како лаптоп, мобилен, автомобил... во тој случај пред да купам нешто поминувам и до 3 месеци во истражување, споредување, проценка на тоа што сакам да го купам, за се си правам посебни свои критериуми, најчесто до буџетот кој го имам за тоа нешто.
Кога купувам патики на пример, цената воопшто не ја гледам туку само квалитетот, колку и да чинат, мора да бидат најблизу до совршени (за мене). Ова исто важи и за храната.
Кога купувам нешто што знам дека нема многу да го користам, а знам дека ќе ми затреба, тогаш ја гледам цената, на пример со велосипед, купив кинески ефтин велосипед, кој знам дека ќе ми заврши работа да отидам до некаде, ама ако често го возам, често ќе се расипува (слаб квалитет).
На некој начин се трудам да изберам „best buy“ според намената и употребата на тоа што го купувам, па доаѓам до некој баланс на квалитет и прифатлива цена.
 
Зависи за што ама барам некоја средина од двете.

Само еден пример.
Имам земано порано патики и од Шутка и од Бит Пазар и од рандом продавници.
Заклучив дека у просек тие патики траат 3/4 пати помалце од патиките што ги имам земано од Адидас и Најк.

У последните 4 години имам купено 4-5 пара патики од Адидас. Уште ги носам сите, ниту едни не ми се скинати за фрлање.
 
Храна квалитетно, меѓутоа битно ми е да ми се свиѓа тоа што го купувам. Оригиналниот пример, бифтек или месо со коска, хм јас преферирам T bone стејк или Rib Eye. Има моменти кога порадо би јадел мартадела него пршутa или хамбурегер од седмица него гулаб на француски начин во Le Meurice.

Исто важи и за облека. Мајца или фармерка не ми е битен квалитетот, и онака не ги носам подолго од 2-3 месеци. Одело, кондура или патика веќе друга работа. Тука гледам квалитет па и марка.

Техника квалитет ми е битен кога е во прашање комуникација, битно ми е да имам добар прием секаде. Покрај IPhone стално имам и од постарите NOKIA кој во многу наврати имаат подобар прием него модерните срања посебно ако патувате во некој банана република. Пред неколку години платив 5000 долари за самсунг плазама ТВ, веќе никад не би дал толку пари за ТВ. Нит имам време богзнае колку да гледам а гледам веќе секоја неколку месеци има некое ново чудо надвор. Во Јапонија веќе има телевизори што исфрлаат мирис, и 3Д веќе станува мала работа.

Квалитет гледам кога купувам скапи работи на кој вредноста ќе им остане или порасне. Конкретно недвижнина, монети и часовници.
 
Денес сите гледаат да купат поевтион, квалитетот не е важен, а причината за тоа е се поголемата сиромаштија на народот...
 
Кој има, ке плати за квалитет, кој не, ке земе нешто колку да носи или да не биде гладен.
Типично македонско размислување. А сте слушнале за штедење?
Јас штедам за да си го купам тоа што го сакам, а целам за квалитет. Се е до начинот на размислување - дали ќе биде краткорочно или долгорочно, зависи од нас.
 
Кога купувам обувки секогаш гледам квалитет( ако немам доволно парички ќе си почекам додека не соберам колку што ми требаат ), кога купувам облека цена, а кога купувам храна барам подобар квалитет по пониска цена.
 
Храна квалитетно, меѓутоа битно ми е да ми се свиѓа тоа што го купувам. Оригиналниот пример, бифтек или месо со коска, хм јас преферирам T bone стејк или Rib Eye. Има моменти кога порадо би јадел мартадела него пршутa или хамбурегер од седмица него гулаб на француски начин во Le Meurice.

Исто важи и за облека. Мајца или фармерка не ми е битен квалитетот, и онака не ги носам подолго од 2-3 месеци. Одело, кондура или патика веќе друга работа. Тука гледам квалитет па и марка.

Техника квалитет ми е битен кога е во прашање комуникација, битно ми е да имам добар прием секаде. Покрај IPhone стално имам и од постарите NOKIA кој во многу наврати имаат подобар прием него модерните срања посебно ако патувате во некој банана република. Пред неколку години платив 5000 долари за самсунг плазама ТВ, веќе никад не би дал толку пари за ТВ. Нит имам време богзнае колку да гледам а гледам веќе секоја неколку месеци има некое ново чудо надвор. Во Јапонија веќе има телевизори што исфрлаат мирис, и 3Д веќе станува мала работа.

Квалитет гледам кога купувам скапи работи на кој вредноста ќе им остане или порасне. Конкретно недвижнина, монети и часовници.

Willy-Wonka-Meme-oh-you-wear-aeropostale-and-ambercrombie-clothing-you-must-be-very-rich-and-fan.jpg

Те читам и заклучив дека си тешко снобиште што врска нема од живот, а чисто колку моето хејтање да биде поддржано со факти, прелистав над 500 твои постови од минатото. Буквално секој втор или во најмала рака трет твој пост е за тоа како ти си богат, како си кул, како си нашетан и начитан. Па ти и Тони Старк си го заебал пријателе.. Ама ми се чини дека премногу компензираш за нешто друго, башка куче што лае не каса. И ај држ' се ти до состојбата во твојата земја, ти Македонец повеќе не си, си се откажал од државава дента кога си потпишал друга земја да ти биде татковина. Мило ми е што ви тече мед и млеко, остај ние да си гледаме наша работа во наша земја.

Ontopic,
Се попаливте на квалитет толку што гледам очите ви сјаат кога ќе ви се спомне Apple или Porsche. Слабо нешто дискусија за оној сегмент каде што брендот формира 80% од цената, а? Оти еве некни гледам IP wifi камери и тешко да се најде некоја под 150 евра. Одам на DealExtreme и што да видиш, 45 долари за апсолутно истата камера. Ја нарачав, ми стигна и чисто за да видам колку го играат народов, ја флешнав камерата со firmware од тој "скапиот" производител. Без проблем си се вклучи камерата со новиот firmware и еве ја, сите функции работат беспрекорно. Од ~200 на 45 долари, тоа е солидна заштеда.

Работите се сведуваат на интелигенција на крајот на денот, и тоа колку си спремен да истражуваш. Најголем дел од нашите морончиња едноставно го купуваат првото што ќе го видат или евентуално прашуваат во 2-3 продавници. Ретко се случува некој да направи листа на еквивалентни производи па да читне рецензии за нив и да побара цени во странство.

Втор пример ми е Космодискот, кој се продава кај нас за 3500 денари. Го купи комшија и вика дека не е ништо посебно ама ете, помага кога се движиш, небаре масира ама за седење не е. Си го пребарав јас и на Alibaba успеав да нарачам тест примерок за 20 долари. Стигна, ја споредив кутијата со таа на комшијата за да видам да не е фалсификат некој.. Ма ништо, апсолутно беше СЕ исто, квалитетот на изработка, кутијата, формата - се работи за еден ист производ. За да биде уште пожална работата, пред неполн месец дена на бувљак си купив уште еден ист таков за 300 денари. Ова важи за СИТЕ топ шоп производи исто. Ped Egg, тоа што го продаваат околу 900 денари (мислам) кај нас, се наоѓа на ebay за $1.99. Magic bullet кошта 25 долари.

Значи не се сведуваат работите на тоа да купуваш цело време квалитетно или ефтино. Кога човек е заинтересиран за својот буџет, ќе внимава на овие работи оти нема ограничен прилив на пари, па тоа што ќе спечали денес ќе јаде утре. На цена не внимаваат само татините синчиња и мамините ќеркички, истите тие што плачат за нов ајфон секоја година а ако случајно не може да им се овозможи, се дујат и се лутат, небаре не е доволно тоа што имаат кров над глава и три топли оброци секој ден, бесплатно. Не, ајфонот е критичен за квалитетот на животот.. Тибам торлаците, тибам.

Дека некои работи треба да се купуваат поквалитетни, апсолутно се слагам. Кинески телефон треба да се избегнува затоа што во најкритичен момент може да те остави на цедило. Обувки треба да се квалитетни затоа што од нозете зависи во голем дел здравјето, башка не е страшно ако се носат 2-3 сезони. Храна најбитно, треба да биде квалитетна бидејќи се работи за мали ценовни разлики. Мочаш се во лебот на кој си заштедил 5 денари, а на маса испаднал како камен тврд и без вкус.

Како и да е, кога ќе имате деца на кои треба секој ден да им обезбедите храна, и тек како ќе внимавате на парите и цената, па ако треба ќе шетате 20 продавници денес за да заштедите на цената. Ако истиот производ го има на друго место за 200 денари поефтино, зошто да не пешачите малце? Го правите тоа за своите најмили. Зарем не вреди за тие 200 денари да видите насмевка на лицето на вашето дете кога ќе му подарите чоколадо или играчка?
 
Willy-Wonka-Meme-oh-you-wear-aeropostale-and-ambercrombie-clothing-you-must-be-very-rich-and-fan.jpg

Те читам и заклучив дека си тешко снобиште што врска нема од живот, а чисто колку моето хејтање да биде поддржано со факти, прелистав над 500 твои постови од минатото. Буквално секој втор или во најмала рака трет твој пост е за тоа како ти си богат, како си кул, како си нашетан и начитан. Па ти и Тони Старк си го заебал пријателе.. Ама ми се чини дека премногу компензираш за нешто друго, башка куче што лае не каса. И ај држ' се ти до состојбата во твојата земја, ти Македонец повеќе не си, си се откажал од државава дента кога си потпишал друга земја да ти биде татковина. Мило ми е што ви тече мед и млеко, остај ние да си гледаме наша работа во наша земја.

You must be jealous... Enter jealousy is a curse picture here lol :tapp:

Дечко ако не ти се свиѓаат мојте постови имаш опција да ги игнорираш искористи ја. Да не ја усеруваме темата глупо е да збориш за луѓе кој не ги познаваш а уште повеќе па и да кажуваш кој е а кој не е Македонец. Слободно гледај си ја твојата работа, не сум јас крив што не те бива за нешто повеќе.
 
Ами не можам да спијам од што сум ти љубоморен, а колку сум во право кога те нареков сноб покажува фактот што ти си способен да етикетираш некого за инфериорен дури и кога не знаеш ништо за него. Сети се дека пред јас да ти ја залепам таа етикета, прво те истражив за да видам дали мојата теза држи вода.

И де те молам, покажи ми на дело како тоа планираш да ми забраниш да те критикувам? Ќе ме банираш? Ќе ми ги одземеш пермисиите да пишувам? Бидејќи последен пат кога проверив, на форумов имаше нешто што се вика "слобода на говор" а ти пријателе, ако егото не ти дозволува да примиш критика бујрум отвори си блог, забрани коментари на него и фали се колку сакаш, на тој начин никој нема да може да ти одговори.
 
Ти не критикуваш мислење, ти вреѓаш лично без да знаеш ништо за некого али изгледа толку знаеш па ОК. Да си прочитал 500 мој постови ќе си видел дека огромен дел се во темите за спорт и трибина а таму друже сме секакви, впрочем такви ми се и пријателите. Ако имаш нешто лично да ми кажеш прати порака во сандаче да не ја усеруваме темата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom