Што е тоа што ги тера луѓето да ги предаваат своите најдобри пријатели?

  • Креатор на темата Креатор на темата ThugProphet
  • Време на започнување Време на започнување
Па можам да ги набројам љубомората и себичноста, мислам дека овие две нешта доведуваат до предавство. И како што кажа Иве вистинска среќа и реткост е да најдеш добар пријател денес.Пријателот ти е се(ако ти е вистински пријател).
 
Мил ми е Платон, но помила ми е Вистината- кажа пред повеќе од две илјади години еден брадест пријател на Платон, уште попознат во историјата како изумител на логичкиот силогизам и учител на Александар Македонски, а најпознат како Аристотел. Пријателствто е налик на мирис на најубаво цвеќе, изблик на силен и јадар млаз вода кога сме жедни, бумбаров лет, умилна насмевка на дете, оддишка после најголема опасност...оттаму и загледаноста во неподносливиот и страшен амбис кога оваа најсестрана релација во човечкиот живот неповратно ќе прокрвари. Затоа, несебично делете од лебот пријателски насушен и не дозволувајте пријателството да се претвори во сакрална реликвија...
 
Некои пријателството го гледаат во моќта на лукавството.Тие најчесто ги ценат овие појави.
 
Љубомора . Немање на нештата што сметаш дека ги заслужуваш ,појавување на некој внатрешен револт заради незадоволство од самиот себе си.
 
да не се повторувам со дургите покрај зависта, и личните интереси се во игра, ако не е некоја материјална придобивка тогаш е психолошка, за да се чувствува подобро... малку извитоперено но така е!
 
Поверењето е како трпеза, од која јадните личности се самопослужуваат, па макар и кога не се гладни.
Еднаш еден мудар човек кажа: "Другари кои саат да ти го наплатат успехот...." .
Се изгледаше дволично и несватливо во минатото. Зошто и како некој би сакал да те спушти на негово ниво? Бесмислено.
Дали де факто тоа е од љубомора? НЕ. Единствената причина поради која се случува тој психолошки процес е нивото на свест. Неприфатливо од околината е она ти што си. Ти си едноставно тоа што си бил до сега и несмееш да грабаш туѓа улога, па макар и несвесно. Сега на сцена стапуваат оние норми и правила кои во поново време се поистоветуваат со материјалната моќ, каде што лицето со истата морално треба да ги исполнува оние карактеристики на лидер, се разбира водено од инстиктот дека веќе се наоѓа на... т.е. кажано за простата маса нетреба да си дозволи да падне од „коњ на магаре“, и тука нели може да се спомне онаа шема на ововремското живеење. Поради ова доаѓа до конфликт и непочит. Гледајќи од страната на повредениот, тоа би значело лекција, гледајќи од страната на повредувачот тоа би значело уште една од оние „has to be...“ регулативи...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom