Што е тоа што ве тера наутро да станете од кревет?

  • Креатор на темата Креатор на темата Lucio
  • Време на започнување Време на започнување

Lucio

титула по желба
Член од
26 јуни 2006
Мислења
871
Поени од реакции
42
Возраст
33
Што е тоа? Кои ви се првите мисли наутро кога станувате од кревет?

Традиционално, оној што почнува тема треба да даде свое мислење. Еве, ќе почнам прв.
Мене не ме буди ништо. Тотално сум изгубен, понекогаш се обидувам да се вратам во сонот во којшто сум бил пред да се разбудам, ама ова не е тема на разговор така да можам да кажам дека немам некои позитивни-оптимистички мисли. Продолжувам да спијам, додека ептен не претерам па ме мачат мисли дека денот поминал и ете морам да станам.

Што е тоа што вас ве тера наутро да го фрлите прекривачот и да застанете на нозе?
Дали е претходно поминатиот ден, планови за тековниот, едноставно обврските кои ги имате спрема вас или оние околу вас и слично.

Доколку сте од оние кои ги мрзи да станат и да одат да се измијат, наведете си го мислењето ама не одете премногу надвор од темата. :)
 
Тоа што ме тера да станам сабајле е тоа што треба да гледам некоја хумористчна серија на а2 фокс лајф или б92 на тие 3 обично има, а ако нема се разочарувам паѓам депресија цел ден
 
Лабораториските на факултет највише (n) А на лето, праксата :coffee: Мада ноќна птица сум јас, со малку сон преживувам, го имам некако навикнато организмов со физичка активност да се одмора и после еден тренинг на базен ко нова сум. :)
 
Јас уживам додека живеам.
Станувам за да се измијам со ладна вода.
Станувам за да јадам нутела на парче леб.
Станувам за да ја гушнам мајка ми.
Станувам за да идам до продавница у 12 на пладне.
Станувам за да му напишам порака на љубениот.
Станувам за да дишам бе !
Станувам за да проверам фејс.
Станувам за да гледам вести.
Станувам за да прилегнам на тераса на зајдисонце.
За се <3
 
Летово ме будат следните работи :
1.Сонцено од сабајле и 28-те степени в соба;
2.Броење рани од комарци;
3.Физиолошки потреби;
3.Езероно шо ми пушчат ишарет за плажа.
 
Што е тоа? Кои ви се првите мисли наутро кога станувате од кревет?

Традиционално, оној што почнува тема треба да даде свое мислење. Еве, ќе почнам прв.
Мене не ме буди ништо. Тотално сум изгубен, понекогаш се обидувам да се вратам во сонот во којшто сум бил пред да се разбудам, ама ова не е тема на разговор така да можам да кажам дека немам некои позитивни-оптимистички мисли. Продолжувам да спијам, додека ептен не претерам па ме мачат мисли дека денот поминал и ете морам да станам.

Што е тоа што вас ве тера наутро да го фрлите прекривачот и да застанете на нозе?
Дали е претходно поминатиот ден, планови за тековниот, едноставно обврските кои ги имате спрема вас или оние околу вас и слично.

Доколку сте од оние кои ги мрзи да станат и да одат да се измијат, наведете си го мислењето ама не одете премногу надвор од темата. :)

ме2, али скоро никогаш не ми успеало -.-
 
Ух... шо ме тера да станам? Отворам очи и си викам, е да имаше едно кафе да шмркнам сега од кревет. Ама ништо, морам да станам, па си прам едно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom