Што научивте од последната врска во која бевте?

  • Креатор на темата Креатор на темата кики
  • Време на започнување Време на започнување
Повеќе сакам да препишувам у врските, одколку да учам од нив.. :)
 
Ништо ново, само си го потврдив тоа што го знаев. Моја дефиниција за љубов-и тоа е минливо, и тоа се раѓа и умира.
Постои заљубеност која е на самиот почеток, таа искра, кога сте заедно сакаш моментот вечно да трае(колку романтично ллеле) и после како одминува времето ја снемува, преминува во навика, ја нема привлечноста, занесот, ја снемува инспирацијата и еден ден се будиш, гледаш дека е 10 часот сабајле, стануваш, си правиш едно кафе, палиш цигара и сфаќаш дека не си веќе заљубен.
Баш штета.
И уште нешто, вечната, вистинската или која и да е таква љубов, е секогаш онаа невозвратената или немогуЧата...или лонг-дистанс.
Е баш штета.
 
Како ќе си ја наредиш така и ќе тераш...тоа е тоа,ако не сте инат и двајцата врската ќе се држи.
 
Научив дека никогаш повеке нема да сакам да сум во врска со помлад дечко од мене...Сепак нели сите не се исти ама ете тоа е мое мислење...:toe: :smir:
 
Научив дека... Лепа Брена многу добро го долови ова "samo jednom se voli svi drugi su sledeci" :cry::cry::cry::cry::cry:

next please
 
Ништо со оглед на тоа што никогаш не сум бил во сериозна врска, т.е. врска што траела подолго од 3-4 месеци... Уште сум дете бре, ни 20 немам за да се замарам со љубов. Да беа сите ко мене...
 
Дека никогаш немоеш да им веруваш на девојките...без навреда:back:
 
Научив дека имам краткотрајна меморија, па затоа се ми е во магла па осуден сум нештата да ги повторувам и конечно кога ќе се сетам... е предоцна :) !

Повторувањето е мајка на знаењето :)
 
Дека кроењето психолошки тестови и сценарија, за да откриете како партнерот/партнерката ќе реагира/постапи во одредени моменти и како размислува, и преку анализата на истото да утврдите дали се тие за вас или не, се многу, многу, лоша идеја.

Знам дека девојките обично го прават ове почесто, кога се со некој дечко што многу им се допаѓа, од истите причини. Пак, ќе речам, во Beyonce стил: It's a very bad idea. A very, very, bad, bad idea! :)
 
Не дозволувај слатки зборови да те замамат,и широка насмевка,сјај во очи....има добри глумици :)
 
Ако можеше тоа да се нарече врска ....... тогаш научив дека не треба никому да веруваш. Барем не 100 %. И тие што мислиш дека никогаш нема да те повредат, кај и да е, ќе те зафркнат. Јбг, сурови се луѓето ...... :toe:
 
Темава ми дојде на врв како фул хаус во покер...
Мојата последна врска заврши вчера, на мирен разбран и културен начин, добив едно исто така мирно и културно фак офф!!! Гром од ведро небо дирекно во мојата психа кој во последниов месец доживува неподнослив очај и депресија, моментот е баш најнепогодниот што можеше да се избере.
Врската како таква беше повеке од совршена, имавме многу големо разбирање, посебен разбирлив начин на комуникација, моментите на нервоза беа ретки и завршуваа позитивно со уште поголема доза на љубов.....
Го измени комплетно мојот живот, во позитивна насока, со неа ги доживеав најубавите мигови во животот, бев срекен како кокиче во пролет.....и сеуште се прашувам зошто, и најлошо од се е што немоѓам да го откријам проблемот, за прв пат по 4 години не сум способен да разберам преку дискусија, а се трудев искрено најмногу што можев, променив многу работи, личниот карактер, бев внимателен со неа, се трудев никогаш да не ја повредам, ја сакав и сеуште ја сакам повеке и од самиот себе, сум свесна личност ја прифакам реалноста како таква и ќе мора да продолжам понатаму без неа, како не знам.....
А што научив од врската?
Научив дека животот е еден и единствен и дека не треба да се троши залудно, научив дека не постои љубов онаква каква што јас ја замислувам ЗАСЛЕПЕНА,(сум пишел по теми на форумов дека постои љубовта и сум застапувал такви ставови, им се извинувам на сите со кои сум расправал за тоа) научив дека животот е курва и тој сега се ебе!!! и се надевам дека набрзо ке сврши и ке посегне по цигарата...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom