Што мислите за TIME.mk?

  • Креатор на темата Креатор на темата klikster
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
27 март 2009
Мислења
180
Поени од реакции
4
Мислам целокупно за сајтот и за новата опција за персонализација, т.е. прикажување на кое место да биде вашата омилена категорија и колку вести да прикажува.

П.С. и за новиот начин на рекламирање за 1 евро/неделно

http://www.time.mk
 
Јас мислам дека Acid треба да ти искуца фактура една за рекламирање :toe:
 
како прво не сум админ на time.mk па да рекламирам, а како второ постот е за новата опција за персонализација, ако веќе знаеш што е тоа
 
Ја имам ставено www.time.mk како букмарк и сега за сега сум задоволен. Буквално сите информации на едно место и што е битно доста се ажурирани.
 
Мислам целокупно за сајтот и за новата опција за персонализација, т.е. прикажување на кое место да биде вашата омилена категорија и колку вести да прикажува.

П.С. и за новиот начин на рекламирање за 1 евро/неделно

http://www.time.mk

За ВМРО или за СДС сте да знам дали да ве читам.
 
Можевте да смените барем нешто од дизајнот на http://www.telegraph.co.uk/

Колку и да е неписмен и глуп чоек не треба многу за да свати тека страните се исти. Сума сумарум се е смислено, шојма да мислиме ко друг смислил. Само користи и терај.
 
Ја имам ставено www.time.mk како букмарк и сега за сега сум задоволен. Буквално сите информации на едно место и што е битно доста се ажурирани.

Time.mk е машина. Web mining постапка која ги автоматски ги презема инфомациите ги класифицира, кластерира и оценува и ги пласира на ваше задоволство.

За ВМРО или за СДС сте да знам дали да ве читам.

Ако не те мрзело, ќе си скокнел до страната и ќе си разгледал на кратко и ќе видиш дека не е новинска агенција ами интерактивен веб сајт кој ги спојува сите вести во едно. И оние ВМРО-вските и оние СДС-овските.

Можевте да смените барем нешто од дизајнот на http://www.telegraph.co.uk/

Колку и да е неписмен и глуп чоек не треба многу за да свати тека страните се исти. Сума сумарум се е смислено, шојма да мислиме ко друг смислил. Само користи и терај.

???
Како прво како можеш поради некои блиски нијанси на бои или груба распределба на фрејмови да заклучиш дека станува збор за едно исто? Целиот сајт и целата позадина е развиена локално од администраторот. Врската која ја посочи ама баш нема логика.

Он-топик. Секојдневно, многукратно. Најважен извор на информации ми е.
 
браво HsIlOmEdUs, има објасни на сите што не знаат дека TIME.mk е робот, а не човек. Целиот сајт е автоматски
 
Јас мислам дека е "педерски" да добиваш пари за постирање информации од други сајтови, поготово кога некои од тие сајтови не ни имаат реклами на нив - значи сеуште се непрофитни.

Али ај, тоа е back-end разговор, не им е битно на обичните корисници. :)
 
Не е педерски од две причини.
Прво, на тиме.мк не се постираат вестите туку само нивниот почеток и линк кон конретниот извор. Напротив повеќе добиваат обичните новински сајтови пошто тиме.мк ги линкува и им ја зголемува посетеноста.
Второ, тиме.мк и тоа како заштедува време при добивање некоја адекватна информација. Наместо да скиташ од сајт до сајт, овдека добиваш се и веднаш. And since time=money, therefore :)
 
http://www.naslovi.net/ Sporedete potpolno isto.:smir:
Kako i da e zadovolen.

Имаше уште еден, словенски, не ми текнува линкот. Истиот софтвер е.

Не сум сигурен баш за оригиналното потекло на софтверот. За тоа дека тиме.мк се доразвива локално сум сигурен, ама дали е целосно овде изграден не толку.
 
Ко што знам сопственикот на Тајм.мк бил вработен во Google некое време.
 
Корекшн:
ТIME.mk е бесплатен продукт кој е дизајниран и имплементиран од Игор Трајковски (ex-Googler).

ТIME.mk е сеуште во развојна фаза. Секаква идеја, забелешка или коментар се добродојдени и можете да ги пратите на: admin AT time DOT mk

Сепак е целосно наш продукт.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom