Што го прави човекот човек?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
прво да си свој, да не се преправаш за да им се допаднеш на другите или што ли знам какви други причини, после тоа следуваат другите особини
 
Човекот го прави симбиоза на неговите карактерни особини и начинот на кој истите ги покажува. Така што, сметам дека со круцијален дел во оценувањето на човекот влијае неговата комуникативност и способност да покаже што носи во себе. Барем тоа е клучно за првиот впечаток, бидејќи за него, втора шанса-нема. Затоа, не почитувам оценување на човекот од прв впечаток. Исто така, нешто кое човекот го прави-човек, се искуствата, разумот, детството и гените. Зошто детството? Затоа што понатаму се носи на рамениците и во срцето сето преживеано. Семејството е фактор, кој не го бираш. За жал. Сепак, предиспозициите кои ги носиме од овие фактори, можеме да ги развиеме или не. Тоа е до нашиот карактер.
 
Способноста да памти и да враќа, способност па која често е со огледало ефект... ама тоа зависи од низа други фактори всадени во топчестото чудо кое го држат рамениците и се вика глава.
 
Луѓето кои ќе го памтат човекот го прават таков каков што е. Надежно ова е семејството и нашите сакани.
Доколку нема вакви луѓе, епа и човекот не е човек
 
Може до бескрај да се набројува што еден човек го прави различен меѓу сите живи суштества и различен меѓу сите човечки суштества, но во основа тоа се емоциите, т.е. начинот на кој ги искажува, функционира и живее со нив
 
Секој човек е човек сам за себе. Секоја единка е човек на посебен начин, и секоја единка ја прават човек разлилни работи.
Сметам дека човекот е човек кога е духовно богат, љубовно исполнет и позитивно расположен.
Секако, некој човек се чувствува како човек и само со материјалните богатства. Не е наше да судиме некому поради кои каракеристики е човек. Наше е само да пресудиме дали според нашите критериуми тој може да се нарече потполно оформен човек.
 
Тоа што може да плаче. Сериозно, никое друго животно не може да плаче; само човекот.
Грешка.
Иако се екстремно ретки, забележани се случаи на слонови и камили како плачат поради загуба на породот, додека бебињата мајмунчиња кенкаат исто како човечките бебиња кога се гладни, кога им се спие или кога едноставно бараат внимание.

До пола само ќе се сложам: луѓето се разликуваат од животните по тоа што плачат- за глупости. :)

А што го прави човекот човек?
Во биолошка смисла е јасно. Покрај физичката структура, главно се разликува по степенот на развиеност на интелигенцијата и најважно-на свеста. Значи во филозофска смисла, човекот го прави човек способноста логички да расудува, општествено да напредува, да одржува социјални односи, да твори, да ги разбере и сноси своите последици, да ја проектира иднината, да гради, да ја употреби или злоупотреби својата интелигенција.
Не дека сум нешто пристрасна за својот род :), ама човекот е стварно еден од најпосебните видови.
 
Единствено разумот го прави човекот човек!
 
Карактерот и добрината.. исто така и разумот значит да размислуват добро и да е секогаш свој, да е добар кон луѓето како шо требит да е добар кон самиот себе и да имат цврст карактер да не подпаѓат под влијанија
 
sit sme luge ama retko koj e covek ,za da bide covek treba da pravis dobri dela a ne nasata da mu umre na komsijata kozata
 
Кога го прочитав насловот прво помислив дека се прашува што го прави човекот човек во смисла што го одвојува од другите живи организми.
На ова одговор има дадено членот што над три члена над мене :)
Во контекст на темава човекот човек во никој сличај неможат да го направат парите ниту облеката.
Делата го прават човекот. Човекот е голем колку што се големи неговите дела. Ако некој човек сака да биде вечен немора да живее само треба да направи нешто добро кое ќе биде направено од срце со голема желба несрдечно :)
 
Добрите дела секако...хуманоста,да подарува љубов...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom