Што кога ви велат "Те сакам", баш кога...

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување
Скоро на сите ни се има случено.
И на мене. И ми беше премногу непријатно. Не возвратив со ништо. А и самиот он ја знаеше целата ситуација а сепак го кажа тоа.
Секогаш во таков момент е најдобро да кажеш искрено и веднаш како стојат работите но едноставно некогаш ти снемуваат зборови и се што ќе испуштиш од уста е тишина.
Нели?
 
лоша ситуација.... ептен лоша.. нит си натаму нит си наваму.. сепак едното мора да се избере! кое ке биде сами одлучуваме а богами и одлуката не е воопшто едноставна!
 
Мене ми се има случено 3 пати.
Првата ми беше депилаторка, па ми бидна пријателка, па она после сакаше и љубовница да ми биде. И она кога ми кажа а јас веќе знаев што ке ми каже, и кажав дека нема никаква шанса да бидам со неа, дека си имам друга симпатија... и зашто ми требаше некоја да ме депилира за без пари и реков дека можда и не е сега баш време за нас, али покасно може и да биде.
 
Сигурно ви се има случено, без разлика дали сте биле во врска која сте сакале да ја завршите или пак станува збор за најдобриот пријател кој за вас сепак е само другар, а во сите тие ситуации некој ви вели „ТЕ САКАМ“ баш кога не треба, и сега како да реагирате, а добро знаете дека вашите чувства воопшто не се такви, напротив???
Би и кажал дека јас немам такво чувство и дека со мене само на маки ќе е
 
Не реагирам никако. Доколку чувтсвото не е обострано убаво објаснувам зоштое тоа така. Нема потреба од драматизирање и слично. :smir:
 
Ми се има случено.
Бирам другарство over lovers.. што значи.. јас и тој ќе си бидеме само другари, без разлика на поинтензивните чувства кои се развиле.
Тука се некаде и двете.. едниот ќе се опушти и другарството добива поинаква слика, па другиов автоматски ќе укапира дека има нешто повеќе од другарство. А нема.
Сигурно нема да одам против себе и да се присилам да направам нешто со него, или пак од сожалување. Ако му одговара, кеј.. ако не.. јебига. Барем ставот не сум си го сјебала, ако другарството ни се сјебало.
 
Ми се има случено не баш во моментот кога сакав да и раскинам туку некој ден пред тоа девојката ми кажа Те сакам, зборови пресилни за мене кои речиси никогаш не ги изговарам, поготово не напразно.
Најпрво ми се чинеше дека ме заебава со оглед на тоа дека нашата врска траеше само 1 месец... НО (потенцирам НО) брзо ја увидов реалноста дека жените се способни за секакви малверзации со цел да ја остварат својата замисла и бев доста суров спрема девојката. Се водеше кон тоа дека откако таа виде дека јас не сакам да сум во врска со неа повеќе, таа почна да се служи со гадни трикови.
Така да, НЕ ВЕРУВАЈТЕ секогаш,поготово не на жените кога ќе ви кажат таква работа после релативно кратко време (ве молам без драпање од типот - секој за различно време се приврзува) затоа што она за што жената е способна, мажот неможе ни да го замисли... Со жените ќе владее оној кој ќе им продре во психата и во нивните игри, а тој кој нема да успее ќе биде ГАДНО ЗАЕБАН !!!
 
Нека каже на сите јазици ако сака.Сепак делата повеке кажуваат нели:wink:
Секој може да каже Те сакам но дали го чуствува тоа?дела се бараат а не зборови.
Инаку ми се има случено тоа.Еден школски ми беше кажал а јас малку бев вкочанета.Но ништо страшно,му кажав дека го гледам како другар и дека не сакам да го загубам.:back:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom