Што го прави човекот човек?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
eve vaka jas da kazam go procitav ovaa od bieti na mudrosta na sitel
sto e potesko da bides heroj ili dzentlament
heroj moze da bides edna den za cel zivot a dzentlament mora da si sekoja den vo sprotivno ne si dzentlament
 
совеста, одговорноста и разбирањето,

....што се пред изумирање.Дали тоа аналогно значи дека и човечката раса е пред изумирање?
 
Човечката раса не, ама човечноста да
Па да ама така ке преовладее злоба, сите на сите е сакаме да си наштетиме, така всушност ке наштетиме на нас самите(нас самите=човечката раса).И така ке настане апокалипса....
 
Не забегувајте со апокалипси и злоба .. човекот секогаш кога е најгусто го вади најдоброто од себе .. али во денешно време , посебно тука за Македонија , премногу дволичност , завист и љубомора има .. и не гледам во скоро време тоа да се промени ..
 
Само добрите дела го прават човекот ЧОВЕК
 
Човекот го прават човек многу работи. Прво, зборуваме за човек, не за натчовек. Значи да почнам по ред: ставовите, но и стравовите, љубовта, но и тагата, совеста и потсвеста, несебичноста и егото, знаењата, великодушноста, остроумието и наивноста, нежноста и цврстината.... Сепак, најважни, според мене, се самопознавањето и себепочитта. Човек кој искрено и до дното си ѕирнал во сопствената душа секојпат има разбирање и човечност за оние околу него, тој ја разбира и живее според Исусовата: „Кој нема грев, прв нека фрли камен.“ Ете, тоа го прави човекот човек, вака, накратко кажано, инаку на оваа тема може да се дискутира со денови...
 
Имаше една добра изрека од некој филм и гласеше вака:
What man is a man who does not make this world better?

Мислам дека е јасно.
 
Ќе издвојам дел од стиховите на Киплинг, кои сосема се вклопуваат во оваа тема...и се повеќе од доволни за да опишат што го прави човекот човек.

Ако можеш да го сочуваш разумот, кога сите околу тебе го губат;
Ако можеш да веруваш во себе и кога сите се сомневаат;
......
Ако си излажан, а самиот не лажеш или ако си омразен, а самиот не мразиш;
Ако можеш да сонуваш, а соништата да не завладеат со тебе;
Ако можеш да мечтаеш, а мечтаењето да не ти биде цел;
......
Ако можеш да гледаш како пропаѓа сето она на кое си го посветил целиот живот
и одново без збор да почнеш да создаваш;
......
Ако можеш да разговараш со пониските од себе
без да ја истакнеш својата супериорност
или во друштво на помоќните од тебе
го задржиш своето достоинство;
......
Ако можеш една незаборавна минута
да ја исполниш со содржина која трае шеесет секунди,

...........ќе бидеш човек..........
 
Па човек те прави кога ќе го одговориш она рандом прашање кога се регистрираш на Кајгана.:vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom