Што кога неговиот/нејзината најдобар/а другар/ка ви се додворува?

Dark Angel Nora

Angel In Disguised
Член од
30 септември 2008
Мислења
223
Поени од реакции
10
Во врска сте, се оди како што треба, ама по некое одредено време приметувате дека најдобриот/та другар/ка на вашиот партнер, ве гледа со поинакви очи. Дали ке му кажете тоа на вашиот партер, ќе си го чувате тоа во себе со надеж дека ке помине, или нешто сосема трето?
 
Нема да му кажам. Ама индиректно ќе се потрудам да му наговестам дека не треба толку да му верува.
Всушност и не знам како ова би го извела, ама во секој случај, нема да му кажам.
Не сакам да бидам причината за разорување на долгогодишно другарство поради еден момент на машка слабост. Себична сум и не сакам да носам на грб товар на вина што двајца пријатели се скарале.

Ќе го предупредам другар му, ќе го потсетам на некои работи што ги подзаборавил. На крајот на краиштата човек е, нормално е понекогаш да излезе вон контрола и да не може да си ги исконтролира нагоните. Не дека го правдам, ама би разбрала. Тоа не го прави ултимативно злобен другар и не значи дека не е посветен пријател. Само сите имаме право повремено да кикснеме. :)

Ако го прави тоа континуирано, сепак ќе мора некако да реагирам. Како- ќе смислам кога тоа ќе ми се случи.
 
pa sigurno deka ako imas malce poseriozna vrska (kako mene na pr) deka odma ke mu spomnam na partnerot a ako ne se poznavate bas najdobro so partnerot togas e podobro da pocekate i da vidite kako ke se odvivaat rabotite zosto neznas kako partnerot ke te svati.vo sekoj slucaj e glupava situacija
 
на другарката најпрво ќе пробам на најфин можен начин да и кажам дека не сум заинтересиран. најверојатно ќе и се јавам и колку што е моно подиректен ќе бидам.
 
Во врска сте, се оди како што треба, ама по некое одредено време приметувате дека најдобриот/та другар/ка на вашиот партнер, ве гледа со поинакви очи. Дали ке му кажете тоа на вашиот партер, ќе си го чувате тоа во себе со надеж дека ке помине, или нешто сосема трето?
Па досега вакво нешто не ми се случило и воопшто не сум ни размислувала за тоа.Ама сепак мислам дека доколку се случи тоа во прво време ке го чувам во себе со надеж дека брзо ке помине, мегутоа ако не помине тогаш во зависно од ситуацијата ке барам некое си решение:toe:
 
Во врска сте, се оди како што треба, ама по некое одредено време приметувате дека најдобриот/та другар/ка на вашиот партнер, ве гледа со поинакви очи. Дали ке му кажете тоа на вашиот партер, ќе си го чувате тоа во себе со надеж дека ке помине, или нешто сосема трето?
Се` зависи од тоа дали неговиот (најдобар) другар само „ме гледа со поинакви очи“, дали јас сум приметила дека му се допаѓам по некои реакции и по погледот (што не секогаш мора да е точно) или ми се додворува директно.

Јас не знам дали може да се нарече „најдобар другар“ тој кој што се пушта на девојката на својот најдобар другар. Тогаш ТОЈ всушност не му е ни другар, не па најдобар.

Јас не викам дека не може да се случи некој да се заљуби во девојката на најдобриот другар, но кога веќе ќе почне директно да и` се пушта на девојката, а воедно и со тоа да ја расипува нивната врска тогаш тој ги губи епитетите „најдобар“ и „другар“.

Во случај мене да ми се случи ова нема веднаш да му кажам на дечко ми затоа што ќе мислам прво на нивното другарство. Најпрвин ќе му направам муабет на другарот да престане со тоа и ќе му објаснам се`: од тоа дека тој воопшто не ме интересира, до тоа дека не сакам да го изневерам дечко ми, па најмалку со негов најдобар другар. Во муабетот секако ќе го спомнам и нивното другарство колку да го потсетам дека може да се расипе, ако продолжи со додворувањето.

Е сега ако и после овој муабет не се опамети и не се поправи тогаш нема што друго да ми преостане освен да му кажам на дечко ми за ситуацијата. Ќе му дадам до знаење дека после ваквите постапки мојот заклучок е дека тој не му е вистински другар. За тоа дали дечко ми ќе продолжи да се дружи со другарот или не, јас тука не можам ништо, он сам си одлучува.

(for the record, ситуацијава ја рагледав во случај на сериозна врска)
 
ќе биде интересно, во секој случај :pos: :pos:
ако партнерката се согласува ќе идеме на тестирање :pos: :pos:
чисто онака да провериме до кај е спремна да иде
 
Уште маалце самокритични да бевте :)

Многу често самите вие сакате да го привлечете вниманието на неговото/нејзиното друштво за бидете полесно акцептирани, па понекогаш се заборавате/ме :)

И тоа е најчесто вистината.
 
Колку нема врска. Значи сакам да стојам добро со неговите другари, сакам да ме прифатат, не сакам да не можат да ме гледаат, ама во секој случај не сакам да им го привлечам вниманието или да ги провоцирам.
 
ова е тачно, у многу случаеви...затоа со цура не се излага у лично друштво:smir:
 
Уште маалце самокритични да бевте :)

Многу често самите вие сакате да го привлечете вниманието на неговото/нејзиното друштво за бидете полесно акцептирани, па понекогаш се заборавате/ме :)

И тоа е најчесто вистината.

Точно :)
Ама на форумов сите сме чисти и свети, нели така:)
Генерално, нема ништо лошо во тоа, обично зошто тоа останува на симпатија, другарите ретко кога се осмелуваат да направат нешто со цурата на другар. А на мене никогаш до сега не ми пречело да знам дека му се свиѓам на другарите на дечко ми, особено поради тоа што никогаш немало хаце пуштања туку некое срамежливо/полускриено додворување.
Можда сум кучка, ама ги имам и охрабрувано ваквите додворувања:) Се само за да ми биде забавно, генрално...
 
Колку нема врска. Значи сакам да стојам добро со неговите другари, сакам да ме прифатат, не сакам да не можат да ме гледаат, ама во секој случај не сакам да им го привлечам вниманието или да ги провоцирам.

Индивидуално зависи, од она јас што сум забележал, имам ваков впечаток. Не е некое правило, но е често.
Тоа што си фина, пристапна личност, не значи дека ќе биде примано од другата страна на начин на кој ти претпоставуваш дека би требало.
 
Нема да му кажам на партнерот и ќе го игнорирам неговиот другар.
Ќе му дадам до знаење дека не сум заинтересирана воопшто за него туку дека сум со неговиот најдобар другар.Типот валда кога ќе види дека нема шанси и дека не му обрнувам внимание ќе прекине со тоа:uvo:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom