Настрана методите за пратење на трансакции, има друг голем аспект на кеш против дигитално.
Кешот секогаш има иста вредност (краткорочно, не зборувам за инфлација), независно кој го користи.
Банките и провајдерите на картички земаат провизија минимум 1-3 проценти.
Пример од
официјален документ на НЛБ, провизијата за трансакција на ПОС терминал е минимум 1%. За онлине плаќања бараа до 2.6%, не знам сега колку е. И сите други банки, сервиси и payment gateways земаат провизија.
Таа провизија ја плаќа крајниот купувач.
Бизнисите секогаш ќе ја вкалкулираат таа провизија во крајната цена како додатен трошок.
1000 денари во кеш секогаш се 1000 денари, ни повеќе ни помалку. Но 1000 денари во дигитален метод губат вредност при секоја следна трансакција.
Еве една мала поедноставена приказна за илустрација:
Пример одиш на пазар, купуваш од земјоделец за 1000 и плаќаш со една банкнота од 1000 денари. Потоа земјоделецот со таа банкнота оди во месара и купува месо за 1000 денари. Потоа месарот со истата банкнота оди во бурекџилница и купува за 1000 денари. Потоа пекарот со истата банкнота оди на пазар и купува за 1000 денари. И така натака, се додека банкнотата е во циркулација, таа има вредност од 1000 денари.
Да речеме дека после некое време сите се модернизирале и сега имаат ПОС терминали и прифаќаат плаќање со картички.
Да го повториме истиот тек, со минимална провизија од 1%.
Одиш на пазар и купуваш за 1000 денари. Земјоделецот добива 990 денари, банката 10. Уште од првата трансакција гледаме дека не е исто. Но да продолжиме понатаму. Сега земјоделецот оди во месара и купува за 990. Месарот добива 980.01, банката 9.9. Потоа тој оди во бурекџилница и купува за сите пари што ги добил. Пекарот добива 970.3, банката 9.8. Тој оди пак назад на пазар и од првичните 1000 денари, сега има 970. Итн, итн ...
Само при 3 трансакции банката зела 30 денари (3%).
После одреден број на трансакции, тие почетни 1000 денари технички не ја изгубиле вредноста, но сите се префрлиле на трета страна која не е директно инволвирана во размената на добра и нема да ги врати во циркулација како претходно.
Мојот краен заклучок е дека и покрај тоа што картичното и онлине плаќањето ни го олеснуваат животот, не се секогаш посакувани.