Што научивте од последната врска во која бевте?

  • Креатор на темата Креатор на темата кики
  • Време на започнување Време на започнување
Научив дека треба да се трудам што повеќе и да давам се од себе да не повредувам намерно или ненамерно. Секогаш прво да тргнам од себе и од признавање на грешките кои ги правам, а потоа да барам од него да го смени тоа што ми смета. Никој не е од камен да го претрпува понекогаш мојот периодичен пмс...подолг од колку што може да биде. Се останато беше на место... и поставеноста,и жртвувањето ,и меѓусебното разбирање. Личност за која секогаш ќе бидам тука и личност која секогаш ќе биде до мене без разлика на се`. Му благодарам за се`...

`И знај да бичу ту,
и кад наврати нам туга
ти у мени наџи снагу
пријатеља вјерног друга.

И знај да бичу ту
да ти добро ,добрим вратим
и на врху и на дну
да осмехом те пратим . `
:back:
 
Ладнокрвен лав.
Научив дека незнам што е љубов.
Дека незнам да сакам.
Нема ни да научам.
Научив да живеам во својата проектирана
крута контура.
Ма фино ми е.
 
Лоши работи кои ги открив кај мене и кои не скам да ми се повторат:
1. Да не се плашам од промени
2. Да му верувам на партнерот
3. Да не бидам себична

.... кој високо лета ... ниско паѓа

Добри работи .... кои пријатно ме изненадија беа:
1. Сочуствителна и хумана, емотивна
2. Толерантна
3. Добра домаќинка
 
дека треба да барам друго хоби.

инаку хоби ми е пишување песнички
 
Дека додека и идеш по кеф, ќе биде све у ред
 
Дека додека и идеш по кеф, ќе биде све у ред

Добар виц! ако идењето по кеиф ти ја направило врската и ти било све у ред..тогаш всушност (ништо не било во ред)
 
Хех.....Научив дека денеска не треба да се има доверба во никој.И научив дека не секој заслужува помош.
 
скоро ништо животот не е вечно,на све ке му дојде крај и колку и да сакаш некој со цело срце и колку да поминеш со него,добро лошо еден ден ке помине и ке дојде ред и со некој друг/а да го доживееш истото,може не исто но сепак слично на тоа.на кратко-џабе сите нервози кога кога-тогаш ке дојде крајот и на тоа.
 
да не простувам, баш на секој, и ако веке се деси да простам, да ја знам причината за која се трудам сеуште.
и да не давам се што можам бидејки не е секогаш на арно.

а и заборавив, да не кривам само друг, да гледам и барам малце и во мене. никој не е светец.:smir:
 
Се уште учам, и неможам да научам дека љубовта е еден процес кој не се развива толку брзо и иде споро но се надевам сигурно!
 
Не од последната, ниту сегашната, ниту идната, туку од општото гледање на врските околу мене, на моите партнерки и на мене самиот... Грижата не создава убава врска, ниту љубов, ниту среќа. Не создава ниту страст или бурни емоции. Не нуди ништо за уживање со партнерот а сеуште... сите ние сакаме да ја дадеме токму кога никој од нас не ја бара. Колку иронично.

Ниту една врска нема двајца партнери кои се еднакво внесени во истата.
Секоја врска има “костури во плакар“ кои никогаш не излегуваат на виделина.
Ниту една долга врска не се базира на љубов и ниту едно од овие правила не важат за секоја следна врска во која стапувам, се додека не се докажат како точни.
 
Се уште учам и досега научив дека искреноста и довербата се многу важни, и дека треба да се има храброст за секакви промени и напредок, и дека се ќе си дојде во свое време.... ако вистински од се срце даваш љубов, ќе си добиеш љубов. :smir:
.....а и да не претерувам, да не си правам филмови и да не сваќам се здраво за готово.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom