Што кажува вашиот изглед (фаца) за вас?

  • Креатор на темата Креатор на темата smihajlo
  • Време на започнување Време на започнување
Дека сум дива особа... а нема врска !:eek:А да... и арогантна
 
дрска, арогантна, препотентна...а уствари врска нема :confused:
малку подобро да ме запознаваат мењаат мислење одма.
само сум малку поише принципиелна;)
абе СРЦКА:vozbud:
 
Повеќето што прв пат ме виделе си помислиле „Еј, види го човеков. Толку е среќен, се` му е тамам...“. Ама после малку подобро запознавање и не е баш така. Ама воглавно секогаш сум насмеан (такво ми е природно лицето) и затоа така си помислуваат:)
 
дека сум опасен дечко а кога ќе ме запознаат подобро сфаќаат дека сум фин, мил и најпрекрасен (но тоа е бидејќи не го знаат моето вистинско лице -> првиот впечаток е вистинскиот :) )
И мене така :-D како што рече еден кајганџија не знам како беше потпишан вика : изгледот лаже
 
Доволно е еден човек да го погледнам и веднаш ќе знам каква личност е тој, ...... досега во 99.9% сум погодил... речиси никогаш не сум погрешил во проценката :)

А во проценката за мене луѓето многу грешат се додека не ме запознаат.... им личам на дигнат, арогантен и див човек, а наспроти, јас сум баш добар, мирен и пријателски расположен човек :)
 
Од прва како МУЛЕ, а после секад станувам UNICORN!!!:tapp:
 
Имам слушнато дека мислеле дека сум арогантна, јесда никој никогаш не ми кажал во лице :D А воопшто не сум.
 
Абе ние жените сега почнавме да изгледаме арогантно и диво или отсекогаш било така? Гледам доста жени оддаваат ист впечаток. :)
Шала на страна, кажуваат дека делувам студено, кренато, врска нема јас плачам уште Ѕверот кога умира на крај. И одма присна станувам со луѓето , често се дешава да кажат ееее а каква беше ко те видов првпат.. Е каква бев - истата бев,истата сум, ти различно ме доживеа.
 
Доволно е еден човек да го погледнам и веднаш ќе знам каква личност е тој, ...... досега во 99.9% сум погодил... речиси никогаш не сум погрешил во проценката :)

А во проценката за мене луѓето многу грешат се додека не ме запознаат.... им личам на дигнат, арогантен и див човек, а наспроти, јас сум баш добар, мирен и пријателски расположен човек :)

:)
 
Well... има три варијанти. :свиркам: Едни ме знаат ко најсрамежлива и најповлечена, други ме знаат ко ненормална будала, а оние најдобро што ме знаат, ме виделе у двете светла (фактички му доаѓа како трето светло). :D
Тие што не ме знаат доволно, на пример познаници или на улица да ме види некој: Затоа што сум премногу срамежлива, највероватно ќе буљам у нешто.. може да биде земја, небо, семафор, зависи што ме импресионирало. :pos:Оставам впечаток на многу срамежлива и повлечена личност. После тоа следува моментот кога ќе се лупнам во бандера, ќе се сопнам качувајќи се на тротоар и некој ќе си рече: Нема спас за оваа. :D Кај срамежлива, па и глупа. :pos:Не гледам секогаш у очи кога зборам, од тој пусти срам. На тоа ми имаат дадено замерка.
Кога сум у друштво: Е тогаш сум скроз различна. Одам од крајност во крајност. Тогаш веќе правам премногу гестикулации, мислиш бркам муви пред себе. :ROFLMAO: Али така е пошто сакам поубаво да објаснам. :D Или пак да пеам или рапувам некоја најретардирана песничка. Тогаш... ми имаат кажано дека сум била позитивна, смешна, распеана...
Така што, не можам да издвојам едно. :свиркам:
 
Брадата на моето лице укажува колку сум мрза. Подочњаците укажуваат дека сум вечно ненаспан без разлика која смена сум на работа.
Еден школски пред 5 години ми рече дека сум сериски самоубиец.

Воглавно батка кој незнае да го најде своето место во координатниот систем на конфузијата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom