Мил ми е Платон, но помила ми е Вистината- кажа пред повеќе од две илјади години еден брадест пријател на Платон, уште попознат во историјата како изумител на логичкиот силогизам и учител на Александар Македонски, а најпознат како Аристотел. Пријателствто е налик на мирис на најубаво цвеќе, изблик на силен и јадар млаз вода кога сме жедни, бумбаров лет, умилна насмевка на дете, оддишка после најголема опасност...оттаму и загледаноста во неподносливиот и страшен амбис кога оваа најсестрана релација во човечкиот живот неповратно ќе прокрвари. Затоа, несебично делете од лебот пријателски насушен и не дозволувајте пријателството да се претвори во сакрална реликвија...