Што е најдоброто / најлошото што може да ви се случи токму сега?

  • Креатор на темата Креатор на темата еци^^^
  • Време на започнување Време на започнување
Најдоброто: Да ми направи некој нешто за јадење.
Најлошото: Да умрам од глад.
 
Најдобро:
а) да ми помине несоницата и да заспијам веднаш
б) да се стави некој интересен на мсн
в) да ми се јави некој/а другар/ка и да ме викне да тркнеме до пекара да к`снеме нешто
Најлошо:
да стане мајка ми од спиење и да мрчи зашто сум пред компјутер во ниедно време
 
Најдобро-за некое чудо да знам ама баш се за у вторник и тоа уште сега
Најлошо-сега кога ќе си легнам да не ми се спие!
 
Најдобро - Да не заспијам на сред монтирање процесор на сокет
Најлошо - Да заспијам........

Кој ѓавол ме тераше да глумам лудило цела вечер, ке ми ојде цело попладне у спиење....
 
~*~

Најдобрата ~ да си легнам и да продолжам да спијам!
Најлошата ~ да ми снема цигари дома!
:devojce 1:
 
Најдобро: Сеа ќе тргнам на пат мислам утре
Најлошо: Незнам :>)
 
Најдоброто - да ми рече мајка ми дека не треба да одам кај баба ми!
Најлошото - да снема вода!
 
Најдоброто:да дојде некој на мсн да се изнапраам муабет
Најлошото:да ми падне интернетов,ќе пукнам од досада
 
Најдобро нешто е Рубинчо да има направено нешто за јадење сега, зошто стално касни!
Најлошо нешто е да нема ништо за јадење!
 
Најдобро: да ми се вклучи една личност на MSN
Најлошо: да снема струја! Не ми се спие сеуште :)
 
Најдобро: Да ми се јави некој за да ми кажи дека утре нема колоквиум, дека е откажан.

Најлошо: Да ми се приспие и да не можам да доучам
 
најдоброто:да почне некој мнооооооогу интересен филм на ТВ и некој да ми направи кафенце...ммммммммм...

најлошото:татко ми да стане, да влезе во собава, да ме види дека сум на компјутер во 5 сабајле и да ме убие на место :buum:
:pos:
 
Најдобро: .. .. (за џабе ке пишам, не верувам) (добрите работи не ми се случуваат мене :pos:)
Најлошо: да ми снема сеа нет, на вери импортант конверсејшн.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom