Што ни е поважно: Цената или квалитетот?

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување

Што ви е поважно: Ниската цената или квалитетот?

  • Ниската цена

    Гласови: 23 20,4%
  • Квалитетот

    Гласови: 90 79,6%

  • Вкупно гласачи
    113
L

.Lost Angel.

Гостин
Наместо бифтек, купуваме месо со коска, пршутата или печеницата ја заменуваме со салама, а овошјето и зеленчукот ги купуваме на парче.

Жив пример ми е следново со воз патувам од Прилеп кон Скопје во воз сретнувам 2 лица помлади речиси некои 18-19 год. ме прашаа следново каде можеме во Скопје да купиме ефтини патики и парче облека следното кои и го кажав беше имате ефитни работи на бит пазар, шутка,зелен пазар, и тек тук по некоја продавница ефитна ако барате квалитет нормално за патики и самите знаете кои се тие продавници и дечките ми одговорија дај кажи кај да најдеме ефитини патики кој е*е квалитет е сега вие што повеќе практикувате ниска цена или квалитет?
 
Парите помножени со трпението ми го даваат резултатот. Не сум трпелив, и неможам да дочекам за одредени работи па го купувам она со пониска цена. Инаку секако дека би сакал квалитет. Е сега тука спаѓаат во главно технолошки работи, за храна не купувам неможам да ти кажам.
 
Најважен е односот цена/квалитет, колку што е можно ристоен квалитет.
исто како колегата и ја би играл , односно средно , пристојно , ако може да се снајде на пазарот ..

Денешниве трговци , се и сешто продаваат- па секој може да се превари , ама не секој ден, еднаш може да се излаже . . .
Јас како мајстор и производтел за мебел , нудам квалитет ... а сега ако некој сака само да помине , ја што да му правам . ..
 
Зависи за што се работи бе друже и зависи од човекот.
Нормално ако имаш кеш ќе гледаш најдоброто да си го дозволиш, а пари никогаш не се доста па како 99% од популацијава ќе балансираш.
И секако кога балансираш зависи што приоритети имаш негде ќе скратиш негде опуштено ќе фрлиш повеќе пари.
Јас за работите кои траат на подолг рок автомобил,куќа,добар часовник би претпочитал квалитет пред цена и секако ако ти се скине патика не е исто како да ти се расипе автомобил на сред пат или недај боже.
Таа ми е логиката во врска со цена vs квалитет.
 
Па зависи.. еве ако се патики во прашање квалитет, од друга страна фармерки повеќе сакам евтини да начекам, како на пример од Рекорд продавницата до Мекдоналдс :D
 
поважен е квалитетот, ама ако можеш да си го дозволиш ... има поговорка, сиромавиот два пати плаќа ... така да и ако земиш од поевтиното, не значи дека си заштедил нешто ... понекогаш е поарно да одиш на квалитет, без разлика на цената ...
 
Biten e kvalitetot da , a za niska cena stoako e eftino koga ke go nemas za brzo vreme i ke treba odnovo da davas pari , vrti suci siromasniot sekogas duplo plaka ;)
 
така да и ако земиш од поевтиното, не значи дека си заштедил нешто ... понекогаш е поарно да одиш на квалитет, без разлика на цената ...

Не си сосема во право, еве на пример патики
-најк од 150 евра
-најк, адидас,рибок од 30-50 евра
-адибас, ребцк и слично од бит пазар за 10 евра

Што одбираш ти?
Мене најдобра опција ми е втората, ем имам пристојна оригинал патика, ем не сум ја преплатил.
 
Одамна во бивша Југославија немаше многу голем избор ама пак затоа имаше пристојна цена и квалитет,а денес многумина мислат дека што поскапо значи е квалитетно,но тоа ништо не значи бидејќи купуваме поради бренд,а не квалитет оти квалитетот се губи со време поради конкуренции и зависи од суровини каде што купуваат без разлика за каков производ се работи еве прост пример купуваме леб по маркетите и чинат од 20 до 30 денари едната страна и другата страна домашниот селски леб кое се одгледува од сопствена нива за жито и сопствена воденица што меле жито за брашно и потоа си меси леб и се печат во своја фурна,значи едната страна фабрички произведува леб со адитиви помалку брашни и повеќе квасец,а другата страна секој по своја мерка и вкус без адитиви и без вишок квасец,И сега видете кое е квалитет, ова го кажувам како општ пример :) ;) А што се однесува на анкета јас гласав квалитет но зависи за кој производ.
 
Ајде и јас да дадам мислење во врска со темава за одредени производи мене ми значи цената но во исто време го пратам и квалитетот на производот на пр ако се работи за макарони нормално има од 20 ден до 45 денари е сега гледам да биде квалитетот да биде што повеќе а цената што помалку кога се работи за јадење а кога се работи за облека порано да купував од пазар и сл. но приметив дека плаќам 50 % помалку цена а квалитетот е 80 % помал од оргинал патика е сега веќе се одлучив да дадам повеќе пари но за тие пари да добијам солиден квалитет кој ќе ги задоволи моите потреби а и парите ќе се оправадаат така да последен пат си земав патики од convers и можам да кажам дека дадов 30 % повеќе пари отколку порано што дадов а квалитетот е 60 % повеќе од предходно :) значи за некои работи се исплати да дадеш повеќе пари за квалитет.
 
Купувајќи поскап производ, кој е изработен квалитетно, трошиш помалце пари него инфериорни продукти на кои векот на траење им е неколку пати пократок.

Сиромавиот и скржавиот секогаш плаќаат дупло.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom