Како сфаќам еден расипан ден? Да немаш волја да мрднеш од соба, цело време додека си буден да мислиш на ситуацијата која те довела до тој степен, нервозата да се зголемува со секоја минута, да не сакаш баш со никој да се сретнеш и воедно да ги избегнуваш сите.
Зарем некој може цел ден да мисли на исто и цел ден да се нервира? Мора да постои нешто или некој кој може да те расположи (освен во екстремни случаи).
И уште нешто. За мене не постои она: „Леле пред легнување ми го расипа(а) денот“.