Што мислите за TIME.mk?

  • Креатор на темата Креатор на темата klikster
  • Време на започнување Време на започнување
Time.mk е машина. Web mining постапка која ги автоматски ги презема инфомациите ги класифицира, кластерира и оценува и ги пласира на ваше задоволство.

Како прво како можеш поради некои блиски нијанси на бои или груба распределба на фрејмови да заклучиш дека станува збор за едно исто? Целиот сајт и целата позадина е развиена локално од администраторот. Врската која ја посочи ама баш нема логика.
Не знаев дека чудово е бот :)

А инаку за дизајнот имам замерка, иако има толку многу категории можеле да се потрудат да смислат нешто пооригинално. Тоа што веќе е видено, веќе е видено.
 
Ако работал во гугл сигурно нешто дрпнал од http://news.google.com сорсот :)
Пошто мислам гугл прв исфрли ваков вид на софтвер, дан им текне да го тужат :)

Ептен на почетокот дури и дизајнот апла го имаше ископирано од гугл
 
еве тука на слајдшоуто можете да видите како изгледаше TIME.mk пред една година. Слајдшоуто е најдобро да се гледа со fullscreen, за подобро да ја видете сликата од дизајнот.
 
Браво за time.mk, секој ден го посетувам по неколку пати, одамна сум фан на сајтот. Не ме интересира дали е копија, дали е краден или не. Битно ми е што ги собира вестите од речиси сите медиуми и ги имам на едно место.
 
плус тоа незнам дали знаете дека од пред една недела TIME.mk го пушти во работа новиот начин на рекламирање за 1 евро/неделно, што е единствен од ваков тип во Македонија. На овој начин ќе можат вебмастерите со помал буџет да се рекламираат на сајт со доста голема посетеност.
Уште еднаш напоменувам дека не сум никаков админ на TIME.mk или пак некаков промотор. Едноставно многу ми се допаѓа сајтот и секојдневно го следам.

http://ad.time.mk
 
Ако работал во гугл сигурно нешто дрпнал од http://news.google.com сорсот :)
Пошто мислам гугл прв исфрли ваков вид на софтвер, дан им текне да го тужат :)

Ептен на почетокот дури и дизајнот апла го имаше ископирано од гугл

Станува збор за концепт кој е базиран на други широко познати алгоритми. Не е нешто подложно на патент или предмет за тужба. Секој има претстава како може да работи, а ако ги знае алгоритмите и ако знае да програмира - може да го направи.
 
Обавезно си читам јас тиме.мк. Одма сите информации ги има, посебно ако има некоја новост и немаш појма кај да ја бараш ја има сигурно на тиме веднаш. Или баш на тиме прво ќе ја дознаеш :)

Само нели пред недела две баш гледав имаше Тиме фан, Тиме спорт, Тиме на албански ...
А овие денови ги нема. Тие беа на проба нешто? Или?
 
Само нели пред недела две баш гледав имаше Тиме фан, Тиме спорт, Тиме на албански ...
А овие денови ги нема. Тие беа на проба нешто? Или?

Беа за на озбилно, ама после тоа се додаде опција за сопствено уредување на страната (што сеуште ја немам пробано) па овие стариве отидоа јабана. Oh well...
 
Да ми кажете некој сајт (странски/македонски) сличен на time.mk, ама различен софтер што користи?

Ми треба да направам проектче, да го споредам Time со некој друг сајт. :)
 
Единствено занимливо од овој агрегатор што дознав е дека едно чудо портали објавуваат едни исти информации, некои дури и под ист наслов и што е најтрагично точно знам од кои американски извори им се преведени.
 
Да ми кажете некој сајт (странски/македонски) сличен на time.mk, ама различен софтер што користи?

Ми треба да направам проектче, да го споредам Time со некој друг сајт. :)
незнам дали би ти послужил daily.mk и daily е солиден ама тајм е прв во мкд па така да повеќе го поштувам
 
Единствено занимливо од овој агрегатор што дознав е дека едно чудо портали објавуваат едни исти информации, некои дури и под ист наслов и што е најтрагично точно знам од кои американски извори им се преведени.

Епа тоа е... сите телевизии имаат скоро исти стории и истите ги има на нивните сајтови.

Да ми кажете некој сајт (странски/македонски) сличен на time.mk, ама различен софтер што користи?

Ми треба да направам проектче, да го споредам Time со некој друг сајт. :)

Хмм... Yahoo News, World News, News Now, др. не ми текнува моментално.
Едит: Од нашите Daily.mk
 
Мац веќе ти го кажав на фејсбук, али еве и за тие што не го знаат ќе го пишам.

guru.mk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom