Што е тоа кул човек?

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaphod Beeblebrox
  • Време на започнување Време на започнување
Немам посоодветен превод на зборот „cool“ од „лабав“ .
Кул ми се фаци што се тоа што се , онакви какви што се - секакви и не се замараат за тоа како сите останати ги перцепираат. Фаци како Џони Деп или незаконскиот му сопруг Тим Бартон, фаци како Вуди Ален и Гоце Арнаудов.
Tie se stricly hardcore be -.-
 
За мене кул дечко е некој со кој можеш да направиш најнормален муабет у секое време, секогаш е опуштен и насмеан, има стил и не е сељак. Истото важи и за кул женска.
 
Кул е личност која има изградено став за својот живот и апсолутно се замара за останатиот свет. Притоа најчесто е добро расположен и со тоа ствара позитивна аура околу себе.
Така што поврзувањето со англиското Cool ми е сосема соодветно.
Благодарам, пријатно ;)
 
Зима плата 20 илјади ,троши 25 илјади ,и да го утепаш од ќутек не знае од кај му се плус тие 5 илјади...
читам и стигнувам до "и да го утепаш" и си помислувам дали е могуче да има пишано и да го утепаш од ебење нема дома да каже....
он:кул човек за мене?
оној човек кој е кул-ладен,до гуша е во гомна а него кур го боли,радосен,свој,забавен,има смисла за хумор,друштвен,ЕДИНСТВЕН....
 
За мене кул тип е тип кој е паметен, слуша рок музика, се занимава со фотошоп, не е злобен, виси по форуми и.т.н :D
 
ја па разбрав дека сум бил и во Германија и во Македонија истовремено....
Сакав да ти кажам да не копира други луѓе,да има свој стил...
Никој не може да копира апсолутно ниту да е апсолутно еднаков со некој друг бидејки апсолутното не постои.
Сфатив шо сакаш да кажеш, и не мислиш да има свој стил, него став, оформени мислења и ставови кон одредени прашања и проблеми.
Стил може само на облекување да е.
 
У принцип батка тоа ти сум јас.. Се шалам бе..
Секој има различно сфаќање за зборот кул..За мене кул човек нема, има само искулирани типови на личности кој си ги поштовам многу..
 
Кул човек...
Мерсо.
Само у еден момент го изгуби kewlness-от,коа му текна дека треба да умре.Ич не беше кул тогаш.
Али која индиферентност бе брат.
Финтата у да си кул,е нишо да не те вади од такт бе.
Everythin just breaks against your walls.
Плус,он увек го кажува тоа што го мисли и се прифаќа себеси каков што е,или можеби не му е гајле дали другите го прифаќаат.
Но најверојатно двете.
Мерсо е кул.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Џ.
Кул човек хммм....
Доколку познавам таков/таква и викам дека е кул, тоа е затоа што со него/неа можам да најдам заеднички јазик (да разговарам и да се согласувам со него/неа на многу теми, да не збори неосновани и глупи работи, да се смеам и да ми е пријатно кога сум со него/неа, да се облекува на специфичен но навистина добар начин, да слуша музика која на мене ми се допаѓа исл. ).

Доколку не го познавам, првото што би пресудил дека е кул е начинот на облекување кој многу помага, музиката која ја слуша (за кул-луѓе ги сметам рокерите/рокерките), начинот на кој се движат по улица исл. :)
Ако се работи за девојка, најбитно и основно од се е да не биде шмизла, и да не се однесува како шмизла.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom