Гласав за третата опција.
Е сега, ако се бара некој општ мувач, можеби девојките имаат некоја банална мала предност. Ќе се разголи, ќе се среди, ќе излезе и со провокативен поглед ќе гледа се` околу неа. Сигурно во една толпа од мажи, барем неколку ќе ја забележат и ќе и се приближи тој што ќе го загледа ептен или па ќе му појде директно таа. Тоа е така затоа што за мување и за една вечер, не се бара нешто посебно освен машко тело. (колку одвратно звучи ова, ама ај.) Затоа може да се фати одма некој или некоја. Луѓето што излегле со цел да муваат нешто таа вечер, од далеку се познаваат и препознаваат.
Тоа секако не е исто и кога се бара некој дечко со кого понатаму би развиле врска.
Значи во тој случај, девојката неможе да настапи така, а и природно не би и ни дошло токму таква идеја. Ќе си излезе нормално средена, со што ќе привлекува внимание, ама не од сите. Од тој мал број што и како таква ќе ја загледа, многу ретко ќе се погоди да има некој според нејзини критериуми. Доколку има, повторно останува знак прашање дали и тој ги има истите намери како неа. За да се осигураат во тоа, треба да се приближат некако двајцата и да се потрудат секој околу секого. Тука веќе нема правило кој има поголема шанса да го фати другиот. Што гарантира дека девојката ќе го привлече машкото за да се видат пак и да испадне нешто повеќе или обратно?
Јасно е дека многу е тешко секој да си најде партнер кој ќе му одговара, па ако се бара тој вистинскиот, шансите за фаќање се подеднакво исти.