Што готвите во моментов?

  • Креатор на темата Креатор на темата perez9
  • Време на започнување Време на започнување
.
2fa301eb82efe180355d29dbfca2e4d3.jpg

Sent from my Mi MIX 2S using Tapatalk

Совршено. Но, зошто цвеќе од пластик?:unsure:
 
Прегледај го приврзокот 253551
@shumecha.tableta се збркав од рецепти и совети.. на крај направив комбо од повеќе рецепти и совети, поедноставив и викам биче штаче да буде јебеш га за прв пат нема да е катастрофа белки.. на укус ми е супер... само претерав малку со спанаќ ( попај морнаро лајк дис) .. инаку тук там прскав со кисела вода... од мајками совет.. брашно не користев.. корите не ми се погодија многу тенки се кинеа... ама ок.
 
Плескавици од компир, сос од павлака, мајонез, сенф и лук во прав, сос од мед и сенф и карамелизиран кромид, т.е. во мојот случај изгорен кромид пошо го забораив на јак оган повеќе време. Сето ова зачинето со по една чаша Шардоне.
Screenshot_20200530_215630_com.facebook.orca.jpg
 
Макарони малку потпржени со најбитната ствар во ова домашен кечап, три парчиња шунка, три маслинки ( :ROFLMAO: ), шест парчиња кашкавал и скоро цело чешне лук.
Од целата порција што ја направив 70% е во чинијава, 30% за брат ми, а пред да правам, го прашав дали сака и он, вика нее јас обично ќе ги јадам...кога ги виде му ја пратев реакцијата :гик:...priceless...
received_256075718840165.jpeg
received_248716109789877.jpeg
Сега ми вика ајде направи уште ...Му викам не не, друг пат нема шунка повеќе :ROFLMAO:
 
Дај рецепт ако е "нискокалорична верзија" :D
Јас си правам "гранола" со: потпечен овес (80% го мелам ситно, 20% крупен), семки од тиква мелени, какао, малку мед, пола темна чоколада, малку млеко, 3 дозерки веј протеин, малини, лажица кокосово масло. Не е многу благо, а има и добар сооднос и е супер за наутро или измеѓу оброци, отприлика состав има како протеинските чоколади што се продаваат по 70-100 денари во продавници за суплементи, визуелно никогаш не му обрнувам внимание и секое парче е различно од останатите :D
 
Ааа ја ги мерев со метро. :ROFLMAO: Отсега сакам почесто да пробувам разни верзии и со овошје некое плус ко со малини што ги спомна...
Повели. :D

Состојки:
200 гр мелени овесни снегулки
300 гр урми без семка
100 гр непечени лешници (или друго јаткасто овошје)
40 гр кокос
6 лажици какао
60 гр темно чоколадо
3 лажици вода
200 гр путер од кикирики

Најпрво урмите се потопуваат во вода. За тоа време се загрева рерната на 200 степени и лешниците се потпекуваат (кога ќе почне да им пука лушпата, при крај се). Потоа урмите се блендираат, па им се додава кокосот и какаото. Чоколадото се топи на пареа и така се соединуваат сите набројани состојки. Се меша со рака, затоа што смесата е попрличино цврста. Доколку сакате помеки барови, навлажнете ги рацете, ама според мене оваа структура е погодена. Земете некое мало тавче/тепсиче (зависи колку сакате да ви бидат високи), натапкајте ја убаво смесата, измазнете со лажица, не мора да чекате да се стегнат. Може одма да ги сечете на парчиња. Јас со преостанатото чоколадо (40 гр) ги попрскав одозгора.

Бонус фотки дур го правев:
IMG_20200530_194325_246.jpg

IMG_20200530_195508_027.jpg
 
Ааа овие се и апла вкусни со путерот и јаткастите, ама калориски една коцка како еден бургер да сум изел :) моите се под 250ккал едно парче и тоа големо парче од 70тина грамови :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom