Што кажува вашиот изглед (фаца) за вас?

  • Креатор на темата Креатор на темата smihajlo
  • Време на започнување Време на започнување
дека сум самобендисан (лош впечаток имаат)
 
Иам размислувано за ова и мислам дека е точно до некаде. Дури има и посебни професионалци кои се занимаваат со оваа тематика и тврдат дека лицето е склоп од особините и искуствата на една личност ...
 
ми имаат кажано дека делувам на дигната, резервирана...
дигната у никој случај не сум
а за резервирана до негде точно, блиски се терминиве по дефиниција но сепак има разлика, дигната го сфаќам као демек мислам не си ми на нивоу, а резервирана у смисла не толку дружељубива, не ми приоѓај, секако нема да те дружам.
исто ми рекле дека уопште не делуем наивно, кога ќе кажам како некој ме зезнал реагираат у стил тебе? no way или нешто а ти дан си го/ја зезнала а не знаеш хехе а уствари ја сум наивната у цела прича. неправда! :place:
 
Мене на прв поглед ме гледаат како некој ептен сериозен. Нешто ради изгледот, нешто ради тоа што сум доста резервиран кога запознавам нови луѓе. Еве скоро седиме онака друштво, тресеме глупости, а новата девојка на другар ми се гази од смеење, и после ми вика „Абе те мислев за поозбилен“. Демек не можела да ме замисли во такво светло, да се зафркавам за се’ и сешто. И од други имам слушнато вакви муабети, сум бил поопуштен од тоа што ме мислеле.
 
Обично ги препознавам луѓето какви се по карактер, а на пример мене говорот на телото и изгледот на фацата воопшто не се совпаѓаат со мојот карактер.
 
Многу мила и дружељубива, откачена и лабава во очите на тие што ме знаат колку толку. А во очите на тие што не ме знаат, барем ова ми го имаат кажано луѓе што мислеле пред да ме запознаат, делувам на дигната што нема врска, сепак сите го менуваат мислењето по некое време. Кај машките изгледа имам оставено впечаток “НЕ ЈА ЗАДЕВАЈ! АПЕ!“ само ова ми е некако најлогично....
 
Мирно дете. Понекогаш изгледам многу наивно и емотивно и ми сјаат очите - што може да е точно. А понекогаш изгледам егоистички, спремен за лов, намуртено и опасно. Многу чудно и во животот ми се впреплетуваат овие особини и на лицето ми се гледаат :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom