Факт: секоја жена што е доволно убава, заводлива, паметна, способна да си најде мувач, може истотака и да си најде некој за врска АКО САКА.
Не ја сфаќам темава: демек мувачиците се премногу грди или премногу дебели или премногу глупи, па не можат да го задржат дечкото повеќе од една ноќ и останува само на мување? Има ли овде барем една жена 25- (у постаро време мувањето и не било толку популарно како појава

) што никогаш со никого не се смувала туку секогаш имала само врски?
Темава ми е буквално потценување на сите девојки што имале „мувачки“ искуства (во кои и самата спаѓам) зошто се поглупи од тие „врскаџиите“, а таквите мувачици се 90% од младината во земјава. Цела младина не ни чини?
Такви се времињата, исто ко што на времето не излегувале по дискотеки (пошто не постоеле) и се мажеле пред 18 со чорбаџија што ќе го одбере татка, така сега младите не сакаат да се врзуваат, сакаат малку промени, да експериментираат, да пробаат повеќе нешта. (хеј, не зборам за порно клипови снимани у школско веце

) Дали е тоа правилно или не е друга работа.
И зошто само мувачиците? (уклучувам копче „феминистички напад во самоодбрана“) За да има мувачици, треба да има и муватори. Е ај, што е тоа што го немаат муваторите за да бидат нечии дечковци?
