Што научивте од последната врска во која бевте?

  • Креатор на темата Креатор на темата кики
  • Време на започнување Време на започнување
Научив дека не треба да се зближуваш мн мн со роднини, да не баталуваш све ради некого, да го баталиш ако се караш со него цело време...

И да, некои луѓе неможеш да ги смениш.
 
Научив дека никогаш не треба да преќутувам, дека секогаш треба да го кажувам тоа што го мислам и што ми смета. Исто научив дека треба да гледам и за мене, а не само за партнерот, што мисли он, дали е задоволен и среќен и што сака он. И дека никогаш не треба да жртвувам се ако личноста не го заслужува тоа.
 
Научив дека женските доста не знаат што сакаат....

Дефиницја за Искуство

Искуството е нешто, што нема да спречи да ги напраиш истите грешки, туку полесно да ги препознаеш ако ги повториш....
 
Научив дека не треба да го живеам животот за другите туку за мене!
Дознав дека не сум створена за љубов и дека не треба да се масирам со врски од по 1-2 години кои знам дека немаат цел...
 
не учам од грешкоитееее:tapp:
 
deka ne treba da fatam za cicka uste od prv sostanok..napraiv greska znam...se podnapivme...jas ja sarmirav padna na sarmot...i koga bese se ubavo i romanticno..ja fativ za cicka i dobiv blag samar...
pouka: Ne izbrzuvaj seljaciste...bidejki nema da dobies u idnina:)
 
Ништо не научив.
Истото срање го проаѓам пак.
И пак.
И пак.

Ебем ти глупата:uvo:
 
Од претходната ништо.. Уствари кога ќе размислам, од сите претходни врски сум научила и сум сфатила што ми е судбината.. Ко магнет сум за кретени..Па сеа знам повеќе да проценам со кого имам работа.

Од оваа врска сега учам најмногу.. за жал..:uvo:
 
Научив дека не сум за врска:costumed2
 
Научив дека без љубов ништо не бидува џабе некој ти е добар карактерно и прави се како што сакаш таквата врска е измачување:pipi:
 
Научив дека сепак машките се големи идиоти (немојте да се навредите, нормално не се однесува до сите, има и исклучоци) и дека нема лек за нив. Едноставно се такви и само Господ нека им е на помош, и ќе ти се улизуваат и ќе се прават добри додека не те искористат. Ете така
 
Од времето дур Зеко уште имаше каков таков талент за уметност,и дур му остануваше време за...хммм... :) уметност !!! :bip:

За себе.
Чекориш низ ходниците на запаметеното,но темнината е густа и напредуваш бавно.Чепкаш по ѕидовите на доживеаното,збираш трошки од сеќавањата,збираш мириси.Во еден од ѕидовите налетуваш на шкаф,во шкафот уште една врата,зад вратата црни фиоки.Ги отвараш полека,една по една,додека на рацете ти се постила фината прав на времето.Во црните фиоки ги наоѓаш необјавените стихови.

Тој е виновникот за сите туѓи стравови,тој е проколнат на вечна потрага,тој е љубовник на делфинот.Тој танцува со ноќната песна на јатата славеи,тој чува дел од морето во своите очи,и дел од ветрот во својата брада.Тој не знае што е тоа логика,тој само мисли преку чувства.Тој е еруптивна смеа,тој е скриена болка,неодминлив его трип,засолниште за сите деца на морето.

Нему му е дозволено да се бунтува,нему му е дозволено да ги урива звездите и да ги менува патеките на планетите.Нему му е дозволено да ја овековечи својата возбуда.Тој е син на среќата и брат на болката.

Изговарам `по ѓаволите!`,ги гризам дисковите,палам неколку цигари,интензивно мислам,верувам во телепатија но се чини дека телепатијата не верува во мене,па повторно зјапам во телефонот,потоа во прозорецот...
Уште едно по ѓаволите...некој со крв ќе плати.

Толку многу зборуваш за неа,што твоите пријатели имаат се помалку трпение.Твоите непријатели немаат трпение,но зборуваат за тебе.Во секој случај,тука не е важна рамнотежата туку твојот непрекинат монолог.Дури и ти се помалку можеш да го слушаш.Го бараш вистинскиот начин да не мислиш на неа.Имај верба.

Кога сите врати што ти биле отворени ќе ги најдеш заклучени,ќе станеш прв ортак на збунетоста и свршеник на болката.Стануваш зависник од енергија.Сето тоа во еден ден.Ми текнува,толку траеле и трагедиите во стара Грција.

Никогаш не избрзувај.Она што е твое ќе дојде,ќе те чека,сеедно.Јас знам,јас сум пропатувал,јас имам добра километража.Не избрзувај,ако е можно.Кроти го јазикот зад вознимерените усни,не избрзувај,велат оти кажаното не се враќа.Она што било е она што го имаме.Затоа,уживај во она што го имаш,за утре да имаш повеќе.Не брзај.

`за следниот::vozbud:
Го гледам начинот на кој што те вовлекува во играта,и знам колку е тешко да одолееш.Таа прави да изгледа како да е навистина лесно да добиеш,па мислиш дека едноставно не можеш да промашиш.
Пред да ризикуваш братче,морам нешто да ти кажам - таа игра со наместени коцки. :wink:

Не можеш туку-така да ја закачаш.Ако мислиш да и се приближиш,подобро ќе ти биде да смислиш подобра причина.ААко те прими кај себе,биди внимателен:можеш да излеташ надвор побргу отколку што си влегол.Ако те бакне,возврати и.Ако вика,ако куќата ја превртува наопаку од лутина,бакни ја пак.Однеси ја во кревет,скроти ја,за обајцата да уживате во вашиот нов мир.Ако не сака да оди во кревет,дај и се на првото згодно место.

за опрост.

Виновен е Александар Бел,виновен е мојот часовник,зашто многу повеќе ме сакаат кога доцнам,виновно е облачното небо и сите мои амбиции да станам просечен.Виновни се виолините на циганите,и ветрот во празните станови,и преполните болници,и сите неми затвори.Виновни се сите неизговорени обвиненија,повиновни и од изговорените,и виновна е празнотијата во мојата соба.Тука владее ураганот.

Кога ќе дојде време за збогување,нема потреба од зборување,нема ништо за простување,нема потреба од пресметување.Се е готово,приказната завршила.Конец.Можеби еден долг бакнеж.Како печат и потпис.

Кажав за болката,и за страдањата нешто спомнав,ако продолжам премногу ќе биде,вишок ќе направам,потполно непотребен...
Ќе ми дојде денот,реков веќе,и се ќе витосам преку рамо,чекорејќи по нагорнината кон светлината.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom