Што е тоа што ги тера луѓето да ги предаваат своите најдобри пријатели?

  • Креатор на темата Креатор на темата ThugProphet
  • Време на започнување Време на започнување
Дијалектика .
Ако некој ти е пријател нема да те заебе.
Проблемот е значи у тоа дали ти е пријател - дотичниот или се прави дека ти е пријател.
Има некои кои неможат да бидат пријатели со никого :toe:

--- надополнето ---

Факт е дека ние луѓето всушност СМЕ копилиња што не сакаат да ја видат вистината и добрината што некој ни ја дава. Факт е дека, кога некој е добар, не ни е најважен, ама кога ќе ни згреши, ни станува смртен непријател. Не знам, може не сме им толку важни ко што тие ни се на нас, може не мислат дека толку ќе не заболи кога ќе ни забијат нож во грб.. Искушенија. Може тоа е одговорот. По мене, ова прашање останува отворено. Во секој случај, за секоја ситуација постои индивидуално објаснување. Ама, општ одговор... Не би знаела.
Ај пак кажи дека си "таква".
:nenene: не генерализирај , освен ако не си сигурна дека и ти си како тие што ги спомна.
 
Прво, нема „најдобри“ пријатели. Има само пријатели и добри пријатели, ама сепак се тоа... пријатели. И ништо повеќе од тоа.
А во животот сите се најдуваме во ситуација да, со некоја наша постапка наштетиме некому (во случајов пријател), свесно или несвесно. Се’ зависи од перцепцијата и свеста на личностите.
 
-Грешка
-Љубомора
-Зло
-Корист
-Алкохол
-Уцена
и за крај -без причина.
 
Престанав да се прашувам одамна во однос на ова прашање, причината т.е одговорот е едноставен се работи за личен интерес и за ставање сам себе на прво место. Себично е, злобно е, идиотски е, неморално, не фер и уште многу други "придавки" кои ја објаснуваат појавава.

Зашто да го предадеш својот најдобар пријател ? Причини ќе се најдат многу, секогаш банални за повредената страна, секогаш битни за страната која повредува. И оној кој го ставил пријателот на коцка, за да добие нешто што повеќе ќе го исполнува, најчесто е свесен за истото и не му е битно, затоа што ни добрината, која што ја правел неговиот пријател не му била. Затоа кога се прави дури и ситница за некого без пари, ако тоа го зема здраво за готово не треба да не изненадува моментот кога истиот ќе не "продаде". Пријателството е обострано, љубовта исто, барем така е во теорија, но во пракса секогаш едниот е давател другиот примач.
 
вистинска среќа и реткост е да најдеш добар пријател денес.....
 
Дијалектика .
Ако некој ти е пријател нема да те заебе.
Проблемот е значи у тоа дали ти е пријател - дотичниот или се прави дека ти е пријател.
Има некои кои неможат да бидат пријатели со никого :toe:

--- надополнето ---

Ај пак кажи дека си "таква".
:nenene: не генерализирај , освен ако не си сигурна дека и ти си како тие што ги спомна.

Се надевам дека ми го прочита целиот пост и дека врз основа на се што кажав го напиша ова. И искрено се надевам дека сфати што сакав да кажам со постот.
 
Се надевам дека ми го прочита целиот пост и дека врз основа на се што кажав го напиша ова. И искрено се надевам дека сфати што сакав да кажам со постот.
:) Те сватив потполно.
Ама не викај дека НИЕ сме копилиња.
Верувам дека не си ни ти тоа што го напиша.
Затоа не викај дека сите биле такви , не се сите такви.
 
:) Те сватив потполно.
Ама не викај дека НИЕ сме копилиња.
Верувам дека не си ни ти тоа што го напиша.
Затоа не викај дека сите биле такви , не се сите такви.

Лелее, не знам што се фати за влакно, кога не беше воопшто ни важно тоа, кој би се навредил од тоа што го кажав? Важна беше поентата што сакав да ја постигнам со одговорот. Ама, ако толку те вреѓа тоа и го сфаќаш прелично, што не би требало зашто не беше сериозно за никој лично наменето, еве го повлекувам тоа, КОПИЛИЊА.
 
Не е влакно , до душа не е ни слон :)
Не е светот толку црн .
 
Ме интересира дали и колку е поврзано со психата ова, значи би сакал да видам психилошки осврт на ова прашање. Многу долго сум размислувал, ама никако не сум дошол до одговорот на прашањето: зошто, оние на кои секогаш сме му помогнале, сме била тука за нив кога имало потреба, на крајот испаѓаат дволични копилиња и хипокрити од секој аспект.

Пријателството е пријателство и трае додека постои. И ќе му дојде крај еден ден... можжеби ништо нема да се случи скандалозно, ама по некој период, живот, ситуации лесно можеш да приметиш дека со некој пријател/ка немаш повеќе ништо заеднично...

Хмм не знам.. ама и ова ми е многу дискутабилно.(болдот) Јас ако помоигнам нешто на некого, искрено не очекувам ништо за возврат. И никој не ме тера да бидам тука за некого. Тука сме затоа што сме другари ги сакаме во тој период, ама тоа е тогаш, не мора да значи дека ќе биде секогаш...
 
Се’ зависи од она колку и што му значи таа личност, па на крај, најдобрите пријатели никогаш не си забодуваат нож в грб, што значи дека овие двајца не се најдобри пријатели.
 
Ме интересира дали и колку е поврзано со психата ова, значи би сакал да видам психилошки осврт на ова прашање. Многу долго сум размислувал, ама никако не сум дошол до одговорот на прашањето: зошто, оние на кои секогаш сме му помогнале, сме била тука за нив кога имало потреба, на крајот испаѓаат дволични копилиња и хипокрити од секој аспект.

Хах.. така е затоа што луѓево денес не знаат да ценат ништо.
Додека си им потребен се со тебе.Кога не си им од корист те запоставуваат, трчаат кај др.А со тоа што се предаваат едни со др. покажуваат дека не се најдобри другари.( иако не им ја разбирам целта во тоа):icon_neut Гледаат само за себе.. И не секој размилсува како тебе да им се најде секогаш на луѓето ( сеедно дали се работело за најдобар другар ли не ).
 
"VISTINSKI PRIJATEL"NE VERUVAM VO TAKVO NESTO NE DENES !!!! NAJDOBRIOT STO GO IMAS VO TOJ STO NAJMALKU SE NA NADEVAS TOJ KE TI GO STAVI NOZOT VO GRB SUM IMAL TAKVI SLUCAEVI NA PORAZ I NEMOZM DA SVATAM ZASTO KOGA SO NIEDNA AKCIJJA MOJA NE SUM IRITIRAL DA GO NAPRAI TOA NO TOA E !!! KOPILINJA GADNI
 
Сите бараме искрени верни пријатели во другите, а самите не сме такви. Погледнете се со туѓи очи како изгледаат вашите постапки ?
За да најдеш вистински пријател најпрво тоа треба да си ти. Ако предаде најдобар пријател :
1. Не бил најдобар пријател - секогаш се дружел од корист.
2. Сака да му покаже на најдобриот пријател дека има сила над него и тоа што се дружи со него е привилегија за која треба многу да го почитува.
3. Сака да го направи љубоморен со тоа што ке си најде повеќе "пријатели" на тој начин што ке го предаде. :uvo: :zlo:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom