Најлошо... хм.. не знам, не можам да генерализирам, би си кажала само за себеси... од моја гледна точка
ни се случуваат толку лоши работи колку што можеме да поднесеме...
порано мислев дека е најлошо да те изневери дечкото, да останеш без друштво.. да немаш со кого да излезиш за викенд навечер затоа што сите зафатиле на своја страна... да те остават сам... да те зафркнат гадно... сега, на работ да изгубам некој кој премногу ми значи... не мислам повеќе така! затоа што, сите тие лигуши не се ни една четвртина вредни колку оние луѓе кои ти се неопходни и кои што те сакаат вистински.
Денес светот за мене е поинаков, го гледам во поинакви бои, постојам само за тие што знам дека им требам, за тие што знам дека ме сакаат и ги сакам искрено. И најлошото нешто е да останам без нив...